АвтомобилизамЛегендарната „Буба“ се враќа, и тоа со импозантна цена од 570.000 евра (ФОТО)Milivie е новооснована германска компанија која сака да ја врати легендарниот Буба на автомобилската сцена.Се разбира, ова е специјален рестомод со посебна цена. Автомобилот е најавен со скици, а беше најавено дека ќе бидат произведени само 22 примероци, во чест на вкупно 22 милиони примероци од оригиналната Буба. А секој примерок се нуди по почетна цена од неверојатни 570.000 евра. И покрај инфлацијата и очигледната модернизација, нема некој што нема да се запраша зошто оваа Буба чини повеќе од повеќето суперспортски автомобили. Прашалникот ќе остане уште некое време, бидејќи основачот на компанијата Џонатан Енглер засега не открива многу. За почеток, постои фактот дека секој Milivie 1 (ова е официјалното име на моделот) е базиран на оригиналниот VW Beetle 1303. Само да напоменеме дека пред задниот капак е 2,28-литарски четирицилиндричен мотор без електроника. Има двоен Weber карбуратор и е поврзан со четиристепен ZF автоматски менувач од Porsche Carrera 2. И додека надворешноста е ретро, restomod Bubа во внатрешноста е целосно во согласност со трендовите. Препознатлив е по изгледот, но опремен со модерна опрема која вклучува дигитален кокпит, безжично полнење, hi-fi аудио систем и многу повеќе. Првите испораки ќе започнат следното лето, а комплетното издание ќе биде завршено две години подоцна. Признајте, идејата на Енглер да ги оживее најголемите германски икони на автомобилската индустрија веќе изгледа одлично со првата копија. Но, повторно 570.000 евра! View this post on Instagram A post shared by Milivié (@milivieltd) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаРокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот МицкоскиИзвештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени. Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезонатаГрад Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола Денеска почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21. Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота. Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00