Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди - Канал 5

Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди

Со потпишувањето на овој меморандум поставуваме цврста основа за продлабочување на соработката со нашите француски и европски партнери и за понатамошно усогласување со европското законодавство.

Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди

Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, и министерот за правда Игор Филков денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence).

Меморандумот ја утврдува рамката и модалитетите за соработка меѓу институциите во насока на спроведување на проектот, чија цел е унапредување на пристапот до еколошката правда, зајакнување на учеството на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина и поддршка на поефикасна примена на еколошкото законодавство во согласност со европските стандарди.

Во своето обраќање, заменик министерката Лашкоска истакна дека заштитата на животната средина и владеењето на правото се меѓусебно поврзани процеси кои бараат силна институционална соработка, меѓународно партнерство и активно учество на граѓаните.

„Со потпишувањето на овој меморандум поставуваме цврста основа за продлабочување на соработката со нашите француски и европски партнери и за понатамошно усогласување со европското законодавство и најдобрите практики во областа на животната средина. Оваа иницијатива е важен чекор во исполнувањето на обврските од европската агенда и во зајакнувањето на владеењето на правото како еден од клучните столбови на процесот на пристапување кон Европската Унија“, изјави Лашкоска.

Таа додаде дека проектот ќе придонесе кон создавање поотворен, потранспарентен и поефикасен систем во кој граѓаните ќе имаат поцелосен, полесен и подиректен пристап до механизмите за остварување на нивните права во областа на животната средина, како и поголеми можности активно да учествуваат во процесите на донесување одлуки кои влијаат врз квалитетот на животната средина и нивното секојдневие.

Проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ претставува значаен придонес кон реформите во рамките на Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, како и кон зајакнувањето на владеењето на правото и демократското учество во креирањето на јавните политики. Преку партнерството со Франција и европските институции, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе продолжи да работи на воспоставување современ и ефикасен систем на еколошко управување, во кој заштитата на животната средина, правната сигурност и интересите на граѓаните се неразделен дел од европската иднина на МК.

Со реализацијата на овој проект ја потврдуваме заедничката заложба на нашите институции и меѓународните партнери за градење поотпорно, поинклузивно и поправедно општество, во кое еколошките права на граѓаните се препознаени како составен дел од современите европски демократии и одржливиот развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во енергетиката и инвестициите

Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Македонија – Турција.

Божиновска: Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во енергетиката и инвестициите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави.

Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестициски иницијативи. На форумот учествуваше висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во чиј состав се и ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска говореше на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на Македонско-турскиот бизнис форум во Истанбул, оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете пријателски земји, со посебен акцент на енергетиката, рударството, минералните суровини и привлекувањето нови инвестиции.

Средбата претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на македонско-турските односи и потврда на заедничката определба за продлабочување на економската соработка, привлекување инвестиции и создавање нови можности за одржлив развој и просперитет на двете земји.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа

Околу 50 вработени во Клиниката за детски болести денеска протестираа пред Министерството за здравство, незадоволни што веќе шест месеци работат без плата и сè уште немаат продолжени договори за работа.

50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали роботската хирургија ќе стане дел од македонското јавно здравство?

Скалпел во рака на робот наместо кај хирургот.

Дали роботската хирургија ќе стане дел од македонското јавно здравство?

Лекарот не е врз пациентот во операциона сала туку на страна, седи и управува со роботските раце кои нудат милиметарска прецизност, помалку болка и побрзо закрепнување на пациентите. Вака изгледаат првите операции на Урологија со роботика или роботска асистенција извршени врз четворица пациенти над 60 годишна возраст на кои им е отстранет карцином на простата. Сите се добри и наместо подолго време време да лежат во болница за неколку дена ќе бидат пуштени дома, вели д-р Башким Шабани, Директор на Урологија кој учествувал во операциите.

Применети се две методи на оперирање со робот апаратот, вели Директорот Шабани, и планот е во иднина да продолжи едукацијата за работа со овој апарат на робот кој не оперира туку асистира и е од Кина и чини околу 1,8 милиони евра. Засега овој апарат е во Македонија но не е набавен, роботот е донесен привремено.

Во четирите операции под менторство на проф. Гу Ди освен Директорот д-р Шабани како научен соработник, во робот асистираните операции вклучени се и проф. д-р Огнен Ивановски, доцент д-р Александар Трифуновски и д-р Оливер Станков како научен соработник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер