Лајонс: ИД-К е присутна во речиси сите авганистански провинции

Ова е област која заслужува поголемо внимание од меѓународната заедница, нагласи Лајонс.

Специјалната претставничка на Обединети нации во Авганистан, Дебора Лајонс изјави дека по преземањето на власта од страна на талибанците, огранокот на Исламска држава – Корасан е проширен и сега е присутен во речиси сите 34 провинции во земјата.

Таа пред Советот за безбедност на ОН изјави дека одговорот на талибанците на проширувањето на ИД-К во голема мера се потпира на вонсудскиот притвор и убиствата на осомничените борци.

– Ова е област која заслужува поголемо внимание од меѓународната заедница, нагласи Лајонс.

Нејзините коментари уследија неколку часа откако терористичката организација ИД-К, идеолошки непријател на талибанците, ја презеде одговорноста за двете експлозии, при што загина едно лице, а шестмина беа повредени во шиитска муслиманска населба во Кабул.

Талибанците не можат да го запрат подемот на ИД-К. Некогаш ограничена на неколку провинции и главниот град, ИД-К сега е присутна во речиси сите провинции и е се поактивна, посочи Лајонс, додавајќи дека бројот на напади од групата се зголемил од 60 во 2020 година на 334 оваа година.

Таа повторно предупреди на хуманитарната катастрофа бидејќи доаѓа зима во услови на пропадната економија и последиците од сушата и ја повика меѓународната заедница да најде начини за финансирање на платите на здравствените работници, наставниците и хуманитарните работници. Лајонс нагласи дека сегашната хуманитарна помош е недоволна.

Ливерпул нема намера да го пушти Салах на лето

Ливерпул не планира да се раздели со Мо Салах.

Крилниот напаѓач продолжува да има добри односи со сите во Ливерпул. Директорот на клубот Мајкл Едвардс верува дека Салах треба да биде дел од плановите на Ливерпул за иднината, изјави новинарот Фабрицио Романо за подкастот „Here We Go“.

Кон крајот на сезоната ќе има средба помеѓу Салах и неговиот агент. Ќе разговара за иднината на крилниот напаѓач и ќе ги истражи неговите опции. Но, во моментов Ливерпул нема намера да се раздели со него.

Претходно беше објавено дека Салах би можел да го напушти Ливерпул во 2025 година кога ќе му истече актуелниот договор.

Оваа сезона играчот има 24 гола и 12 асистенции во 41 натпревар за клубот. /МИА

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

притисни ентер