Кинезите ги тренираат роботите за домашни работи и плата од 900 долари- перат садови и редат алишта (ВИДЕО)
1Кинезите ги тренираат роботите за домашни работи и плата од 900 долари- перат садови и редат алишта (ВИДЕО)
ЖивотКубанци преживеале 33 дена на пуст остров, јаделе само кокосови ореви (ВИДЕО)Американската крајбрежна стража спасила тројца кубански државјани од пуст остров на Бахамите каде што преживеале 33 дена само од кокос."Неверојатно е. Не знам како успеале. Бев изненаден од тоа колку се во добра форма", изјавил поручникот Џастин Дагерти за подружницата WPLG на Си-Ен-Ен. Офицерите на крајбрежната стража на САД во понеделникот забележале двајца мажи и жена како мавтаат со импровизирани знамиња на островот Ангуила Кеј, дел од ланецот острови меѓу островите Флорида Кис и Куба, за време на рутинска патрола. Прво во понеделникот им било обезбедено радио, храна и вода, а потоа биле спасени во вторникот. Тројцата Кубанци и рекле на крајбрежната стража дека нивниот брод се превртел за време на бура пред околу пет недели и дека пловеле до пустиот остров. Двајцата мажи и жената, наводно, немале сериозни повреди, но сепак биле пренесени во медицинскиот центар Лоу Кис на лекарски преглед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во КрушевоМаратонците денеска пристигнаа во Скопје, а утре ќе бидат во Крушево. Трчаа од Нова Градишка каде на 16. Октомври 2007 година загина нашиот Тоше Проески. „Нашите маратонци пристигнаа на граничниот премин Табановце и се упатија кон градскиот плоштад во Скопје каде што се очекува да пристигнат околу 19 часот. Од таму преку детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче продолжуваат накај Крушево. ЗА ТОШЕ!“, објавија на ФБ од Здружението на граѓани „Игри без граници“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
КултураСлавна слика на руски уметник е продадена на аукција за 32 милиони евра Сликата „Шарен живот“, познато дело на рускиот сликар Василиј Кандински, беше продадено на аукција вчера вечерта за речиси 32 милиони евра, објави лондонската куќа Кристи.Познатото масло на платно висеше во музејот Ленбаххаус во Минхен со децении. Пред три години беше класифицирано како дело украдено од нацистите, па затоа беше вратено на наследниците на еврејското колекционерско семејство Левенштајн. Кит Гил од аукциската куќа Кристи објави пред аукцијата дека сликата го покажува развојот на уметничкиот јазик на Кандински и најавува извонредна промена во стилот во годините што следеа, пишува dpa. Гил, исто така, нагласи дека делото е длабоко поврзано со културното наследство на родната Русија на Кандински. Едно од клучните дела на неговото творештво Сликата прикажува стари руски мотиви и ликови од бајките, а Кандински ја насликал за време на престојот во Париз под влијание на фовизмот, симболизмот и арт нувото. До ден-денес се смета за едно од клучните дела во неговото творештво. Сликата била купена во 1927 година од страна на брачниот пар Левенштајн од Амстердам. По смртта на нејзиниот сопруг, Емануел Алберт Левенштајн, во 1930 година, неговата вдовица, Хедвиг Левенштајн Вајерман, го позајмила делото на Музејот Штеделајк. Откако германските сили ја окупирале Холандија, делото било продадено на аукција во октомври 1940 година. Според „Кристи“, највисокиот понудувач во тоа време бил колекционерот Саломон Б. Слијпер. Неговото семејство ја продало сликата во 1972 година на Баварската државна банка, која ја предала на Музејот Ленбаххаус во 1973 година, пренесува ДПА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПоплавите во Истанбул не ги поштедија ниту историските објекти- под вода е позната џамија (ВИДЕО)Силните дождови што го зафатија Истанбул вчера, а понекогаш и во текот на ноќта, предизвикаа поплави во истанбулскиот кварт Кагитане, каде што поток се излеа од своите корита поради ненадејно зголемување на нивото на водата.Водата од потокот Кагитане се прошири кон областа Хасбахче, а дворот и внатрешноста на историската џамија Садабад, која се наоѓа во непосредна близина, беа поплавени. Поплавата го зафати молитвениот простор на џамијата, додека водата го покри и долниот дел од амвонот. Работилницата за седеф во дворот на џамијата беше исто така поплавена, како и околните помошни згради. Поплавени беа и некои од автомобилите паркирани пред џамијата. Kağıthane Sadabad Camii Kağıthane deresinin taşması sonucu sular altında kaldı. Çok üzücü bir durum. Yıllardır bu problemle karşı karşıya kalan bu kıymetli cami için artık kalıcı bir çözüm gerekiyor. 📽️ @anadoluajansi https://t.co/Im3eS7hQh7 — İstanbul Camileri (@camiistan) October 15, 2026 Поради прелевањето на потокот, општинската полиција презеде безбедносни мерки во областа. Портите на дворот на џамијата беа затворени, а влезот и излезот од комплексот беа привремено забранети. Обемот на поплавата беше снимен и на снимки од дрон, на кои се гледа како водата се излеала од коритото на потокот Кагитана и се проширила во околниот простор. На снимката се гледаат поплавени делови од Хасбахче, како и вода што го зафатила дворот и внатрешноста на Садабад џамијата. Садабад џамијата, позната и како Азизије џамија, се наоѓа во близина на Истанбул, а нејзината историја датира од 1722 година, кога е изградена за време на владеењето на султанот Ахмед III, во рамките на комплексот Садабад палата. Оригиналната зграда била оштетена за време на востанието на Патрон Халил во 1730 година, по што била реновирана и повторно изградена неколку пати. Својот сегашен изглед го добила во 1862 и 1863 година, за време на владеењето на султанот Абдулазиз, според проектот на архитектите Саркис и Агоп Балјан. За разлика од класичните отомански џамии, Садабад се издвојува по своите архитектонски решенија што ги комбинираат отоманската традиција и европските влијанија. Препознатлива е по својата камена фасада, дрвена купола и карактеристично минаре. Џамијата е дел од историското наследство на населбата Кагитане, која била позната како место за одмор и забава за отоманската елита во текот на 18 век. По реставрацијата, таа беше повторно отворена за верниците во 1998 година. Обилните дождови предизвикаа проблеми во овој дел од Истанбул, а прелевањето на потоците ја загрози и историската верска зграда и околната инфраструктура.Тагови: Истанбул џамија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter