Николоски: Нема политички договор со Бугарија, опозицијата има координација со одредени структури таму
2Николоски: Нема политички договор со Бугарија, опозицијата има координација со одредени структури таму
ЖивотКулата на Титов врв нема услови за престој поради несовесни поединциКулата на Титов врв нема услови за престој поради несовесни поединци кои ја оставиле вратата незатворена па внатрешноста е полна со снег.Несовесни поединци планинари ја оставиле отворена вратата од кулата на Титов врв па поради тоа во внатрешноста е навлезена поголема количина снег. Сега вратата не ни може да се затвори и објектот да се користи, алармираат од планинарскиот клуб „Аргентус Монт" од Тетово. Поради тоа тие предупредуват дека во Кулата овој зимски период сега нема услови за престој. –Планинарската Кула на Титов врв е со функција на планинарско засолниште за сите планинари во било која доба од денот и во било кое време од годината и затоа од клубот бараат поголема совесност. Тие несовесни планинари на овој начин ја загрозуваат безбедноста на другите планинари кои се решиле во зимски услови да отидат до врвот верувајќи дека во Кулата ќе се засолнат. Ги замолуваме сите планинарски клубови на своите членови да им укажат на совесно однесување при престој во Кулата на Титов врв, посочуваат од ПК „Аргентус Монт". Со вакви постапки се девалвираат напорите на дел од членовите на „Аргентус Монт" кои пет години носејќи материјали на раце работат на обнова на Кулата. Во овој период тие ставија врата, прозорци, обнова на ѕидовите и внатрешноста, поставија инвентар и многу други работи со цел да биде безбедна и пријатна за престој дури и во најлоши временски услови. –Вратата ја направивме без квака и клуч, да се затвора на наједноставен начин, да се повлече и прицврсти со рајбер. Имаме поставено и молба напишано на македонски, албански и англиски по излегувањето да се затвори вратата. Но сепак и понатаму има поединци несовесни планинари несовесни кои неколку пати ја оставаат врата отворена во различи годишни времиња. Кога беше запуштената Кулата до 2016 година без врата и прозори, со дупки по ѕидовите, тогаш фуреа ветрови,во зима беше полна со снег и речиси ниеден планинар не се осудувше да отиде во нестабилни временски услови и во зимско време на Титов врв. Токму ваквата реновирана Кула последниве години масовно ги охрабри на многумина планинари да се решат да се искачат до Титов врв, велат од клубот. Друга форма на несовесност која е забележителна на врвот и кај Кулата е оставањето на отпадоците, за што исто така од клубот често пати апелираат да не се прави и сметот да се носи до градовите и таму да се фрли во соодветни кантиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски: Избори не се возможни додека се во тек руските напади, нема да поднесам оставка Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема да поднесе оставка и дека одржувањето избори во Украина во моментов е невозможно поради постојаните руски напади и безбедносните ризици.Во интервју за британскиот новинар Пирс Морган, тој исто така нагласи дека смета дека е негова должност да продолжи да ја води земјата додека војната продолжува и ја исклучи можноста да се повлече од претседателската функција. „Тоа е моја одговорност“, рече Зеленски. Зборувајќи за можноста за одржување избори во Украина, кои беа закажани за 2024 година, Зеленски изјави дека таков процес во моментов не е можно безбедно да се организира поради руските напади, вклучувајќи ги и ракетните и беспилотните летала. Тој исто така истакна дека голем број украински војници се на фронтот, додека милиони граѓани ја напуштиле земјата. „Не можеме да избереме претседател без војници, бидејќи тие даваат и ги дале своите животи. Тие мора да бидат првите што ќе гласаат и мислам дека тоа е фер“, рече украинскиот претседател. Кога беше прашан дали верува дека има поддршка од украинскиот народ, тој одговори потврдно, наведувајќи дека Украинците се обединети од заедничката цел за одбрана на земјата. „Сите сме Украинци и сите сме на иста страна. Имаме само еден непријател, а тоа е Русија“, рече Зеленски. Тој оцени дека е во интерес и на рускиот народ војната да заврши, но истакна дека Москва мора да го промени својот пристап за да воспостави траен мир. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата изјави дека Украина треба да добие нов претседател „кој може да склучи договор“, повторно критикувајќи го Зеленски за нападите врз руските рафинерии за нафта и нивното влијание врз глобалниот пазар на дизел.Тагови: Володимир Зеленски руски напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаНиколоски: Нема политички договор со Бугарија, опозицијата има координација со одредени структури тамуНема договор со Бугарија за да се предаде Ива Михаилова, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното Само Интервју на Канал 5.Тој ги отфрла опозициските тврдења за политички договор со Бугарија.. Николоски случајот со Михаилова го гледа во контекст на претстојните избори кај нив а на жалбите на бугарската вд претседателка Јотова и до Обединетите Нации одговори дека тоа секако не оди во нивниот прилог, и си го нарушуваат сопствениот имиџ бидејќи се работи за бегство на осомничена за тешко кривично дело...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!„Мицкоски, нека не те лаже умот. Ние сме како пиреј. СДСМ нема да ја уништите!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, одговарајќи му на Христијан Мицкоски по неговата изјава дека СДСМ треба да се уништи.„Пред неколку дена арамијата Мицкоски дојде во Брвеница, во Милетино, и на својот митинг кажа дека СДСМ треба да се уништи. Еве, да му одговорам од овде: Знам сѐ што правиш, Мицкоски. Знам дека сакаш да ја уништиш СДСМ. Знам дека сѐ што правиш е за да нѐ уништиш. Затоа што се плашиш. Се плашиш затоа што СДСМ не ти е под контрола. Затоа што сме единствената вистинска опозиција во земјата“, порача Филипче. Филипче посочи дека нападите врз СДСМ, црната кампања, навредите и ширењето омраза нема да ја сменат улогата на партијата како единствена вистинска опозиција. „Се плашиш затоа што знаеш дека ќе одговараш за криминалот пред Европското јавно обвинителство. Се плашиш затоа што ти паѓа поддршката, а СДСМ расте. Затоа ровариш. Затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми. Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети““, рече Филипче. Филипче од Брвеница упати директна порака до Мицкоски дека СДСМ нема да се повлече и дека ќе продолжи да се бори за граѓаните и за Македонија. „СДСМ е народот, СДСМ се граѓаните. Работниците, земјоделците, пензионерите, младите што сакаат да останат во оваа земја. СДСМ е Европа, напредок, развој, патриотизам, државништво. СДСМ е искреност и вистинска љубов кон татковината и кон сите наши граѓани. СДСМ е соживот, почитување на различностите. СДСМ е поддршка за ранливите. СДСМ е партија што постои за народот и за Македонија. Не можеш да нè уништиш и нема да нè уништиш. Христијан, на крај ќе ти порачам една стара поговорка: кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа. Доаѓа времето на вистината и правдата. Ќе одговарате! Сите до еден!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter