3Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа
ФудбалЛампард нов тренер на Дерби КаунтиЛегендарниот поранешен англиски репрезентативец и фудбалер на Челзи, Френк Лампард е поставен за нов тренер на Дерби Каунти.Двете страни се согласија на договор со важност од три години. 39-годишниот Лампард ја заврши својата кариера во февруари 2017 година и оттогаш работи како стручен телевизиски коментатор. Дерби минатата сезона се рангираше на шесто место во Чемпионшип и не успеа да избори пласман во елитната Премиер лига. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветНападнат клучен руски нафтен центарУкраинските сили нападнаа клучен руски нафтен центар кратко откако Доналд Трамп ги изненади сите со склучување голем договор за увоз на дизел со Владимир Путин.Веднаш по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин, руските сили започнаа нов напад врз цивили кои спиеле во Запорожје. Загинаа најмалку седум лица – меѓу кои и три девојчиња – десет беа повредени, а 16 се водат како исчезнати. Со ова, вкупниот број на цивилни жртви од руските напади во изминатите три дена достигна речиси 90, пренесува „Дејли мејл“. Договорот за дизел меѓу Трамп и Путин го шокираше Киев, а украинскиот лидер го обвини американскиот претседател за „слабост“ и за попуштање пред Москва. Од друга страна, како што пренесува информативниот портал „Аксиос“, Трамп му замерил на Зеленски што ги игнорирал дури шесте негови барања за запирање на нападите врз руските рафинерии – напади што предизвикувале раст на цените на горивото во САД пред изборите за конгресот. Дополнителен притисок дојде од советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, кој изјави дека едноиполчасовниот разговор меѓу Трамп и Путин бил толку срдечен што „ниту едната страна не сакала прва да ја прекине врската“. Самиот Трамп навести дека е подготвен да продолжи со комуникацијата со рускиот претседател во текот на ноќта, па и следниот ден, пренесува „Дејли мејл“.,,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаМодел на „Антропик“ испрати лажна дојава за убиство до полицијатаОделот на вештачка интелигенција Клод на „Антропик“ испратил лажна дојава за нерасчистено убиство преку јавен полициски формулар во Филаделфија. Инцидентот се случил на 18 јули 2026 година, а беше јавно обелоденет на 9 октомври. Пораката била означена како спам и не стигнала до истражителите, соопшти полицијата. Според извештајот на „Антропик“, моделот Клод Хаику 4.5 добил задача да изведува примерни активности на случајно избрани веб-страници. На една од нив наишол на страница за нерасчистено убиство со формулар за доставување информации. Моделот составил порака во која тврдел дека можеби има информации за случајот и дека видел лице што одговара на описот во близина на наведената улица. Сепак, страницата воопшто не содржела опис на сторителот. Полињата за име и контакт останале празни, а формуларот дозволувал испраќање и без тие податоци. Според полициското соопштение што го објави телевизијата „6 АБЦ“, компанијата го открила инцидентот на 28 септември, а ја известила полицијата на 7 октомври. Следниот ден се одржала средба со претставници на „антропик“. Полицијата го оцени доцнењето како неприфатливо и побара компанијата да ги зајакне заштитните механизми. Истовремено, нагласи дека нема показатели за неовластен пристап до полициските системи или за компромитирање на податоците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзбрана новата портпаролка на Белата куќа Конзервативната коментаторка Кејти Закари е избрана за нова секретарка за печат на Белата куќа, наследувајќи ја Керолајн Ливит, која ја напушти функцијата во август, објави „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на извори запознаени со случајот.Закарија моментално работи како виш советник за комуникации во компанијата „Трамп медиа енд технолоџис груп“ (Trump Media and Technologies Group), која управува со социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) на американскиот претседател Доналд Трамп. Претходно, таа кратко време работела како портпарол на тогашната секретарка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. Каролин Ливит се повлече од функцијата секретар за печат на Белата куќа во август, но останува ангажирана како надворешен советник на Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00