Легендарниот музичар ќе загуби 50 милиони евра поради врска со 15 години помлада фитнес тренерка

Фронтменот на групата Ајрон Мејден , Брус Дикинсон (61) би можел да се соочи со вистински бракоразводен хаос.

Доколку се разведе, Дикинсон ќе мора да го подели своето богатстцво од 90 милиони фунти с сопругата Педи Боуден , со која е во брак 30 години и има три деца.

Тој во моментов живее во Париз со Леана Долче, фитнес инструкторка , 15 години помлада од славниот рокер.

Бракот практично заврши минатата година, кога тој се исели од нивниот заеднички дом, но ниту Брус ниту Педи сè уште не поднеле официјално барање за развод.

Сепак, ситуацијата е повеќе од јасна и разводот е само прашање на време. Легендарниот музичар ја призна поврзаноста со фаталната Леана, кој инаку е огромен обожавател на Iron Maiden.

„Таа ме следи насекаде последните десет години. За тоа време, стана блиска со Брус, па дури и се запозна со неговите деца. Педи, од друга страна, сакаше да се одмори од сè и замина во Јужна Америка - изјави извор близок до Дикинсон за „Дејли меил“.

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

притисни ентер