МакедонијаЛефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што се ќе го лажат народот?Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот во Грција за кој земала пари.Скандалозно е тоа што во својата биографија, Тамара Јованов Апасиева наведува дека на овој настан во Грција била „лектор и учесник“. Но официјалните документи кажуваат друго – била само учесник, а не и лектор. Зошто сопругата на Апасиев имала потреба да лаже во својата биографија, и да си препише работи кои не ги правела? Дали сопругата на Апасиев намерно пишала дека е лектор, за да земе повеќе средства или, пак, тоа го направила неосновано да ја збогати својата биографија? Зошто сопругата на Апасиев лаже во својата биографија? Димитар Апасиев кој се претставува за јак правник, треба да каже дали тоа што неговата сопруга лажела во својата биографија е фалсификат или измама? Исто така, Димитар Апасиев како политичар, кој се бори за гласови треба да каже што се тој и неговата сопруга лажат, кога лажат за една биографија? Како може народот да му верува на Апасиев, кој пред камери едно зборува, а зад камери трупал европски пари од СДС во џеб? Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангелиНа 15 јуни со почеток во 19 часот во Градски парк- Кочани ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели.Настанот има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за: • Изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ • Помош и поддршка за семејства од ранливи категории Во рамките на програмата ќе бидат организирани: • Модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип • Продажба на фустани, при што сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на хуманитарната цел на настанот 🎼 Музичка програмаТагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните платиУнгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност.Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на парламентот. Од следниот месец нивната основната бруто плата ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги покријат годишните трошоци за функционирање на парламентот. Со мерката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал. Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.Тагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет14 загинати во нов израелски напад низ јужен ЛибанНајмалку 14 лица загинаа во нови израелски напади врз јужен Либан, соопшти либанското министерство за здравство, во ново заострување на безбедносната состојба долж границата со Израел. Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски војници на либанска територија, но не презеде одговорност за напади врз израелска територија. Израелските власти, пак, најавија дека операциите во Либан ќе продолжат, со образложение дека цел на нападите е инфраструктурата на Хезболах.Тагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook