Ламборџини од 3,3 милиони евра направи хаос на улиците на Лондон (ВИДЕО) - Канал 5

Ламборџини од 3,3 милиони евра направи хаос на улиците на Лондон (ВИДЕО)

Суперспортските, па дури и хиперспортските автомобили не се невообичаени на улиците на Лондон, но овој автомобил сепак ја собра целата слава и интерес на јавноста.

Ламборџини од 3,3 милиони евра направи хаос на улиците на Лондон (ВИДЕО)

Најблаго речено, Lamborghini Sian е поагресивна изведба на Aventador. Реално, ова е автомобил што не може да се пропушти, и поради неговиот скоро демонски изглед и поради звукот од моторот. Да, тука е истиот 6,5 V12 атмосферски мотор, но дополнително збогатен со електричен мотор со 34 КС.

Ова е единствениот хибрид во понудата на Lamborghini и еден од оние за кои потрошувачката на гориво не е на приоритетната листа. Сето тоа резултира со моќност од 819 КС.

Забрзувањето до 100 км на час трае 2,8 секунди, вози до 350 км на час, а само 63 среќници ќе го доживеат тоа искуство. Тие веќе ја резервирале својата копија, која, доколку не изберат дополнителна опција, ќе ја платат околу 3,3 милиони евра - скоро десет пати повеќе од Aventador SVJ врз основа на која е создаден.

Погледнете како Сијан беше пречекан на улиците на Лондон.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Трендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР..

Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk...

..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температури до 37 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температури до 37 степени

Температурите ќе се движат од 12 до 37 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер