Крушево со рози се сеќава на Тоше Проески

Крушево и Македонија денеска се сеќава на Тоше Проески. 

Единаесет години откако на 16 октомври 2007 година нашата најголема музичка ѕвезда во сообраќајна несреќа го загуби животот кај Нова Градишка, Хрватска, 12-те македонски маратонци, од речиси сите градови на земјава точно напладне пристигнаа во родното Крушево на Тоше Проески за да му оддадат почит.

За прв пат низ улиците на градот, па се до Гумење на вечното почивалиште на Тоше, маратонците беа пречекани со црвени ружи. Околу 600 ружи крушевчани оставија на патот низ кој поминуваа маратонците.

На Гумење бројни фанови на Тоше, не само од Македонија, туку и од Балканот, се сеќаваа на Тоше и ги пееја неговите песни.

Маратонецот Наум Капричевски вели дека поминале 420 километри низ Хрватска и низ Македонија да стигнат во Крушево на гумење. И се во чест на Тоше.

- Еве не по 11-ти пат со ултра маратонот во чест на нашата најголема и балканска поп икона Тоше Проески. 12-те маратонци истрчаа преку 420 километри од пред споменикот во Нова Градишка во Хрватска, преку Хрватска, низ Македонија (повеќе од четири години не се трча низ Србија) до Крушево. Потрбни ни беа нешто повеќе од 43 часа. Од Нова Градишка бевме испратени од градските власти, од фановите на Тоше. На стартот имаше дојдено фанови од Загреб кои не бодреа, се дружеа со нас, ни посакаа среќен пат и да собираме сила за в година, рече Капричевски.

За прв пат годинава со велосипеди од Нова Градишка до Крушево возеа тројца велосипедисти од Кавадарци, во чест на Тоше. Тони Стефанов и Драган Јованов од кавадаречкиот клуб „Тиквешки точакџии“ велат дека ова ќе стане традиција.

- Ова ни е прва година и голема е честа. Возевме од Нова Градишка до Хрватска и ова ќе стане традиција, за нашиот Тоше. Поминавме околу 930 километри. Возиме тројца, а еден е логистичка поддршка, вели Стефанов.

- Ова е тажен момент. Зборовите се претешки, но природата е неумолива. Тука сме да ги негуваме и да ги чуваме делата што Тоше ни ги остави, сеќавањата за него. Да ја користиме секоја пригода да ги запознаваме и помладите кој бил Тоше и што оставил за нас. На тој начин, неговата ѕвезда на небото подолго да сјае, рече Јованов.

За крушевскиот градоначалник Томе Христоски годинава поинаку, со рози за Тоше, неговиот роден град, Крушево, се сеќава на својот омилен сограѓанин. Во меѓувреме, во тек се работите на проектот за изградба на спомен обележјето за Тоше на неговото вечно почивалшите на Гумење за што, на иницијатива на Крушево Владата издвои одвои 150.000 евра. Работите треба да почнат напролет.

- Имавме во почетокот правни проблеми, се надминаа, сега работиме на изработката на идејното решение и на проектната документација. Ќе биде транспарентно и очекуваме напролет, во 2019 година да почниме со реализацијата на споменобележјето. ќе се прошири опфатот на гробното место. Крушевчани ги пречекаа денеска достоинствено маратонците, велосипедистите, сите франови на Тоше од цел Балкан, онака како што тој широко ги пречекуваше сите, вели Христоски.

Андреј Николоски, претседател на фондацијата „Тодор Проески“ најавува голем музички настан - концертот на 2 ноември во Скопје каде ќе биде промовиран англискиот албум на Тоше „Тајно место“.

- На втори ноември тоа ќе биде голем интернационален настан. ќе учествуваат музички ѕвезди од Балканот. Фановите на Тоше ќе имаат прилика да ги погледнат трите нови видео-спортови, изработени во Македонија и ќе биде промовиран новиот англиски албум што се изгработи во студиото на Енди Рајт во велика Британија. Насловен е на англиски („ Сикрет плејс“), што на македонски значи „Тајно место“. На тој албум се десет нови песни, изјави Николоски.

Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево и денеска беше средиште на средба на фанови од сите страни. Имаа можност да се фотографираат и пред новата фотографија во природна големина на Тоше Проески. Во спомен-куќата се одржува и работилница и според Елена Мирчевска, директор на овој музеј, од 2011 година кога е отворен, досега го посетиле околу 650.000 гости од сите страни.

- Секогаш доаѓаат посетители од секаде. И денеска е така. Дојдоа од Македонија, од Хрватска, Босна и Херцеговина, од Србија, Бугарија, од Русија, Чешка, Словачка, па дури стигна и еден автобус туристи од Тајланд кои, веќе знаеја за Тоше. За првпат го изложивме паното со фотографија на Тоше во природна големина, проект во склоп на годишната програма на Министерството за култура. Денеска има и креативна работилница на здружението „Зур“ кое тематски изработува дела поврзани со спомен-куќата и со Тоше. Инаку, со околу 650.000 посетители откако е отворен музејот влегуваме во плејадата атрактивни музеи на овие простори, изјави Мирчевска.

Фановите на Тоше од Балканот дојдоа пак да му оддадат почит, но и да нагласат дека не го забораваат.

- Доаѓам уште од 2008 година и доаѓам над 30 пати, за секој датум и роденден на Тоше. Чувствата се како и првиот ден. Сеќавањето останува засекогаш, вели Сања Ладавац од Пула, Хрватска.

- Доаѓам од Русија. Прв пат уште во 2012 година. Тоше е љубов, вели Наташа Кандрашова.

- Доаѓам од Бугарија и не само за 16 октомври или за 25 јануари. Тука сум зашто го сакам Тоше и го чуваме споменот за него. Тоше е пример и за младите и за старите, вели Елеонора Василева од Бугарија.

- Јас имама роденден на 25 јануари, како Тоше. Тогаш малку се радувам, малку плачам. Но, сакам да бидам радосна за него. Тоше за мене е се. Ме научи да бидам она што сум денеска, вели Радица Иванова од Бугарија./MИА

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Буенос Аирес доби 60 годишна Мисица

Откако беше објавено дека Алехандра Мариса Родригез стана Мис Универзум Буенос Аирес Алехандра на 60 години, цел свет сега зборува за неа.

Убавата Алехандра по професија е новинарка и адвокатка. Таа ја освои титулата за најубава жена во милионскиот Буенос Аирес, со што се квалификуваше за натпреварот Мис Универзум Аргентина.

Алехандра доби можност да се натпреварува на изборот за Мис Универзум откако старосната граница, која беше во сила од 1958 година, беше укината на крајот на 2023 година. Тоа значеше дека изборот за Мис веќе не е резервиран само за девојки на возраст од 18 до 28 години. Според новиот закон сега се бара само учесничките во изборот да бидат полнолетни. Алехандра во новиот закон ја видела можноста за учество пријавила и на крајот победила многу помлади девојки.

Сега таа ја открива тајната на нејзиниот одличен изглед.

- Неопходно е да се живее здраво, да се јаде добро, да се занимаваш со физичка активност - изјави таа за локалната телевизија Ел Трече и додаде:

- Она што се трудам е да постам повремено, мислам дека многу помага. Потоа се трудам да јадам органска храна, многу овошје, многу зеленчук и користам добри креми.

притисни ентер