МакедонијаКузеака: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата и насилницитеВчерашниот инцидент во кој беше нападната градоначалничката на Скопје го потврди она што како партија го говоревме со месеци. Ова е длабоко криминализирана и авторитарна власт, која не бира средства за да го заштити криминалот и заплаши оние кои сакаат да го откријат. Со доаѓањето на ВМРО-МВРО на власт, во Македонија преку ноќ се појавија организирани криминални групи кои се чувствуваат недопирливи, затоа што се заштитени од власта. Инцидентот вчера и срамното непостапување на МВР и Тошковски, беше порака до секој што ќе се осмели да зборува за криминал, да покаже злоупотреби, да посочи корупција. Порака дека ќе биде нападнат, натепан и замолчен. Криминалците се длабоко инфилтрирани во институциите, тие го водат системот. Тоа го гледаме од првиот ден. Обезбедувачите на премиерот се главни тепачи, попречуваат акции за дрога, издаваат државни тајни на нарко кланови. Се случија преку 25 обиди за убиства и убиства за една година, се пука на секој чекор а Тошковски во интервјуа безочно лаже дека се намалил криминалот. Вчера загина лице во Батинци во престрелка како на Див Запад. Како Тошковски може да тврди дека безбедноста е подобрена, кога имаме убиство на армиски службеник од лице со потерница? Како се случува лице со активна потерница да се движи слободно и извршува убиство?Но овој последен настан, кога веќе директно криминалците напаѓаат а полицијата немо гледа и ги штити, е веќе доказ дека државата е управувана од овие луѓе. Градоначалничката на Скопје со месеци открива криминал. Ова ја поткопуваше удобноста на мрежите што власта ги одржува во Чаир и во цело Скопје. На крајот ова заврши со физички напад дозволен од полицијата. Почитувани граѓани, Вчерашниот настан е порака до секој судија, секој обвинител, секој државен службеник или граѓанин да не се осмели да го чепне криминалот на власта. Ова е порака дека секој кој ќе им ги орткрие кримииналите може да биде следниот. Ова е систем на страв и закани кој доаѓа директно од власта. Таквата држава не е држава. Тоа е тиранија. Полицијата е глува, правдата е парализирана, а законот служи за заштита на насилниците, а не на граѓаните. Почитувани граѓани, За една година под ВМРО-ДПМНЕ секој граѓанин се чувствува помалку сигурен во сопствената дражава, во сопствениот дом и маало. Крајно време е Панче Тошковски да си поднесе неотповиклива оставка. Насилството и криминалот царуваат, а тој немо стои и ги брани партиските бизнис интереси. Од надежен министер за една години стана извршител на мафијата и заштитник на криминалот. Мора да си оди веднаш. Богданка Кузеака, портпаролка на СДСМТагови: Кузеака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
ЕвропаУкраинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)Украинските сили погодија и уништија дел од Кримскиот мост, само неколку часа откако Русија започна масивен напад врз Киев, насочен кон два клучни моста над реката Дњепар во украинскиот главен град.Руската акција беше проследена со жесток украински одговор со напади со беспилотни летала врз Кримскиот мост и голема рафинерија во Башкортостан, длабоко на руска територија, објавува Би-Би-Си. Според најновите информации, засновани на фотографии од Крим, централниот сообраќаен дел од мостот се чини дека се срушил по нападот. At least one direct missile impact seen earlier on the archway of the Kerch Strait Bridge, as Ukraine tonight launched its second night of major drone and missile attacks against the key link connecting the Crimean Peninsula to Mainland Russia. For the first time since the start of Russia’s full-scale invasion of Ukraine, the Ukrainian Armed Forces appear intent on destroying the bridge, possibly with the goal of further isolating Crimea and gaining additional leverage over Russia in the upcoming round of peace talks led by the United States. — OSINTdefender (@sentdefender) November 17, 2026 Украинските сили го нападнаа Кримскиот мост, кој го поврзува Крим со руското копно, втора ноќ по ред, предизвикувајќи прекин на сообраќајот. Украинските канали за следење на фронтовската линија