Ламборџини има ново лого, го сменија по две децении (ВИДЕО) - Канал 5

Ламборџини има ново лого, го сменија по две децении (ВИДЕО)

И Lamborghini се приклучи на зголемениот број производители кои решија да претстават ново лого.

Ламборџини има ново лого, го сменија по две децении (ВИДЕО)

Познат е рецептот, а тоа е да се поедностави изгледот на логото во согласност со актуелните трендови поврзани со дигиталните услуги. Со други зборови, тродимензионалното печатење повеќе не е во мода, ниту употребата на тешка графика, оптоварена со детали.

„Храбар, неочекуван и автентичен“, вака Lamborghini го најавува првиот редизајн на амблемот по повеќе од две децении.

Важно е дека бесниот бик се уште е таму. Новиот корпоративен идентитет носи само редизајн на постојното решение. И тоа е добро, бидејќи постоечкиот беше беспрекорен, исто како и автомобилите што ги претставува.

Новото лого веќе се користи на дигиталните платформи на Lamborghini и е предвидено за употреба на претстојните модели.

Шпекулациите сугерираат дека би можел да дебитира на наследникот на Huracan, кој се очекува во наредните месеци со plug-in хибриден V8 мотор. Потоа, ревидираниот амблем ќе ги краси постоечките модели, како што се Revuelt V12 или редизајнираниот Urus што го очекуваме.

Друга значајна промена е тоа што бесниот бик сега ќе стои сам на дигиталните канали на Lamborghini, за прв пат одвоени од штитот. Дополнително, ќе има „нов сет на икони“ развиен во соработка со Centro Stile на Lamborghini.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон!

Американскиот претседател ја искористил врската со Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, според информациите од Гардијан и од него побарал помош за поништување на доделен црвен картон. 

Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да  поништи црвен картон!

Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун!

Според информациите од британските медиуми, Доналд Трамп, претседателот на САД, направил сè што можел за да ја спречи суспензијата на Фоларин Балогун.

Гардијан добил информации дека Доналд Трамп ја искористил својата врска со Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА.

Тој ја повикал организацијата-три пати за четири дена, инсистирајќи одлуката да се промени, напорот на американскиот претседател вродил со плод и дошло до промена на одлуката сега таа се води како вродило со плод како „условен црвен картон “. - Ви благодарам ФИФА, го направивте она што беше исправно и ја поништивте големата неправда - напиша Трамп преку социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО бара мерки на претпазливост за тројцата насилници 15 дена по крвавиот напад врз детето во Ченто

Скопското обвинителство соопшти дека побарало мерки на претпазливост за тројцата осомничени за нападот врз 14-годишното момче во скопската населба Ченто.

ОЈО бара мерки на претпазливост за тројцата насилници 15 дена по крвавиот напад врз детето во Ченто

Според првичните сознанија, како што соопштија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото. Со предложените мерки им се забранува да го напуштат живеалиштето, да не се доближуваат до местото на настанот, ниту да контактираат со детото и неговите родители...

-Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази, велат од основно јавно обвинителство Скопје.

Иако настанот се случил на 22 јуни, МВР поднесе кривични пријави за против тројцата осомничени дури по 11 дена, откако мајката на детето јавно реагираше дека случајот се води како насилство, а не како потешко дело обид за убиство, и покрај седумте убоди од нож што му биле нанесени. Мотивите за нападот, се уште не се познати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зелен хуман град: Дали Град Скопје ќе ги заштити скопјани или профитите на Титан УСЈЕ?

Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани .

Зелен хуман град:  Дали Град Скопје ќе ги заштити скопјани или профитите на Титан УСЈЕ?

Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани со тоа што ќе достави негативно мислење за обнова на А - интегрираната дозвола на ТИТАН - Усје поради големото загадување што го предизвикува фабриката во согласност со член 100 став (1) од Законот за животната средина.

Дополнителна тежина на ова прашање дава фактот што Советот на Град Скопје на својата 5 седница на 25 декември 2025 година едногласно ја усвои иницијативата на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за дислокација на Цементарница „Усје“ и сите други индустриски загадувачи со заклучок:

„Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на РМ“

Поради сериозноста на состојбата со загадувањето во Скопје, како и засегнатоста на сите скопјани со овој повеќедеценики проблем, побаравме одговорот на прашањето да добиеме во најкус можен рок без да се чека истекот на деловнички утврдениот рок, со цел навремено да ги информираме граѓаните.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД нема да престане да се бори со сите расположливи средства за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина од опасните, животозагрозувачки последици на загадувачката индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер