Кривични пријави за дел од насилничките од Ѓорче Петров, кои се изживуваа врз девојче - Канал 5

Кривични пријави за дел од насилничките од Ѓорче Петров, кои се изживуваа врз девојче

По ужасот во училиштето во Горче Петров каде соученички со цигара гореле нивна врсничка по што полицијата вчера на разговор повика 14 лица, меѓу кои и родители на вмешаните соученици.

Кривични пријави за дел од насилничките од Ѓорче Петров, кои се изживуваа врз девојче

По ужасот во училиштето во Горче Петров каде соученички со цигара гореле нивна врсничка по што полицијата вчера на разговор повика 14 лица, меѓу кои и родители на вмешаните соученици, според извори во истрагата, извесно е дека ќе има кривични пријави за физичкото и психичкото насилство. Но, со пријавите би биле опфатени само оние над 14 години, кои спаѓаат во груапта помлади малолетници. Останува непознато за кои дела би одговарале. Оние пак кои се под 14-годишна возраст, не подлжеат на кривичен прогон.

Според експертите од оваа област случаите од ваков тип спаѓаат во категорија на потешки дела, а насилниците можат да завршат во воспитна установа или во поправен дом. Адвокатката Јована Малезанска вели дека во вакви предмети, каде се изрекуваат воспитни мерки, одлуката е единствено на судот и предметите ги водат судии со специјални обуки за малолетници.

„Кога делото е малку потешко и е сторено под потешки околности, како што можеме нели од тоа што го слушнавме од медиумите, е направено ова дело, тогаш можат да се изречат воспитни мерки, како заводските мерки. Тогаш детето може да се упати во воспитна установа или во воспитно поправен дом. Упатување во воспитно поправен дом е кога е потребно да се применат потрајни и позасилени мерки, во овој случај е одвојување на детето од средината во која досега живеело и целоно пристап кон негово превосптување, бидејќи се смета дека во средината во која што досега живеело, растело и било воспитувано, не придонело со резултати за кое што детето би се оттргнало од вакви девијантни појави.“

Врсничкото насилство секогаш постоело, но она што се случува во последно време е повеќе од алармантно – велат психолозите, кои се шокирани од последниот настан. Психологот Розалија Секуласка одговорноста за ваквото однесување ја лоцира и во самиот дом, во образованието и во системот како целост. Вели, овој суров чин, кој остава сериозни трауми врз жртвата, треба да биде будилник за сите.

„Прво кога слушнав и прочитав, бев загрозена, запрепастена, ме плаши, не ми се допаѓа.. Нешто се случува, во сите микросистеми, тоа се семејството, образованието, во целиот систем, општеството, а тоа всушност укажува дека станува збор за нерегулирани емоции кај најмладите, т.е. кај децата, тоа значи дека немаат толеранција на фрустрација, наместо тоа, проблемите ги решават со агресија, со сила, со моќ, па дури и агресијата претставува начин како да се наметнат, како да се покажат и како да комуницираат во нивниот свет. Доста со сведоштва, особено ние, повозрасните, да бидеме позитивни модели на идентификација.“

Настанот се случил во паркот во Ѓорче Петров, а според неофицијални информации, чинот бил сниман со мобилен телефон.

За влијанието на технологијата на социјалните мрежи врз менталното здравје на младите денеска имаше дебата и во собранието, каде добар дел од говорниците се залагаа децата до 12,13 годишна возраст, воопшто да немаат пристап до социјални мрежи, по примерот на Австралија и дел од европските земји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер