Купила вазна од тезга за 4 евра, ја проценила и заработила богатство - Канал 5

Купила вазна од тезга за 4 евра, ја проценила и заработила богатство

Џесика Винсент (43) од Вирџинија сака да посетува продавници со користени производи, а пред неколку месеци купила интересна вазна за само 4 евра.

Купила вазна од тезга за 4 евра, ја проценила и заработила богатство

Во тој момент не знаела дека украсниот предмет ќе ѝ го промени животот.

Џесика пребарувала по работите кога здогледала вазна со необичен дезен, елегантно изработена од црвено и зелено стакло.

Веднаш помислила дека нашла нешто вредно, особено кога ја видела буквата „М“ на дното, поврзувајќи ја со Мурано стакло, кое се произведува во близина на Венеција.

„Верував дека вреди меѓу 1.000 и 2.000 евра“, објаснила Џесика.

Таа се придружувала на различни групи на Фејсбук, барајќи совет, а потоа ѝ било кажано дека најверојатно се работи за уметничко дело на познатиот италијански архитект и дизајнер Карло Скарпа.

Не поминало многу време кога таа се сврте кон Ричард Рајт, претседателот на истоимената аукциска куќа, пренесува The Independent.

Веднаш штом ги видел фотографиите, експертот рекол дека вазната би можела да биде дел од серијата „Penelate“ што уметникот ја претставил во 1940-тите. До денес не е познато колку примероци се произведени.

Минатата недела вазната била ставена на аукција и продадена на неименуван европски колекционер за 107.000 евра!

„Знаев дека сакам да ја вратам во светот на уметноста, тие не ни знаеја дека постои. Чувствувам дека ја спасив од заборав“, изјавила Џесика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Расте бројот на заболени со западнонилска треска.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот.

Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми.

Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човек

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од Лублин

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Кратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи.

„Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот.

По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение.

Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот.

Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии.

Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер