Квалитетот на подземните води сè уште е добар, но сепак е под ризик од загадување - Канал 5

Квалитетот на подземните води сè уште е добар, но сепак е под ризик од загадување

Скопскиот регион во целина е богат со подземни води, особено во западниот дел почнувајќи од централното градско подрачје кон Аеродром, Лисиче, Кисела Вода и реонот на вливот на реката Лепенец во Вардар. 

Квалитетот на подземните води сè уште е добар, но сепак е под ризик од загадување

Резервите на подземни води во Скопскиот регион, што можат да бидат одржливо експлоатирани повеќекратно ги надминуваат потребите, а нивната искористеност во овој регион е околу 33 проценти.

Подземните води во Скопскиот регион, според процената на Министерството за животна средина и просторно планирање најчесто се користат за климатизација, односно системи за ладење и топлење и во голем дел за наводнување. Од Министерството за МИА велат дека подземните води главно се користат за капацитети што не влечат повеќе од еден л/с, за што не е потребна дозвола.

Мерењето на квалитетот на подземните води го врши УХРМ, во рамки на националната мониторинг мрежа за квалитет на водите. Ваков тип на мерења не се прават во континуитет, туку се прават повремено во рамки на проекти.

Д-р Златко Илијовски, директор на секторот Хидрогеологија при Градежниот Институт Македонија и геолошки инженер, кој со неговото искуство ги опфаќа сите аспекти на хидрогеологијата и геотехниката, вклучувајќи истрага на користење и заштита на подземните води во изјава за МИА вели дека подземните води треба да се истражуваат и мониторираат во континуитет. Мониторингот треба да се однесува на квантитативната и квалитативната состојба на подземните води, односно во континуитет треба да се следи нивниот квантитативен и квалитативен статус.

– Кај нас мониторингот се врши во многу ограничена форма, далеку од потребната, како по локации на набљудување, по зачестеност на набљудување така и по набљудувани параметри. Согласно ЕУ директивите за води сеопфатни анализи треба да се прават на секои шест години, вели Илијовски.

Кои се опасностите за животната средина доколку се загадени подземните води?

– Употребата на неквалитетна вода за пиење е сериозен ризик по здравјето на луѓето. Квалитетот на подземните води во државата сè уште е добар, но е под ризик од загадување. Големи притисоци има од нерешени таканаречени жешки точки, а најкритични се Охис, депонијата Вардариште, депонијата Југохром, непрочистени отпадни води, како и неуредни депонии, посочи Илијовски во разговор за МИА.

Од МЖСПП на истото прашање одговорија дека ова прашање поточно би било одговорено ако кажеме дека доколку околината е загадена тогаш постои можност подземните води да се загадат и навистина е проблем доколку тоа се случи бидејќи станува збор за стоечки води кои немаат систем на самопрочистување или е потребно многу време за тоа да се случи.

– Тоа може да предизвика проблем во животот на растенијата и животните, на и да влијае на квалитет на водите на бунарите. Но во секој случај квалитетот на водите од бунарите пред употреба секако се проверува, велат од Министерството за МИА.

Подземните води имаа речиси многу подобар квалитет од површинските води. Од подземните води со вода за пиење се снабдува речиси 50 проценти од светската популација, во Европа искористеноста на подземните води е 75 отсто, конкретно во Данска и Австрија се користи сто проценти, додека во Германија, Франција и Холандија искористеноста е нешто повеќе од 50 отсто. Словенија и Хрватска користат 95 проценти од подземните води, Србија 75 отсто, а Северна Македонија 75-80 проценти.

Златко Илијовски вели дека на светско ниво до 2050 година, 50 проценти од населението ќе се соочува со проблем на обезбедување на вода за пиење, некаде од аспект на количина, а некаде од аспект на квалитет.

– Климатските промени имаат сериозно влијание на глобално ниво на смалување на расположливиот ресурс на подземна и површинска вода, како и на одржливото управување со водите, додава тој.

Превенција и заштита на подземните води

Министерството за животна средина и просторно планирање препорачува дека превенциите за заштита на подземните води мора да бидат мултисекторски бидејќи зависат од урбаното планирање, индустријата, земјоделието (користење на пестициди) управување со отпадот, климатските промени, неекономичното зафаќање на водите и слично.

– Главна превентивна мерка е воспоставување на санитарни заштитни зони за да извориштето биде обележано и заштитено како мерки што се во согласност со одредбите од Законот за води, додаваат од Министерството.

Д-р Златко Илијовски вели дека државата главно е средно до добро богата со подземни води. Вкупно расположливи ресурси на подземната вода што може да се искористи е околу 50 м3/сек., а ако ова се претстави како количина на водата за пиење, доволна е за околу 12.000.000 жители.

Според податоците, распространетоста на подземните води не е рамномерна, западниот дел од земјата е многу побогат со подземни води за разлика од источниот дел. Од вкупно 40 извори со капацитет поголем од 100 л/с ниту еден не се наоѓа во Источниот дел од државата.

Исечок од хидрогеолошка карта, град Скопје

– Водоснабдувачките системи во Македонија се застарени, но и жителите немаат навика на домаќинско, штедливо и рационално користење на водата. Водоснабдувачките системи во државата имаат загуби од 40-70 проценти, вели Илијовски.

Изворот Рашче што снабдува со вода околу 90 проценти од населението во Скопскиот регион, што брои околу 600.000 жители, според Илијовски е огромен бенефит и природно богатство што треба да се чува и користи одржливо.

– Сега за сега водата е со одличен квалитет, но истиот е под сериозна закана од загадување од индустриската депонија Југохром која продуцира неконтролирано истекување на шестовалентен хром во реката Вардар и во зоните на прихранување на изворот Рашче. Оваа депонија треба што е можно поскоро да се отстрани, загадената почва и подземни води во зоната на депонијата и комбинатот Југохром да се стават во процес на ремедијација, а целиот простор да биде рекултивиран, заклучува тој./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк.

На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале.

По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај.

Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација.

Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта.

Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи

24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. 

24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи

Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции.

„Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“.

Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените.

Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:

Мицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:

„Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните па тоа што го зборуваат, ретко кој верува, освен во тој круг во кој што тие се движат. Па така тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање, отколку на одобрување. Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел од Светска Банка или Меѓународен Монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 2026та, ако Владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска Банка и Меѓународниот Монетарен фонд, не Владата. Затоа велам кога испраќате таква порака, тоа не е само политичка порака, туку порака која што директно удира во темелите во државата. Ќе повторам, среќа е што немаат никаков политички кредибилитет лицата кои што испраќаат таква порака. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните, да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата, а резултатите се препознаени од сите наши партнери. Еве и денеска неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите кои што доаѓаат тука и за напредокот кој што го правиме и за економските резултати кои што оваа Влада ги прави.“, рече Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер