Левица: Не пропаднаа 4 милиони евра - ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда - Канал 5

Левица: Не пропаднаа 4 милиони евра - ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда

Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица.

Левица: Не пропаднаа 4 милиони евра - ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда

Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони евра јавни средства.

Во текот на целиот процес, Левица беше единствената партија што доследно инсистираше на суштинските изборни реформи - една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање. Наместо да се разговара за темите од лидерската средба и поради кои беше формирана Работната група, теми кои претставуваат вистинска демократизација на изборниот процес, ДПМНЕ во самиот финиш ја отвори темата за гласањето на дијаспората и ја прогласи за своја единствена црвена линија. Прашање што воопшто не беше предмет на четиримесечната работа на Работната група.

Особено лицемерно е што токму една изборна единица беше едно од клучните ветувања на ДПМНЕ. За неа говореше и самиот Мицкоски, а е запишана и во програмата на партијата. Наместо да ја реализираат реформата што им ја ветуваа на сопствените гласачи, ДПМНЕ ја оттурна на страна и ја замени со тема што никогаш не беше предмет на разговорите во Работната група.

За да не дозволи суштинските реформи повторно да пропаднат поради политички условувања, Левица понуди компромис. Прифативме гласањето по пошта да се примени за претседателските избори, доколку ДПМНЕ прифати една изборна единица. Со тоа падна во вода единствениот изговор дека токму дијаспората е пречката за нов Изборен законик.

Откако ДПМНЕ ја префрли одговорноста врз опозицијата, Левица ја презеде иницијативата и ги повика сите опозициски политички субјекти на координативна средба за усогласување на ставовите околу една изборна единица. СДСМ одби да присуствува, без притоа да каже дали воопшто сè уште стои зад СОПСТВЕНИТЕ долгогодишни заложби за една изборна единица.

Затоа - нема нов Изборен законик. Нема една изборна единица. Нема укинување на платеното политичко рекламирање. Останува истиот изборен модел што со децении создава изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и финансиска предност за најголемите политички партии.

Додека јавноста слуша за изгубени европски средства, никој од ДПМНЕ и СДСМ не зборува дека со останувањето на стариот Изборен законик повторно ќе остане во сила системот преку кој најголемите партии ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Левица уште во Работната група предложи укинување на платеното политичко рекламирање, затоа што не прифаќаме државата со јавни пари да создава привилегирани и непривилегирани политички партии. Нашиот став беше јасен - ако нема еднакви услови за сите политички субјекти, тогаш не треба да има платено политичко рекламирање за никого. Или еднакви правила за сите, или јавни пари за никого.

Ако со пропаѓањето на новиот Изборен законик повторно остануваат шесте изборни единици што ги фаворизираат најголемите партии и системот преку кој истите тие партии ќе поделат околу 10 милиони евра за платено политичко рекламирање, тогаш кому навистина му одговараше да нема изборна реформа?

Истекот на рокот не ја ослободува власта од одговорност. Нов Изборен законик може да се донесе и утре, доколку постои политичка волја. Левица ќе продолжи да ја бара таа реформа сѐ додека изборните правила не престанат да бидат пишувани според интересите на политичките картели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најсексапилните мажи во светот низ децениите

Ова се најсексапилните мажи во светот низ децениите. Листа на најпосакуваните во последните 40 години .

Фото: Најсексапилните мажи во светот низ децениите

Веќе четири децении, списанието *People* го избира „Најсекси маж на годината“, а на оваа престижна листа се нашле бројни познати имиња од светот на филмот, музиката и спортот, пренесува *Express*.

Првиот што ја понел оваа титула бил славниот холивудски актер Мел Гибсон, уште во 1985 година.

Веќе следната година, на неговото место дојде колегата актер Марк Хармон, додека кон крајот на 1980-тите, оваа титула ја понесоа и Хари Хамлин и Шон Конери.

Особено впечатлив бил изборот на Џон Ф. Кенеди Помладиот, кој во 1988 година влезе во историјата како првиот маж надвор од актерскиот свет што се појавил на оваа листа.

Покрај својот изглед, тој привлече внимание и со својот опуштен стил на облекување.

Деведесеттите години започнаа со Том Круз, по кого следуваа Патрик Свејзи, Ник Нолти и Дензел Вашингтон.

Некои од добитниците успеаја да го повторат својот успе, како Ричард Гир, Бред Пит и Џорџ Клуни кој престижната титула на Пипл ја освојувале по двапати.

Во новиот милениум, листата продолжи со Харисон Форд, Пирс Броснан, Бен Афлек, Џуд Ло и Метју Меконахи.

Меѓу најпознатите имиња се Џони Деп, Мет Дејмон, Хју Џекман и Рајан Рејнолдс. Во последните години, внимание привлекоа и Бредли Купер, Ченинг Тејтум, Крис Хемсворт и Крис Еванс.

Сепак, титулата не е резервирана само за актери. На листата на добитници се наоѓаат и музичари како Адам Левин, Блејк Шелтон и Џон Леџенд, како и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.

На листата на неодамнешни добитници се наоѓаат Двејн Џонсон, Идрис Елба, Мајкл Б. Џордан, Пол Рад, Патрик Демпси, Џон Красински и Џонатан Бејли. Ноа Вајл ја понесе титулата „најсекси маж“ за 2026 година, продолжувајќи ја традицијата што го привлекува вниманието на јавноста веќе четири децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Врз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари.

Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати.

Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите.

Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци.

Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност.

Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии.

Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури.

Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари.

Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани.

Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер