Курдите бараат хуманитарен коридор за евакуација на цивилите

Курдските власти на североистокот на Сирија денеска побараа воспоставување ,,хуманитарен коридор” за евакуација на цивилите и ранетите од градот Рас ал-Аин , кој е обиколен од турската војска.

Во бомбашкиот напад оштетена болницата во близина на турската граница, според курдските сили и Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR). „Медицинскиот персонал е во болницата во областа“, соопшти СОХР.

Денеска турската армија и сириските сојузници напредуваа кон Рас ал-Аин, откако ја презедоа контролата врз скоро половина од местото во офанзивата започната на 9 октомври против курдската милиција на ПСР, пренесува SOHR.

Бројни цивили се во околината на градот, се вели во соопштението на полуавтономната курдска администрација, додавајќи дека медицинските конвои биле систематски бомбардирани.

Курдската влада бара интервенција од меѓународната заедница за отворање хуманитарен коридор за евакуација на цивили и повредени.

Повикот бил упатен до меѓународната коалиција предводена од Вашингтон, партнер на курдските сили во борбата против терористичката организација Исламска држава (ИС), но и до Русија, сојузник на режимот на Башар ал Асад.

Во турската офанзива се убиени најмалку 72 цивили и 203 борци на СДФ од 9 октомври, според најновите податоци на СОХР. Турција објави дека 6 мина турски војници загинале во Сирија, а 20 цивили се убиени во пограничните градови во престрелката со курдските борци.

Сириските курдски власти ја обвинија Турција за употреба на неконвенционално оружје како што е напалм во северна Сирија, додека Анкара негира какво било користење на хемиско оружје во офанзивата против курдската милиција. Наводите упатени на штета на турските сили од страна на францускиот печат не може засега да бидат независно потврдени.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар негираше употреба на хемиско оружје.

Се распалија скарите, излетничките места полни со граѓани

И покрај непредвидливото време, дел од граѓаните и останаа верни на традицијата и ги исполнија излетничките места.

Велат пикникот годинава е вистински луксуз, водени од максимата - секој според џебот.

Ана Торевска Мицевски е на Матка.

Се распалија ли скарите?

КСС не излезе на протест – одржаа првомајска академија

Наместо протест, првомајска академија. 

Единаесет грански синдикати во КСС одлучија да не се приклучат на првомајскиот марш организиран од ССМ, бидејќи сметаат дека нема легитимна полиитчка влада пред која би протестирале и би ги упатиле своите работнички барања... Наместо тоа, организираа свечена академија на која се разгледуваа економските програми на дел од политичките партии.

-Ние нема пред кого да протестираме. Имаме техничка Влада. Ќе имаме нова Влада во текот на следниот месец. Бараме, од сите што претендираат да бидат носители на таа Влада, да дојдат и да ги презентираат нивните програми пред нас. Мислам дека ако во иднина имаме коректни односи помеѓу двете синдикални организации, да, за некое вистинско право, можеме да изеземе и да си ги бараме своите права. - Благоја Ралповски – претседател на КСС

На првомајската академија на КСС, присутни беа дел од опозициските партии и техничкиот минситер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Тој порача дека во земјава има доби закони за работни односи, но истите мора да почнат да се почитуваат.

-Имаме добри закони и закони кои треба да се применуваат, но остануваат отворени прашањата дали истите се применуваат. Денеска имаме закон за здравје и закон за безбедност при работа, кои пет години се во фиоките и не се презентирани јавно достапни до секој еден чинител во општеството за секој еден да даде свој импакт по однос на истите да бидат квалитетни и функционални за сите работници во Македонија.- Ѓоко Велковски – технички министер за труд и социјална политика

Инаку, на денешниот првомајси протест на ССМ, покрај СОНК, не присуствуваа ниту од Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија, Синдикат за транспорт и врски, Синдикатот на станбено – деловни, комунални и водостопански организации и неколку други.

Се трага по измамници кои преку телефон вршат измами за наводно случени сообраќајни незгоди

Измамниците не мируваат. 

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини.

Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка. Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица“, велат од СВР Охрид.

притисни ентер