3Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
МакедонијаКулаков: Пресудата за прегазувањето на Фросина е срамна и тажнаЖивотот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа недржава. Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот. Затоа оваа пресуда е срамна и тажна за целото општество, за сите нас, изјави Тодор Кулаков, таткото на Фросина, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Кулаков порача дека не се откажуваат и дека разбирливо ќе протестираат ако треба барајќи оставки и смена на ваквиот корумпиран судско-казнен систем. - Многумина на душа ќе ја носат погибјата на детето ангел против ваквиот срамен судски епилог, арам да им се парите и се друго што добиле како компензација. И Бог нека им суди и пресуди. Ние не се откажуваме, порача Кулаков. Првиот впечаток кога влего во судницата, како што рече, бил дека родителите на Васко биле тотално релаксирани. - Дали они ја знаеја казната за разлика од претходното рочиште кога беа просто вкочанети. Затоа во држава во која дилерите на дрога и немилосрдни убијци се прогласуваат за светци, спортисти, посветени студенти според зборовите на одбрана, а што очигледно најмалку наивно беше прифатено од судскиот систем, па така срамна е и пресудата, изјави Кулаков. Посочи дека семејствата на убиените жртви со закон се целосно исфрлени од постапката. - Ништо не е сменето... Судот е чиста мафија и вакви мафијашки убијци ги штити и такви пресуди носи, рече Кулаков. Обвини за уништување на докази од останатите тројца кои биле во автомобилот со Васил Јованов, за кои како што рече, требало да има кривична пријава за уништување на докази за убиство од кои, како што нагласи, сигурно ќе произлегле докази за многу нови кривични дела. - Така повеќе од 20 години ќе беше казната на Васов односно барем ќе беше обвинението за Васов, но и за другите тројца во колата. Каде се тие сега, овој систем ги скри. Системот треба да одговара за соучество во прикривање на убиство, рече Кулаков, најавувајќи повторно протести пред судовите и Судскиот совет. Казна затвор од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Тагови: Фросина Кулакова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШтерјова: Мицкоски за две години направи долг колку половина од задолжувањата за 35 годиниЗа само две години, Мицкоски и неговата Влада ја задолжија државата со околу 4 милијарди евра нов долг.Околу 8 милијарди евра се вкупните задолжувања на сите влади во 35 години независна Македонија. Мицкоски за само две години направи половина од тој долг. Ова е економска неодговорност - опасно трупање долгови врз грбот на граѓаните. Ова е темпо на задолжување какво што Македонија не видела во својата историја. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра, односно над 65 % од БДП, а каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра. Овие нови 4 милијарди евра не се ниту за подобрување на стандардот на граѓаните, ниту за мерки за граѓаните и капитални инвестиции, ниту за подобар живот. Ова се пари кои одат директно на контото на ВМРО ОКГ - во криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата криминална организација. И додека ја задолжуваат државата со историски размери, граѓаните за две години се соочија со тешка сиромаштија. Може Мицкоски да раскажува приказни за „трета економија“ во Европа и стабилизирана инфлација колку сака, реалноста што граѓаните ја живеат е сурова. За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %. Синдикалната кошничка е постапена за 10.000 денари. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена. Статистиката ја гледаат граѓаните преку празниот фрижидер и паричник, високите сметки и поскапата храна. Вистината е дека Мицкоски ја задолжува државата до плафон, а граѓаните ги остава да живеат од ден за ден. Четири милијарди евра нов долг за само две години - а граѓаните немаат подобар живот. Имаат само нови долгови, повисоки цени и понизок стандард. Ова не е економска политика. Ова е сметка што ВМРО-ОКГ ја испраќа на грбот на граѓаните. И таа сметка допрва ќе стигнува. Прес-конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР ВелесМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформитеСали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија. Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати. Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието. Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите. Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси. Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка. Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија. „Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11