АвтомобилизамЛегендарниот Пежо се продава за 450.000 евра, но само одбрани може да го видат автомобилот Нема сомнение - ова е класика која заслужува посебно внимание.Уште пред една деценија, малкумина можеа да поверуваат дека Peugeot инспириран од рели трките ќе влезе во ценовниот опсег на автомобилската егзотика. Станува збор за Peugeot 205 T16 со централно монтиран мотор, понуден од Luxury Car Consulting. Цената е неверојатна. За целосно реставрираниот модел се бараат дури 450.000 евра, што е скоро три пати повеќе од она што таков модел го постигнал на аукцијата во 2017 година. И за да бидат работите подобри, фотографиите се прикачени само за да се објави веста. Вистински фотографии од предметниот автомобил не се достапни, или може да ги добијат само оние кои ќе докажат дека се потенцијални купувачи со доволно дебел паричник. Патната верзија на автомобилот од групата Б е произведена во 219 примероци поради потребите на хомологација, а се појавил на пазарот во 1984 година. Имал и погон на сите четири тркала, а го придвижувал 1.8 16V турбо мотор со 200 КС и 255 Nm. Тој достигнува 100 км на час за 6 секунди и возел до 210 км на час. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСедуммина загинати во пад на туристички хеликоптер во Кенија Сите седум лица загинаа кога туристички хеликоптер денеска се урна на планината Ололокве во Кенија, потврдија локалните власти.Несреќата се случила околу 9:13 часот по локално време додека хеликоптерот летал од резерватот Лоисаба кон реката Евасо Ниро, пишува Euronews. Кениската управа за цивилно воздухопловство објави дека станува збор за моделот Eurocopter EC130 B4. На снимката која се прошири на социјалните мрежи се гледа густ црн чад од местото на несреќата во подножјето на планината. Потврдени се седум жртви „Во хеликоптерот имало седум лица – пилотот и шест патници“, изјави Фредрик Кабунге, директор на Одделот за истрага на воздухопловни несреќи, за АФП. Тој потврди дека хеликоптерот превезувал туристи на панорамски лет и дека никој не преживеал. Тешка акција на теренот Црвениот крст на Кенија објави на платформата X дека нивните тимови за одговор при итни случаи се на терен во округот Самбуру. Тие во моментов работат со други агенции за пристап до местото на несреќата. „Потрагата и извлекувањето е во тек, но акцијата е отежната поради непристапниот терен и пожарот на местото на несреќата“, се вели во подоцнежното соопштение на Црвениот крст. Тие додадоа дека дополнителен тим бил испратен од Исиоло за да помогне во операцијата. Информациите се уште се собираат, а нови детали ќе бидат објавени подоцна.Тагови: Кенија хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
СветТрамп најави средба со Ким Џонг-ун: Многу добро се согласувам со него (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „подоцна оваа година“.Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „подоцна оваа година“, што укажува на продолжување на директната дипломатија со Пјонгјанг, објави Фокс њуз. Американскиот лидер направи ненајавена обиколка на Белата куќа и го откри планот пред новинарите. „Се сложувам многу добро со него. Очекував да се сретнам со него подоцна оваа година. Да, ќе се сретнам“, рече Трамп. Трамп не сакаше да каже дали разменил писма со Ким Џонг-ун. „Не можам да ви кажам тоа“, кратко рече Трамп. "Are you expecting to meet with [Kim Jong Un] later this year?"@POTUS: "Yeah, I will be." pic.twitter.com/63KgHgme2D — Rapid Response 47 (@RapidResponse47) August 19, 2026 Американскиот претседател постојано го истакнуваше својот личен однос со севернокорејскиот лидер како предност, нарекувајќи го Ким „многу моќен играч“ и велејќи дека можноста за поттикнување квалитетни односи е „добра работа, а не лоша работа“. Трамп не го прецизираше датумот или локацијата на можната средба, а овие лидери последен пат се сретнаа на 30 јуни 2019 година. Сепак, пред војната во Украина и Израел, најавената средба потенцијално би можела да биде од историско значење за целата планета.Тагови: Доналд Трамп Ким Џонг-ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоИ утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени, дожд и грмежи за викендотИ утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 20 Попова Шапка, 27 Крушево, 30 Претор, Маврови Анови, 31 Берово, 32 Охрид, Прилеп, 33 Крива Паланка, Битола, Виница, 34 Тетово, 35 Штип, Кавадарци, 36 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, Велес, 38 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Денеска преовладуваше сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладнево ќе се задржи сончево со мала облачност која до крајот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook