3„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
ЖивотКучињата на претседателот Бајден биле отстранети од Белата куќа Двата германски овчари кои им припаѓале на Џо Бајден и првата дама Џил, биле вратени минатата недела во семејната куќа на Бајден во Делавер поради агресивното однесување на кучето Мејџор во Белата куќа, изјавија извори за Си-Ен-Ен.Мејџор, кого Бајден го посвоил од прифатилиште за животни во Делавер во ноември 2018 година, наводно гризнал еден од членовите на обезбедувањето на Белата куќа. Точната состојба на жртвата не е позната, но инцидентот бил доволно сериозен што кучињата потоа биле преместени во Вилмингтон, Делавер, каде ќе останат. 🐾I’m so excited that the Senate passed the American Rescue Plan my dad @POTUS worked so hard on, that I didn’t have the patience to let the hoomans take the leash off, I started my zoomies with the leash pawttached! The South Lawn is our dog pawrk now. This is a happy day! pic.twitter.com/55WOV6Jd2U — The Oval Pawffice® 🇺🇸 Fans (@TheOvalPawffice) March 6, 2021 Чемп и Мејџор се преселиле во Белата куќа во јануари, помалку од една недела по инаугурацијата на Бајден. Мејџор влезе во историјата како прво посвоено куче во Белата куќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска трескаНа Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66- годишен од западнонилска треска, објави директорот Фадил Цана. Пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика. Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд. Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик. На 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“, во паркот „Ѓорче Петров“, осомничениот телесно повредил полициски службеник кој се обидел да го легитимира. Го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно физички го нападнал и го удирал по рацете кога полицаецот сакал да го приведе. Имајќи предвид дека се работи за лице без пријавен престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен, соопштија од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдено е: Си на средба со Трамп Кина потврди дека претседателот Си Џинпинг ќе оствари државна посета на Соединетите Држави, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Кинескиот лидер ќе престојува во САД од 23 до 25 септември, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп. Првиот човек на САД, Трамп го покани Си во Белата куќа на 24 септември, за време на неговата посета на Пекинг во средината на мај. Оваа посета ќе биде прва посета на Си Џинпинг на САД од 2023 година, кога тој отпатува во Калифорнија за состанокот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) и се сретна со тогашниот американски претседател Џо Бајден.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook