Легендарниот Ferrari 250 GTO се враќа (ФОТО)

Рестомод сцената станува се посилна, а работите се уште поинтересни кога приказната се врти околу безвременските класици.

GTO Engineering е компанија од Велика Британија што го најави „ Project Moderna “, со што ќе се појави мрежно модерно толкување на легендарниот модел на Ферари. Објавувањето на проектот било проследено со ентузијазам кај обожавателите на оваа класика, па затоа компанијата одлучила да ја информира јавноста за напредокот на проектот. И да, освен изгледот, сè ќе биде ново, па тие претпочитаат својот иден автомобил да го нарекуваат „преродба“ , а не „рестомод“.

И покрај сегашните трендови, атмосферскиот мотор V12 е избран за напојување на овој специјален автомобил. „За нашиот тим, моторот и естетиката се двата најважни делови на автомобилот, така што започнавме од таму со толку голем ентузијазам“, објаснува Марк Лион, основачот на компанијата, кој работи на проектот.

Моторот ќе се спои со мануелен менувач, додека основата на автомобилот ќе биде тубуларна челична шасија, но со подрамки изработени од алуминиум. Целта е јасна, а тоа е да се остане под 1000 кг. Изгледот на автомобилот е целосно дефиниран од оригиналот, а единствениот проблем ќе биде потребата да се прилагоди на фактот дека луѓето денес се во просек повисоки отколку во 1960-тите.

GTO Engineering сега формално го отворил списокот со нарачки, но јавно не ја објавува почетната цена, ниту датумот на испорака на автомобилот.

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

Израел демантира дека неговите војници ги закопувале Палестинците во масовна гробница во Газа

Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти вчеравечер израелската амбасада во Женева.

-Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано, наведува амбасадата.

Војниците, според амбасадата, „само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место“.

-Претресот беше извршен внимателно и исклучиво на места каде разузнавачките информации укажуваа на можно присуство на заложници, соопшти амбасадата.

Палестинскиот тим за цивилна одбрана во Газа во понеделникот извести дека масовна гробница со 283 тела била откриена во близина на болницата Насер во јужниот енклавен град Кан Јунис. Според канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, кој ја повика цивилната одбрана, на некои тела им биле врзани рацете.

Турк вчера рече дека е „згрозен“ од извештаите за откривање масовни гробници во близина на болниците во Газа и повика на независна истрага за причините за смртта.

Имаше извештаи и за пронајдени тела во болничкиот комплекс Ал Шифа во градот Газа. Според меѓународното право, болниците имаат право на посебна заштита. Турк, исто така, истакна дека „намерното убиство на цивили, затвореници и други лица кои се „надвор од борба“ е воено злосторство“. /МИА

притисни ентер