Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
МакедонијаЛефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правилаДома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија.Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија. Овие лица кои постојано повторуваат треба да одиме во ЕУ, треба да се интегрираме во Унијата очигледно само тоа го знаат – да кажуваат зборови во празно и да слугуваат. Истите тие не можеме никако да ги слушнеме да кажат нешто паметно, освен како што кажав, повторување на празни зборови. Зошто празни зборови? Па, Филипче знае само да зборува во празно и да слугува на Бугарија и тоа, дури и кога овој наш сосед јасно ги крши дипломатските правила. Филипче не најде за сходно да го спомне фактот како Бугарија крши дипломатски правила, а не пак да го осуди чинот со објавување документ со податоци од чувствителна безбедносна природа поврзани со семејството на премиерот. Почитувани, По ова, дополнително на јавноста и станува јасен фактот дека Филипче гледа само како подобро да и слугува на официјална Софија. Филипче не го засега ништо друго освен додворувањето на официјална Софија. Филипче не го засегаат било какви напади на Македонија, дали по идентитетот, по јазикот, историјата и слично. Човекот си зацртал една цел, а тоа е да и слугува на Бугарија и на официјалната софиска политика, а самите македонски државни интереси воопшто не му се во фокусот. Целата оваа ситуација укажува на едно, дека за Македонија непристојните предизвици на патот кон ЕУ не сопираат. Затоа одбраната на државните интереси е приоритет за актуелното раководство на Македонија, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
ЖивотМоцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градотОд денес, улиците, парковите и знаменитостите на Салцбург се украсени со повеќе од 300 позлатени фигурини на Волфганг Амадеус Моцарт, поставени по повод одбележувањето на 270-годишнината од раѓањето на еден од најголемите композитори во историјата. Фигурините високи пет сантиметри се дело на германскиот уметник Отмар Херл и се изработени по нарачка на фондацијата „Моцартеум“, објави денес весникот *Le Figaro*. Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче, Пимперл. Според фондацијата, фигурините се поставени во градината каде што композиторот често шетал, во неговиот некогашен стан, како и на други локации низ градот, пренесува Танјуг. Херл изјави дека не сакал да создаде уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај својот гениј, тој бил обичен човек. Фондацијата „Моцартеум“ нарача вкупно 400 фигурини, а дел од нив се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби поради кражба. Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини се веќе украдени. Посетителите што сакаат да ја земат фигурината како сувенир, можат да ја купат за 100 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак Убавата балканска актерка, 40 годишната Нина Сеничар редовно тренира дури и по две породувања, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. Се снимала себеси на справата за пилатес Кадилак - која се состои од хоризонтален кревет над кој има метална рамка со разни додатоци - пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висела актерката. Инаку, актерката живее во Лос Анџелес со својот сопруг-милионер и децата, а еднаш зборуваше за деловните предизвици и истакна дека секогаш го избирала потешкиот пат. – Ја имам таа потреба да почнам одново, од нула, таа постојана потреба за борба, за мачење. Почетоците воопшто не се лесни. Двапати почнав од нула, во смисла дека двапати се преселив во друга земја, но тоа не значи дека нема да го направам тоа повторно – изјави таа еднаш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“[❤️] „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter