Лансирана првата регионална платформа за е-трговија

 Споредено со земјите од Западен Балкан, Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн. 

Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77 проценти од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71 процент, додека под европскиот просек се Македонија со 57 проценти, БиХ со 56 проценти и Србија со 52 процента. Ова се само дел од бизнис фактите и информациите поврзани со водење бизнис со е-трговија коишто од денеска официјално се достапни на првата регионална платформа за е-трговија „Е-трговијa за сите" – ecommerce4all.eu.

Регионалната веб-платформа се развива од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија како главен имплементатор во соработка со асоцијациите за е-трговија и организациите од сродните индустрии од ЦЕФТА регионот.

Од АЕТМ информираат дека платформата, која претставува регионално проширување на македонската иницијатива „Ecommerce4All", од денеска ќе биде достапна и во ЦЕФТА пазарите односно во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија.

Корисниците од регионот ќе можат да ја користат регионалната веб-платформа за е-трговија ecommerce4all.eu, во чии рамки е веќе достапен првиот од петте модули – модулот Податоци во е-трговијата. Модулот ја презентира состојбата на е-трговијата во пазарите од ЦЕФТА преку статистика и податоци за развојот (интерактивни графикони за состојбата на е-трговијата во секој пазар и споредби на е-купувачи, UNCTAD индекс за подготвеност за е-трговија и други релевантни податоци на Еуростат, на Светска Банка итн.), информации поврзани со подготвеност на земјите за водење бизнис со е-трговија, информации колку често, во која вредност и од каде купуваат онлајн купувачите итн. Овие податоци можат да им помогнат на компаниите во подобрување на работењето на локалниот пазар, но уште поважно, можат да им послужат на нивните планови за ширење на другите пазари во ЦЕФТА регионот.

Освен овој модул, платформата во текот на идниот период ќе биде надоградена со уште четири модули. Од нив, првите три модули ги покриваат клучните аспекти на водење бизнис во е-трговија, како што се правната регулатива за е-трговија, плаќање и испорака. Дополнително, платформата ќе биде збогатена со уште еден дополнителен модул – успешни приказни. Секој од овие модули ќе содржи релевантни информации специфични за конкретниот ЦЕФТА пазар, како и упатства, прирачници, документи поврзани со темата и видео презентации.

Веб-платформата е достапна на англиски јазик и на локалниот јазик за секој пазар.

– Развојот на оваа веб-платформа е од огромно значењe за е-трговијата, за вклучените организации и за регионалната соработка помеѓу ЦЕФТА пазарите. Е-трговците можат да дознаат важни бизнис факти и неопходни релевантни информации за сите пазари од регионот со цел полесно да можат да ги прошират своите бизниси надвор од својот пазар. Од друга страна, организациите од регионот кои работат на веб- платформата, покрај тоа што веќе почнаа меѓусебно да соработуваат, ќе можат и да се етаблираат како"гласот на е-тргoвијата" во своите пазари, но и регионално", вели во пишана изјава проектниот менаџер на овој проект, Марија Ристовска.

Претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, пак, истакнува дека ова е прв регионален проект поврзан со е-трговија на кој асоцијациите за е-трговија и останатите организации од регионот соработуваат заеднички.

-Преку оваа веб платформа очекуваме дека ќе се “отклучи” потенцијалот за раст и ширење на компаниите со е-трговија во регионот и дека значително ќе се зголеми соработката меѓу Асоцијациите, која пак ќе придонесе кон реализирање на уште повеќе иницијативи за е-трговија со регионален карактер, изјаво Ангеловска.

Развојот на платформата „Ecommerce4All" е поддржан од проектот за надворешна трговија на Oтворениот регионален фонд имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Европската унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ). Главна цел е да се подобри меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој и го поддржува автономното спроведување на политиките усогласени со ЕУ, насочени кон постигнување на рамномерен регионален развој на државата. Фондот има за цел да го подобри спроведувањето на реформската агенда за трговија и конкурентност во ЦЕФТА регионот во согласност со барањата на процесот на приближување кон ЕУ.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер