КУД „Јане Сандански“ од Неготино прослави 35 години од постоењето

По повод јубилејот неколку генерации играорци продефилираа низ централното градско подрачје, по што одржаа концерт на плоштадот во присуство на голем број граѓани.



КУД „Јане Сандански” од Неготино синоќа прослави 35 години од постоење. По повод јубилејот неколку генерации играорци продефилираа низ централното градско подрачје, по што одржаа концерт на плоштадот во присуство на голем број граѓани.

По овој повод се обрати и градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, кој нагласи дека станува збор за едно од најстарите аматерски културно уметнички друштва во земјата кое го чува нашето фолклорно богатство

- Цели 35 години ова друштво успешно со љубов ги негува и пренесува македонската национална уметничка традиција и обичаите во областа на фолклорното творештво, рече градоначалникот Апостолов.

Апостолов потенцира дека многубројните награди и признанија кои ги има добиено друштвото на домашната и меѓународната сцена се дел од фактите кои говорат дека е чест и привилегија да се биде дел од „Јане Сандански”.

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно беше е да излезат над 725 илјади граѓани..

Јован Ѓорговски и во овие вести со анализа и за денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Еден час до затворањето на гласачките кутии..

Македонија гласа на двојните избори.. Повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Одиме прво во дик..

Таму е Михајло Видимлиски.. Михајло, она што најмногу ги интересира граѓаните - колкава е излезноста и има ли посериозни нерегуларности?

Трендот на земање едно гласачко ливче присутен и на дел од избирачките места во Скопје

Македонија избира шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав – граѓаните излегоа да го остварат своето право на глас – но не секој од нив се одлучи да земе од двете избирачки ливчиња.

Екипи на Канал 5 од рано утринава беа во обиколка на неколку избирачки места, во општина Центар, Чaир, Карпош, Центар....

Oд она што го забележавме на терен, иако имаше граѓани кои гласаа за двата вида на избори, имаше и граѓани кои го остварија своето право на глас, но одбраа да гласаат само за парламантарните избори.

„Само едни, да ти кажам право само парламентарни, а за претседател тешко да има сега....“

„Да за давата...и за парламентарни и за претседателски...“

„И едно и друго, само да даде господ нешто малце да се смени...“

Велат надеж за подборо утре имаат, но не очекуваат некој поголеми промени.

„ДАј бог да има нешто да биде подобро....“

„Сигурно ќе биде нешто подобро мора да имаме некоја вера. “ –игор

„Па вајда некој промени нешто подобро....“

„Би сакала луѓето да бидат слободни и да ги остварат своите права....“

Согласно новите насоки од Државната изборна комисија на денешните двојни избори од страна на членовите на Избирачкиот одбор на граѓаните им се поставува прашањето „Дали сакаат да гласаат за двата вида избори, или само за парламентарни или претседателски“.

Кога се поставувало прашањето, дел од претседателите на некој од избирачките места, велат имало рекации од граѓани дека прашањето го чувствувале како притисок.

„Имаше неколку прашуваа го чувствуваа тоа како притисок, но бидејќи е тоа насока од ДИК им објаснувавме и се поминува во ред потоа.“

На избирчаките места раздвижено ...

Сите 3 480 избирчаки места во земајва беа отворени навреме.

„Почна од 7.00 се е во ред...“

„Навреме е отворено, галсањето тече во најдобар ред, гледате и сами нема никакви проблеми....“

За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, односно да се избере претседател, потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број на запишани избирачи.

притисни ентер