Ласовска: Министерке потребен е број на деца кои не следат настава

Благица Ласовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница посветена на пратенички прашања постави три од областа на образованието и науката, се наведува во партиското соопшштение.

„Средношколската унија на Македонија, или на средношколците ја бојкотираат наставата со барање за олеснување на матурантите за полагање на матура. Бараат матурата да се состои од проектна задача, и полагање на два премети наместо четири и тоа: еден задолжителен мајчин јазик или македонски, албански или турски јазик и уште еден предмет кој што ќе биде соодветен за понатамошен упис на факултет за оние кои што планираат секако да се запишат на факултет. Делот од матурантите остануваат на барањата да полагаат два наместо четири предмети од државната матура, но неодамна видовме дека претседателот на оваа средношколска унија вели дека дел од оние кои што протестираат односно бојкотираат имаат и закани од претставниците на училиштата, директорите. Тие бараат олеснувања затоа што им беа ветени скратени програми затоа што не им се обезбедени услови за пристојна онлајн настава и затоа што дел од нив не можат и не можеа да ја следат заради лош интернет и едноставно немаа компјутери“, појасни Ласовска.

Ласовска укажа дека средношколците ја бојкотираат наставата и бараат матурата да се состои од мајчин јазик или македонски, албански, турски и уште еден од областа која е потребна за оние кои ќе се запишуваат на факултет. Или дел бараат да се полагаат два предмети, наместо четири.

Пратеничката укажа на тоа дека кон оние кои протестираат има закани од претставници на училиштата, а протестите се само затоа што им се ветија скратени прогами, а ги нема, им ветија услови за онлајн настава, а ги нема.

„Министерката за образование Царовска еднаш вели 80 проценти имаат компјутери, потоа 90 проценти. Министерке потребен е број, и едно дете да нема компјутер тоа е дискриминација, а вие тоа не требаше да го дозволите и требаше да им овозможите услови“, рече Ласовска.

Во овој контекст Ласовска праша: „Дали останувате на став за матурата и нема да им излезете во пресрет на средношколците“.

Според неа министерката треба да се сретне со нив и да ги слушне нивните барања.

Ласовска се осврна и идејата на Царовска за спојување на двата предмети географија и историја како дел најавената реформа.

Пратеничката напомена дека ова доаѓа во период кога како што рече „имаше многу негативни критики за реформата, кога Бугарија бара бришење на настани и факти од историјата“. Според неа реформа не може да биде желба на министерката и мора да има јавна расправа и тоа во Собранието која може и треба да ја организира единствено надлежната Комисија за образование.

Оттука Ласовска праша: „Врз основа на која анализа дојдовте до идејата да се спојат предметите географија и историја“.

Третото прашање на пратеничката Ласовска беше во врска со промената на составот за Комисијата за историски прашања со Бугарија.

„Власта направи измени во составот на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и тоа во периодот кога на масата за преговори е ставен македонски јазик и во период кога македонската страна преговара со Бугарија за Анекс на постојниот договор од 12 точки кои што се штетни за Македонија. Членот на Комисијата кој што е сменет Александар Литовски од Институтот за Национална историја кој го критикуваше интервјуто на Зоран Заев даден за бугарскиот медиум за БГНЕС велејќи дека се неприфатливи политичките дискусии за историја и е фрапиран од леснотијата со која се инструментализира минатото“, нагласи Ласовска.

Дали Зоран Заев го смени членот Литовски поради тоа што тој реално говореше за преговорите со Бугарија дека и штетат на Македонија и националните интереси.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерно изведена претставата „Мац Мац“ во велешкиот театар

На сцената на велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа премиерно беше изведена претставата „Мац,Мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во неа настапија актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Режисерот Филип Петковски појаснува дека Вилијамс честопати презентира длабоко несреќни и маргинализирани ликови кои се борат со своите внатрешни демони, социјални притисоци и комплексност на нивите човечки односи. Најчесто тие се аутсајдери желни да станат дел од некаква заедница.

Додава дека и во неговата претстава „Мац Мац“ публиката проследи една длабоко несреќна фамилија која сонува за живот, а во кој депресијата не е опција. Но за жал излезот го бара во погрешни вредности и супстанции за да ја прими дневната доза допамин. Појаснува дека тоа за жал тоа се луѓе кои сите ние добро ги познаваме со кои можеме да се поистоветиме или луѓе кои и ние самите сме биле. Потенцира дека за жал тоа е еден од главните проблеми на нашето депресивно општество.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура.

Инаку претставата има најава дека ќе биде изведена на фестивалот ФИАТ во Подорица, а потоа и на уште неколку фестивали.

Волстрит џурнал: Според американските разузнавачи, Путин не стои зад убиството на Навални

Разузнавачките агенции во САД утврдиле дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно директно не наредил да биде убиен опозицискиот лидер Алексеј Навални, објави денеска Волстрит џурнал.

Навални, еден од најжестоките критичари на Путин, почина во арктички казнен затвор во февруари на 47-годишна возраст. Неговите сојузници, вклучително и неговата сопруга, го обвинија рускиот лидер за неговото убиство - обвинение што Кремљ постојано го негира, пишува весникот.

Но, по неодамнешната проценка заснована на низа информации - вклучително и некои доверливи разузнавачки информации и анализа на јавни факти - американските разузнавачки агенции не веруваат дека Путин наредил убиство на неговиот противник.

Проценката, исто така, го зеде предвид времето на смртта и како таа го засени претседателскиот реизбор на Путин во март, пишува весникот, повикувајќи се на свои извори.

Весникот цитира извори кои велат дека заклучокот бил „нашироко прифатен во разузнавачката заедница и споделен од неколку агенции, вклучително и Централната разузнавачка агенција, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање и разузнавачката единица на Стејт департментот“.

Коментирајќи го извештајот, Леонид Волков, висок помошник на Навални, ваквите заклучоци ги нарече наивни и смешни, објави Волстрит џурнал.

Велика Британија го повика на разговор рускиот амбасадор поради „злонамерни активности“

Британското Министерство за надворешни работи го повика на разговор рускиот амбасадор во Лондон по наводите за сомнителни и злонамерни активности на Русија на територијата на Велика Британија.

„Велика Британија и понатаму е длабоко загрижена поради наводите за руска злонамерна активност на наша почва, како и моделот на однесување на Руската Федерација за спонзорирање на такви активности на територијата на други, суверени држави“, се вели во соопштението.

Велика Британија повика на „итно запирање“ на ваквите активности и рече дека ќе продолжи да работи со сојузниците за одвраќање и одбрана од „спектарот закани кои доаѓаат од Русија“.

Одлуката доаѓа откако Британец беше обвинет за „вршење непријателски активности во Обединетото Кралство во корист на Русија“, соопшти вчера британското обвинителство (ЦПС).

ЦПС наведе дека Дилан Ерл е обвинет според Законот за национална безбедност од 2023 година, што е прв случај на обвинение според оваа законска регулатива.

притисни ентер