објавија снимки од експлозии над мостот, но обемот на штетата сè уште не е официјално потврден. Објавени се неколку видеа на кои наводно се гледа урнатиот главен лак на Кримскиот мост, со тврдења дека бил уништен од украински беспилотни летала или крстосувачки ракети. Ukrainian forces deployed a version of the FP-5 Flamingo cruise missile with a datalink and man-in-the-loop control, using it to hit the Crimean Bridge. https://t.co/UDDHZBsA20 — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Тагови: Киев Кримскиот мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативиОпштина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност, зелена мобилност и одржлив локален развој, потврдувајќи ја својата определба за создавање современа и еколошки одговорна општина.На настанот „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност - II“, Општина Ѓорче Петров го претстави својот придонес во развојот на енергетските заедници и успешната соработка со граѓанскиот сектор и стручните организации. Во рамки на иницијативата се издвојуваат два значајни проекти кои претставуваат конкретен чекор кон поодржлива иднина. Првиот проект се однесува на унапредување на зелената мобилност, преку поставување полнач за електрични возила на паркингот на Општина Ѓорче Петров, во партнерство со здружението „Go Green“. Вториот проект предвидува воспоставување иновативен агри-фотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, преку проектот „Community Solar Garden“, во соработка со здружението „Изгрејсонце“. Со оваа иницијатива се отвораат нови можности за користење на сончевата енергија и примена на современи одржливи решенија во образовните установи. Посебно признание беше упатено до здруженијата „Go Green“ и „Изгрејсонце“, како и до SmartAP - Лабораторијата за социјални иновации и сите партнери кои со својата стручност, посветеност и иницијативност придонесуваат за реализација на овие проекти. На настанот беа доделени и благодарници како знак на признание за нивниот придонес и успешната соработка. Ваквите партнерства се особено важни за креирање и спроведување проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Локалната самоуправа останува посветена на поддршка на иновативни идеи, здружување на капацитетите и воспоставување соработки кои создаваат долгорочни вредности.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Започна откупот на тутун по цена од 435 денари за килограм прва класаТутунот од втора класа се откупува по цена од 370 денари, додека, пак, од трета класа по 305 денари за килограм.Започна откупот на годинешната реколта по цена од 435 денари за килограм тутун од прва класа, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при посетата на откупниот пункт на Тутунскиот комбинат во Прилеп, кој денес има отворено 34 откупни пункта, а на кои досега се откупени повеќе од шест тони тутун. „Очекуваме повеќе од 96 отсто од тутунот да биде откупен во прва класа, што значи дека ќе успееме да ја задржиме цената. Оваа цена е и по барање на самите тутунари“, рече министерот Серафимовски. Тој информираше дека површините под тутун годинава се зголемени во однос на лани и изнесуваат околу 15.100 хектари, при што посочи дека се очекува род од 26 до 30 милиони килограми, кој ќе се откупува според претходно склучените договори. „Во разговор со Сојузот на тутунари и со останатите тутунари ќе предложиме ново решение, односно зголемување на субвенцијата од 80 на 90 денари, од причина што сакаме да излеземе во пресрет на поголем дел од тутунарите и земјоделците што го предаваат својот тутун“, најави министерот Серафимовски, појаснувајќи дека ќе се предложат измени во самата програма, основната мерка и зелената нафта да бидат укинати, но затоа да добијат дополнително 10 денари субвенција на тутун. Тутунот од втора класа се откупува по цена од 370 денари, додека, пак, од трета класа по 305 денари за килограм. Државниот инспекторат за земјоделство е на терен од првиот ден на откупот, во наредните денови контролите ќе ги опфатат сите 317 пунктови на десетте регистрирани откупувачи во земјата. Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00