ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува
1ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува
АвтомобилизамЛада Нива доби нов мотор (ВИДЕО)Голема вест за сите фанови на легендарниот руски теренец.Прво, треба да се земе епитетот „нов“ со резерва. Ова е класика за која е важна сигурноста и робусноста. Сепак, станува збор за драстично отстапување од се` досега видено. И тоа не е многу, па Нива започнала со 1.6 бензински карбуратор, потоа добива мотор 1.7 со неколку надградби, а сега добива и 1.8 единица. Станува збор за мотор 1,8 познат од Лада Веста. Класичната атмосфера дава 122 КС и 170 Nm, значително повеќе од 1,7 моторот, а во Niva ќе биде инсталиран од компанијата Super-Auto, исто така од Togliatti. Моторот се наоѓа надолжно, а листата на модификации ги вклучува спојката, системот за ладење и издувните гасови. Се очекува дека Лада сега ќе биде значително повеќе стартна, па би можела да достигне 100 км / ч за 12 до 13 секунди, пишува Лада Онлајн. Исто така е познато дека годишно ќе се произведуваат 300 примероци од Nivа Legend со мотор 1.8, а почетната цена е сепак прифатлива, 14.000 евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжуваСо нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство.Со нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство, современи технологии, извоз и долгорочен економски раст. Во ТИРЗ Тетово следува реализацијата на инвестицијата на „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе од 40 години искуство во автомобилската индустрија. Компанијата планира вложување од околу 21 милион евра во периодот до 2030 година, со потенцијал за отворање од 400 до 500 нови работни места и годишен извоз од околу 45 милиони евра. Во ТИРЗ Скопје 1 веќе започна изградбата на фабриката на „Чагатај Кабло“, која е инвестиција вредна околу 6 милиони евра и производствениот капацитет од 10.000 квадратни метри треба да овозможи до 200 нови вработувања. Кичево, исто така, станува центар за нови и технолошки напредни инвестиции, така што тука започна изградбата на фабриката на белгиската „Avesta Battery and Energy Engineering“, наменета за производство на електронски батерии за автомобили. Инвестицискиот интерес се проширува и во други високотехнолошки сектори, така што во земјава се реализираат и проекти на „Епсотех“ за развојно-истражувачки центар и на американскиот „Вебтек“ за производство на сопирачки за шински возила. Особено важно е што интересот за инвестирање веќе не е ограничен само на автомобилската индустрија. Турска и германска компанија од секторот на високите технологии потврдија инвестиции од вкупно околу 80 милиони евра, со потенцијал за околу 1.000 нови работни места и заеднички извоз од над 200 милиони евра. Дополнително, завршени се преговорите со три странски компании кои планираат да отворат фабрики во Македонија во автомобилската, високотехнолошката и фармацевтската индустрија, а паралелно разговара и со уште околу десет компании од различни сектори. Нов инвестициски импулс се очекува и во телекомуникациите. „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор планира да вложи повеќе од 100 милиони евра во развојот на новиот оператор, со што ќе се зголеми конкуренцијата, и за граѓаните ќе се овозможат нови услуги и повеќе можности. Сите овие проекти се потврда дека Македонија станува сè поатрактивна за инвеститорите и дека економијата се движи кон поголема диверзификација, современо производство и сектори со висока додадена вредност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи со домашните и странските компании и да создава услови Македонија да биде конкурентна и посакувана дестинација за нови инвестиции. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: И по „научно-образовната“ екскурзија - ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“Мислевме дека по враќањето од Брисел, Христијан Мицкоски научил нешто повеќе од францускиот предлог.Мислевме дека на таа „научно-образовна“ екскурзија разбрал дека методите на Ванчо Михајлов не се за во 21от век. Мислевме дека разбрал дека пропагандата што ја спроведува Латас по модел на Гебелс не е за граѓани на европска земја - особено не за народ со антифашистичка историја. Но, не. Преку своите портпароли, Мицкоски повторно ја продолжува кампањата „талог“. Илинден годинава наместо ден на единство и прослава на државноста, ќе остане запаметен како почеток на кампањата „талог“ и продолжување на поделбата на народот. Претседателот на „промакедонската“ партија - која не може да биде македонска кога половина од функционерите имаат бугарски пасоши - одлучи наместо поделба на „предавници“ и „патриоти“ (моделот на Ванчо), сега да дели на: • подобни - оние што молчат, ги поднесуваат сите економски и здравствени неуспеси на владата и не креваат глас, • и неподобни - сите што се противат на организираната криминална група што ја предводи Мицкоски, а се вика ВМРО. Сите што сакаат успешна, богата, здрава и европска Македонија - за него се „талог на општеството“. Прво ги примени техниките на Ванчо Михајлов против политичките противници. Потоа ги примени и внатре во партијата, ги отстрани сите потпретседатели и од општинските комитети направи лични фан-клубови. Сега останаа само „подобните“ гласачи што треба да му ја осигуруваат власта и „неподобните“ што не сакаат изолирана, корумпирана и сиромашна држава. За Мицкоски - тие се „талог“. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЕвропаЧешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планинаЧешкиот премиер Андреј Бабиш се извини што набрал цвеќе во заштитено подрачје на планината Лиса Хора, во источниот дел на земјата, наведувајќи дека ќе плати парична казна доколку се утврди дека ги прекршил прописите. Во видеото објавено на Фејсбук, Бабиш објасни дека го набрал цвеќето во спомен на починат колега од неговото политичко движење АНО, со кого претходно се искачувал на планината. „Можеби сум прекршил закон, за што се извинувам, и секако ќе платам казна доколку е потребно“, рече тој. Видеото од саботното искачување, објавено на Фејсбук-страницата на Бабиш, го прикажува чешкиот премиер како се искачува со мал букет цвеќе, кој подоцна го положил на споменик на планинскиот врв. На врвот висок 1.324 метри – највисоката точка на Моравско-шлеските Бескиди – на Бабиш му се придружија двајца министри кои се членови на движењето АНО, како и бројни поддржувачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter