Куќата на Робевци, чувар на охридската историја - Канал 5

Куќата на Робевци, чувар на охридската историја

Во срцето на старото градско јадро, препознатлива по својот изглед Куќата на Робевци ја чува историјата на семејството Робевци, но и на цел охридски регион.

Куќата на Робевци, чувар на охридската историја

Репрезент на старата охридска архитектура, трикатно зданије изградено од двајцата браќа Анастас и Ангеле како двојна братска куќа. Првично изградена на два ката, но откако била запалена и изгорена до темел во 1861 година, две години подоцна била обновена од Анастас и најстариот син на Ангеле, Константин, со додавање на уште еден, трет кат, т.н. ширван.

На приземјето се изложени епиграфски споменици од Охрид и околината, но и други вредни експонати. Во едното крило од првиот кат е сместена спомен поставката посветена на Робевци, изворните сопственици и градители на куќата, додека во другото крило во убави ветрини стилски наместена е етнолошката поставка. На вториот кат, во двете крила на оваа двојна братска куќа е археолошката поставка со „Златната соба“ и третиот кат е т.н Ширван или Охридската резиденција каде се изложени најдобрите примероци во резба изработени од познатите охридски мајстори, од познатата Охридска резбарска школа, која не постои повеќе.

Куќата на Робевци, Музеј во Охрид веќе 72 години

Веќе 72 години оваа куќа, која плени со својата убавина, е Музеј на Охрид, односно по Втората светска војна, во 1945 година, е заштитена како културно историски споменик, а пет години потоа е отворен Музеј. Во 1953 година зградата е национализирана и предадена на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид на трајно користење.

Водејќи не низ музејските поставки, Атанас Кипров водич во Музејот ни раскажа за семејното дрво на Робевци, а ни ја покажа и етнолошката поставка со изложените предмети. Предметите кои се изложени во најголем дел се оригинално поседувани од членови на фамилијата Робевци, особено од доктор Константин.

– Робевци се богата охридска фамилија, која според некои проучувачи се спомнува од 1379 година на надгробен натпис во црквата „Света Богородица Перивлепта“. Но, попознати се од времето на Стефан Робев, кој е основач на трговската фирма со која го стекнува тоа големо богатство. Тој кон крајот на 18 и почетокот на 19 век основал трговска фирма, која е проширена од неговоите синови Анастас (во некои извори се спомнува како Атанас) и брат му Ангеле, и нивните синови. Фирмата се бави главно со производство и продажба на кожи и крзна. Малкумина знаат дека Охрид е своевиден кожарски и крзнарски центар во 19 век во овој дел на Балканот и во Македонија. Заедно со Костур, во Северна Грција се двата главни кожарски центри во регионот Македонија. Таа традиција во Костур е се уште задржана, а во Охрид од поодамна веќе никој не се бави со овој занает, раскажува Кипров.

Во Охрид одамна нема потомци на Робевци

Последните потомци од фамилијата Робевци веројатно се иселиле во периодот меѓу Балканските војни и Првата светска војна. Денес, како што ни посочи Кипров, директни потомци имало во Скопје, најмладиот е роден во 2013 Иван Робев. Во Белград, во Лерин, каде носат форма на презимето Роби. Ги има и во Бугарија во Софија, но и во Холандија.

– Потомци на фамилијата повремено доаѓаат во посета на куќата. Сакаат да ја слушнат приказната за Робевци, но и ние прашуваме дали имаат подобри сознанија за фамилијата, вели Кипров.

Од она што се знае за фамилијата е дека не се познати само како трговци, туку и по тоа што произлегле голем број интелектуалци и високо образовани луѓе.

– Најстариот син на Ангеле, Константин е првиот доктор на медицински науки во охридско-битолкиот крај. Докторирал во Виена во 1841 година и неговиот брат Ефтим, (кој починал многу млад не оставил потомци), докторирал во Лајпциг, Германија, каде извесен период бил и асистент. Од оваа фамилија излегле голем број интелектуалци во 19 век, во услови кога Македонија е дел од Османлиското Царство. Тоа е за почит, освен пари поседувале и интелект. Голем број од нивните потомци се доктори на медицина или други науки, додава Кипров.

Синот на Анастас, Димитар, пак, е првиот пратеник во Османслискиот парламент во 70-тите години на 19-от век, претставник од Макеоднија од овие краишта. Познат бил како голем лобист за независна Македонија, но за жал неговите лобистички напори не вродиле со плод во тој период.

Изложените предмети се оригинални од семејството Робевци

Сите предмети во музејската поставка се оригинални, од семејството Робевци. Дел му се подарени на Музејот, а дел откупени во 90-тите години.

– Ентериерот е карактеристичен за османлискиот период. Вградени плакари т.н. долапи, декоративни ниши, камари или камарчиња, како што ги викаат во охридскиот крај, шишиња од пијалоци, ѕидна слика или фреска насликана за време на обновата на куќата во 1862 година (на неа пишува) од познатиот Дичо Зограф, кој во тој период работи на декорирање на црквата Свети Никола Геракомлија во Охрид, која е во близина на куќата на Робевци. Секоја соба има засебно огниште…, појаснува Кипров.

Во другиот дел од куќата, односно Музејот, е етнолошката поставка со предмети од Охрид и охридскиот регион. Во витрините е изложен накит, филигрански изработки, делови од носии од охридско поле и Дебрца, но и познатите градски облеки алатурка и алафранга. Посетителите можат да видта примерок и од појана пафта од сребро декорирана со седеф и охридкси бисери.

