Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
Шоу бизЛепа Брена ја објави снимката од концертот во Загреб, кога ја скрши ногата (ВИДЕО)Лепа Брена на социјалните мрежи објави видео во кое го сумира својот трет концерт овој месец во Арената во Загреб.На тоа видео се прикажува како изгледаат подготовките во бекстејџот пред излегување на сцената и дел од концертот на Брена, а на крајот од видеото може да се види моментот кога снимателот паѓа додека снима девојка како танцува на свила. Во тој момент камерманот паѓа во лифтот и точно врз ногата на Брена. Видеото завршува со звукот на толпата која ја пее песната на Брена, Внимавај кому завидуваш. „Ќе продолжи. Ваша Брена“, напиша таа во описот на снимката. View this post on Instagram A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) Во видеото зборуваа и гостите на Брена на концертот, Сенида и Ана Бекута. „Голем работник и уште поголема дива“, рече Сенида, а Бекута додаде: „Таа што победува“. Пејачката вчера беше пуштена од загрепската клиника за трауматологија, каде што по концертот заврши на операција. Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември се одложени. Новите датуми се 21 и 22 март. „За жал, синоќа во еден од незаборавните моменти на концертот на половина концерт се случи несреќа кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да застанам, но за љубовта на сите вас во Арената, продолжив да пеам. Добрата вест е дека сѐ ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да закрепнам, вашата љубов, поддршка и трпение во овој период. Ви благодарам од сѐ срце“, изјави претходно Брена на своите социјални мрежи. „Несреќата се случи кога член на техничката екипа случајно паднал од бината во лифтот за спуштање на сцената и се здоби со полесни повреди, токму во моментот кога Лепа Брена го чекаше своето појавување пред публиката и така беше повредена. View this post on Instagram A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) И покрај големата болка, Лепа Брена уште еднаш покажа неверојатна професионалност и беспрекорно го изведе концертот со многу напор до крај, носена од еуфоријата на публиката и желбата да не ги разочара своите фанови. Овој храбар чин е само уште еден доказ за нејзината големина, посветеноста на музиката и љубовта кон нејзините фанови“, изјавија од Екстра ФМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја труе цела МакедонијаМицкоски ја труе цела Македонија - По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид.Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово.... По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење. Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Секој си ја тера својата приказна. Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето. Срам. На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните. Ќе ја отрујат цела Македонија. Кој знае колку уште општини и градови се загадени, а ние сè уште не знаеме? Министерот за полиција Тошковски се занимава со хиперхлорирање како да работи во водовод. Мицкоски ветува едно. Клековски не презема одговорност. Епидемија на жолтица е во тек. Сè уште нема одговорни. Никој не ставил потпис. Никој не ставил печат. Никој не гарантира со своето име и презиме. Не сакаат да кажат која институција и кое лице дало дозвола за користење на техничката вода во Гостивар. Нема анализи. Нема одговорно лице. Нема име и презиме. Само лаги, измами и префрлање одговорност. Ова повеќе не е криза со вода. Ова е системско труење на државата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
ЗдравјеРасте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарциРасте бројот на заболени со западнонилска треска.Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот. Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми. Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човекТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од ЛублинКратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи. „Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот. Air raid sirens, then an explosion in Lublin! Poland scrambled F-16s after tracking an unidentified airborne object. It crashed near Tarnawa Kolonia, leaving a crater and scattered debris. Emergency services are on the scene. Wake up, Poland! War is on your doorstep. pic.twitter.com/nHw8lP9fP8 — Silent Witness (@SilentWitn1ss) July 30, 2026 По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение. Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот. Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.Тагови: Полска русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook