Легендите на Вардар и Црвена ѕвезда на терен, Маневски му го посвети голот на Лазаров - Канал 5

Легендите на Вардар и Црвена ѕвезда на терен, Маневски му го посвети голот на Лазаров

Фудбалерите на Црвена звезда од Белград и Вардар играа пријателски натпревар на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје, кој има и хуманитарен карактер, бидејќи целиот приход од влезниците е биде наменет за семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.

Легендите на Вардар и Црвена ѕвезда на терен, Маневски му го посвети голот на Лазаров

Голем број легенди на Црвена звезда дојдоа на стадионот во Скопје да присуствуваат на овој емотивен настан, а на полувремето направија почесен круг околу стадионот, за што беа специјално поздравени.

Поздравени со громогласен пречек од публиката, а фановите особено се воодушевија кога го видоа членот на генерацијата на Бари, Владимир Петровиќ Пижон.

Покрај него беа и Здравко Боровница, Станислав Караси, Недељко Милосављевиќ, Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски...

Вардар поведе на овој меч преку Михаил Маневски, кој во 27. минута на интересен начин успеа да го совлада голманот на Црвена Звезда Омри Глејзер, а потоа следеше славје кое расплака многумина.

Имено, фудбалерот на Вардар реши да му го посвети голот на починатиот Андреј Лазаров, фудбалерот кој загина кобната вечер во дискотека во Кочани.

Во моментот кога избувнал пожарот не бил ни во дискотеката, но откако слушнал што се случува, притрчал да им помогне на повредените, но за жал и самиот загинал откако вдишил опасни количества чад.

Маневски извади маица на која пишуваше порака посветена на Лазаров, а сите на стадионот му аплаудираа.

Трамп вели дека САД му дале предлог на Иран за време на нуклеарните преговори

Соединетите Американски Држави доставија формален предлог до Иран во тековните нуклеарни преговори, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп вели дека САД му дале предлог на Иран за време на нуклеарните преговори

Во претседателскиот авион Ер Форс 1, тој рече дека Иран го има планот на САД и ќе треба брзо да дејствува или ќе има негативни последици, пренесе ДПА.

Вашингтон и Техеран моментално преговараат додека заливската држава Оман е посредник во разговорите за иранската нуклеарна програма.

САД имаат за цел да постигнат договор за ограничување на иранската нуклеарна програма со цел да ја спречат земјата да развие нуклеарно оружје.

За возврат, Техеран се надева на олеснување на санкциите и економско закрепнување.

За време на неговата посета на Блискиот Исток, Трамп изрази оптимизам во врска со тековните разговори, велејќи дека мисли дека договорот е близу.

Во исто време, тој повторно се закани со сериозна воена акција против Иран доколку двете страни не можат да постигнат договор на „учтив начин“.

Во говор во Ријад, американскиот претседател нагласи дека подготвеноста на Америка за преговори нема да трае неограничено.

Во 2015 година, Иран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма според Виенскиот нуклеарен договор.

Меѓутоа, во 2018 година, за време на неговиот прв мандат, Трамп еднострано се повлече од договорот и воведе нови, строги санкции.

Како одговор, Техеран исто така престана да се придржува кон ограничувањата на договорот. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за цивилни цели, а не за развој на нуклеарно оружје.

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер повика дебатите за миграцијата да се водат со „разум“, во услови на зголемени гранични контроли под новата влада на земјата.

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

- Имиграцијата никогаш не била лесна, рече Штајнмаер во Берлин на настан по повод 50-годишнината од Интеркултурната недела, национална иницијатива против расизмот.

- Тоа не е само приказна за проблеми. Тоа е исто така секогаш важен дел од приказната за успехот на нашата земја, додаде тој.

Штајнмаер рече дека дискусиите за миграциската политика треба да вклучат и „искрен став кој кажува што сакаме и можеме да направиме“, како и „консензус дека сме и ќе останеме земја со многу потекла, религии и култури“.

- Да се биде Германец денес значи и еднакви права за оние со имигрантски биографии, додаде германскиот претседател.

Околу 21 милион луѓе во Германија, околу една четвртина од населението, или мигрирале во земјата, или се деца на мигранти, рече Штајнмаер.

- Ние сме повеќе од земја со луѓе со имигрантско потекло. Германија е земја со имигрантско потекло … Без имиграција, Германија несомнено би била посиромашна земја, истакна тој. /МИА

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

 Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, ја презедоа водечката позиција на крајот од првата слободна тренинг сесија пред Големата награда на Емилија-Ромања, со која започнува европскиот дел од сезоната во Формула 1 во 2025 година.

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

Во Имола, лидерот во светскиот шампионат, Пјастри, запиша време од 1:16.545, победувајќи го својот тимски колега Норис за 0,032 секунди. Сепак, Британецот го постави својот најбрз круг во својот втор летечки круг на меките гуми, кои се од смесата Ц6, која го има своето деби во Формула 1 овој викенд.

Трет на крајот од првиот час подготовки во Имола беше Карлос Саинц, 0,052 зад Пјастри, додека Џорџ Расел и Луис Хамилтон беа четврти и петти. Двајцата беа за 0,054 и 0,096 побавни од Пјастри, соодветно.

Викендот на Големата награда на Емилија-Ромања, седмата рунда од сезоната 2025 во Формула 1, продолжува во 17:00 часот по наше време со втората слободна тренинг сесија во Имола.

притисни ентер