Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
1Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
3Петкоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светот
АвтомобилизамЛамборџини го претстави Феномено- изработени се само 15 примероци за роденденот со стил (ВИДЕО)Некои добиваат торта за својата годишнина, а Ламборџини си подари родстер со 1065 коњски сили за својата 63-годишнина.Компанијата слави 63 години постоење, а овој број е симболичен за компанијата од Сант'Агата бидејќи се совпаѓа со годината на основање - 1963 година, кога ја основал Феручо Ламборџини. Во оваа пригода, тие го претставија својот најмоќен автомобил без покрив, Феномен Роудстер. Овој модел ја следи купе верзијата Феномен претставена во август минатата година, но Роудстерот е уште поексклузивен. Производството е ограничено на само 15 примероци, што е половина од 30-те купеа што веќе се распродадени. Феномен Роудстерот нема лизгачки тврд покрив, отстранлив покривен панел или решение за тарга. Тој е трајно отворен, што им даде слобода на дизајнерите за решенија што не беа можни на купето. Историски инспириран дизајн Страничните прозорци се скратени за поагресивен профил, а мал карбонски спојлер на горниот раб на шофершајбната го насочува протокот на воздух над кабината. Редизајнираната хауба има две аеродинамични испакнатини зад потпирачите за глава кои исто така служат како заштита од превртување. Ламборџини вели дека со внимателно обликување на горниот дел од телото и нов сет на аеродинамични елементи, Роудстерот успеал да постигне ист притисок, стабилност и ладење како и купето. Исто така, тврди дека зголемувањето на тежината поради недостатокот на покрив е намалено на „само неколку килограми“. Претставениот модел доаѓа во сина боја Blu Cepheus со црвени детали Rosso Mars и бројни видливи елементи од јаглеродни влакна. Комбинацијата на бои е почит кон црвените и сините бои на градот Болоња и потсетува на Miura Roadster од 1968 година, првиот модел со отворен кров на Ламборџини. Внатрешноста следи црно-црвена тема со графички детали во форма на Y и сложени контрастни шевови, што е во согласност со моменталната дизајнерска насока на брендот. Хибриден погон со повеќе од 1000 КС Како и купето, Роудстерот е изграден на монокок шасија од јаглеродни влакна и е напојуван од најмоќниот V12 мотор во историјата на Ламборџини. Атмосферскиот 6,5-литарски мотор развива 824 КС и 725 Nm вртежен момент, а е поврзан со три електрични мотори. Два се наоѓаат на предната оска, третиот е интегриран во осумстепен менувач со двојна спојка, а сите се напојуваат со батерија од 7 kWh. Вкупната системска моќност е 1065 КС, што ги надминува 1001 КС на Revuelta. Перформансите се речиси идентични со оние на купето: забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 2,4 секунди, а до 200 км/ч трае 6,8 секунди, што е само за една десетина побавно. Максималната брзина надминува 340 км/ч, додека купето достигнува 350 км/ч. Продолжување на серијата ексклузивни модели Цената за произведените 15 примероци не е официјално објавена, но Fenomeno Roadster ги следи стапките на ултра-ексклузивните претходници како што се Reventon, Veneno, Centenario и Sián Roadster и се очекува да биде многу баран колекционерски предмет. Останува да се види дали во блиска иднина серискиот Revuelto ќе ја добие и својата отворена верзија. Она што е познато е дека Lamborghini моментално работи на Temerario Spyder, кој ќе има склоплив тврд покрив и plug-in хибриден V8 мотор.Тагови: Ламборџини примероци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаСиноќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слободаСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено... Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригадаЗаменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците. Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ. Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПеткоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светотВоздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот. Токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на проширување на мрежата на авиодестинации од македонските аеродроми. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води македонската Влада, постигнати се конкретни резултати, така што се воведени нови 28 авиодестинации. Така, од Скопје сега може да се патува во Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Дубаи, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро во Сардинија и Палермо во Сицилија. Додека од аеродромот во Охрид, македонските граѓани можат да летаат за Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена. Со новите дестинации, нашите граѓани добиваат повеќе директни врски со европските центри, полесно патуваат за работа, образование и туризам, но и полесно ги посетуваат своите семејства и пријатели кои живеат во странство. Истовремено, со секоја нова директна линија Македонија станува подостапна за странските туристи, а особено значајно е тоа за Охрид и за македонскиот туризам, бидејќи поголемата воздушна поврзаност значи и поголема можност за привлекување туристи од нови пазари. Но, подобрата воздушна поврзаност е важна и за бизнисот, за привлекување инвестиции и за поврзување на македонските компании со европските пазари. Кога една држава има повеќе директни авиолинии, таа станува подостапна и попривлечна за инвеститорите, компаниите и меѓународните партнери. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи на проширување на мрежата на дестинации и создавање услови за нови авиолинии од Скопје и Охрид, затоа што Македонија треба да биде држава со повеќе можности, подобра поврзаност и отворени врати кон светот. Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05