Најгорниот, третиот кат или како што го викале Ширван, сведочи за некогашната Охридска резбарска школа и во него се изложени најдобрите примероци во резба изработени од познатите охридски мајстори. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Државните медиуми на Иран објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот од земјата. 

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Камиони со лансери и ракетни тенкови може да се видат во ходниците. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се складирани противбродски ракети и моторни чамци.

Снимката, исто така, го прикажува Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГЦ, како го обиколува комплексот со воени претставници. Лансирање ракета беше прикажано во посебни кадри, но не е потврдено дека овие сцени се снимени за време на обиколката.

Точната локација на тунелот и датумот на снимањето не се независно потврдени.

Видеото објавено по американските напади

Видеото е објавено еден ден откако САД извршија ограничени напади на иранскиот остров Кешм во Ормутскиот теснец. Американски функционер ги опиша како одбранбени напади и рече дека тие не значат враќање на големи борбени операции против Иран.

Не е потврдено дека објавувањето на снимките е поврзано со нападите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон, кратко откако комисија за планирање предводена од членови на Комисијата за планирање на Трамп ја одобри нејзината изградба.

Привремената забрана ѝ забранува на администрацијата да „започне, изврши или на друг начин да изврши каква било изградба, ископ или други чекори“ во проектот Триумфална капија во период од 14 дена, објави NBC News.

Наредбата на судијата дојде еден час откако Националната комисија за планирање на капиталот го одобри огромниот и контроверзен проект за лакови, кој ќе биде сместен во Меморијалниот круг помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон.

Дистриктот Колумбија и американската држава Вирџинија поднесоа тужба со која бараат привремена забрана за Триумфалната капија.

Демократскиот конгресмен Дон Бејер од Вирџинија ја поздрави пресудата и го обвини Трамп дека се обидува да ги заобиколи законските пречки.

„Оваа борба не е завршена. Иако оваа одлука го спречува Доналд Трамп веднаш да ги спроведе своите планови за создавање споменик на неговото его, судовите и Конгресот мора да воспостават трајни заштитни мерки за да ја спречат администрацијата на Трамп да го прекрши законот и да продолжи со овој проект“, се вели во соопштението на Баер.

Администрацијата на Трамп ја пофали одлуката на комисијата да ја одобри Триумфалната капија и ја критикуваше пресудата со која беше блокирана.

„Белата куќа ја поздравува одлуката на Националната комисија за планирање на капиталот целосно да ја одобри историската визија на претседателот Трамп за многу потребната Триумфална капија во Вашингтон. Активистичкиот Окружен суд потоа го блокираше проектот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, во соопштението на платформата X.

Тој рече дека администрацијата е уверена дека барањата за Триумфалната капија ќе бидат „целосно оправдани додека продолжува овој судски спор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Кристапс Порзингис (31), латвиски кошаркар и центар на Голден Стејт Вориорс, објави дека се повлекува од кошарката за да се фокусира на здравјето. 

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Веста ја објави вчера на социјалната мрежа X, без да открие какви здравствени проблеми имал. Исто така, не прецизираше дали планира да се врати на професионално играње во иднина.

„Оваа сезона навистина се радував повторно да играм со оваа група играчи, но како што постепено го зголемував интензитетот на тренингот, моето тело не реагираше онака како што очекував“, напиша Порзингис, четвртиот избор на драфтот во 2015 година и играч кој беше познат во НБА како Еднорогот поради неговата тогаш ретко видена способност да создава акции и да погодува тројки на 218 сантиметри висина.

„Добро сум, но знам што е потребно и во моментов не сум таму каде што сакам да бидам за да играм на нивото што го очекувам од себе. Во овој момент решив да го ставам здравјето на прво место и да се оддалечам од играта што ја сакам“, додаде латвискиот кошаркар.

Поради здравствени проблеми, тој ги пропушти подготовките за сезоната

Статусот на Порзингис е неизвесен од крајот на септември, кога Вориорс објавија дека ќе биде надвор од терените на неодредено време поради здравствени проблеми. Потоа беше потврдено дека нема да патува со тимот на Хаваи, каде што Голден Стејт се подготвуваше за новата НБА сезона.

Латвискиот центар не играше ниту еден натпревар оваа сезона, а сега одлучи да ги прекине кошаркарските активности за да се посвети на закрепнување. Во својата објава, тој истакна дека има намера да соработува со Вориорс за да најде решение кое ќе им одговара на двете страни.

Тој беше четвртиот избор на НБА драфтот и освои титула со Бостон

Порзингис пристигна во НБА во 2015 година, кога Њујорк Никс го избраа за четврти играч на драфтот. Во текот на 11 сезони, тој промени шест клубови. Покрај Њујорк, тој играше за Далас Маверикс, Вашингтон Визардс, Бостон Селтикс и Атланта Хокс, пред да се приклучи на Голден Стејт Вориорс.

Тој го постигна својот најголем успех во 2024 година, кога ја освои титулата во НБА со Бостон Селтикс.

За време на својата кариера, тој се профилираше како еден од најпознатите европски високи играчи во НБА, благодарение на неговата комбинација од висина, шут за три поени и способност да ја брани обрачот. Иако неговата објава го поставува прашањето за продолжување на кариерата, Порзингис сè уште официјално не потврди дека трајно завршил со професионалната кошарка.

Во својата кариера, тој одигра повеќе од 530 натпревари во регуларната сезона со просек од 19,5 поени и 7,6 скока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер