ФудбалЛегендарен тренер искрено: Не можам да имам интимни односи, тоа е најголемиот проблем Холандскиот фудбалски тренер Луј ван Гал ѝ се обрати на јавноста и даде позитивни информации за неговата битка со ракот на простата, а призна и една тажна вистина кога се во прашање интимните односи.Ван Гал, да потсетиме, се повлече од функцијата селектор на холандската репрезентација по Светското првенство во Катар во 2022 година. Тогаш ја дозна шокантната дијагноза. - Моето здравје? Добро сум. После три години зрачна терапија, инфекција на бубрезите, операција на простата, конечно можам да се борам. Можам повторно да мочам природно, што е важно. Но, не можам повеќе да водам љубов, тоа е најголемиот проблем – изјави Холанѓанецот за „РТЛ“. Ван Гал откри и дека Баерн го повикал да им биде тренер оваа сезона, но тој морал да одбие. Да потсетиме, тој еднаш даде интервју во кое беше прашан дали ракот го промени неговиот поглед на животот и во таа прилика рече: - Не многу, навистина. Видете, јас потекнувам од семејство со девет браќа. Јас сум најмладиот. Татко ми почина кога имав 11 години. Почина на 53-годишна возраст. Мојата прва сопруга почина кога имаше 39 години. И сите мои браќа умреа прерано. Навикнат сум на смрт. Затоа знам дека смртта е дел од животот и дека можеш да се справиш со неа. Кога првпат слушнав дека имам рак, реков: „Во ред, тоа не е добра вест, но подобро да се обидам да направам нешто во врска со тоа“. Секој човек може да реагира различно. Затоа велам: „Биди свој“. Во текот на својата тренерска кариера, Ван Гал ги водеше Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и во неколку наврати репрезентацијата на Холандија. Со Копјаниците беше европски првак, а два пати го загуби финалето од Лигата на шампионите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско ЕзероПри пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат.Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата. Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев. Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаДејство на „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко (ВИДЕО)Дејство на еден од авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко.На видеото се гледа дел од вчерашното воздухопловно дејство на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење - ликвидација, на пожарот во кавадаречко. Тагови: ДЗС ер трактор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на бесправна сеча и пожариОтсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. Денеска (05.08.2026) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, беше реализирана превентивно - едукативна активност „Безбедно поминување на пешаците преку улица- бидете одговорни во сообраќајот“, во која на пешаците им беше потенцирано дека тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони и да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. Отсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. При тоа, им беше укажувано почесто да прават паузи, затоа што заморот е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи во летниот период и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Штип во Скопје, Берово, Штип и Кочани. Во рамки на превентивните активности беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Полициски службеници од ОВР Пробиштип во Пробиштип реализираа превентивни активности за спречување на пожари и бесправна сеча. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари, како и бесправната сеча се кривични дела, што соодветно законски се санкционираат. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08