Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

Општина Пустец туристичката сезона ќе ја отвори со „Преспа фест“

Општина Пустец, традиционално, со низа активности го означува почетокот на туристичката сезона, презентрајќи ги природни убавини, културни богатства, македонските традиционални јадења, традиции и обичаи.

Како што информираа од општината, во рамки на отворањето на туристичката сезона а во соработка со Управата на заштитените подрачја Корча, на 7 мај ќе се организира активноста „Преспа фест“.

-На истата ќе бидат истакнати вредностите на културата, традицијата и кујната, со учество на фолклорни групи од Преспа и oд Македонија. Алтивноста ќе почне во 11 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец. Со задоволство упатуваме покана до сите кои сакаат да бидат дел од оваа активност, заедно да уживаме во убавините на природата, вкусовите на традиционалното готвење и фолклорот на преспанскиот крај, додаваат од општина Пустец.

Општина Пустец ја сочинуваат 9 села, распослани на брегот на Преспанското Езеро, кое му дава посебна убавина на овој крај. На туристите им нуди бројни културни, природни и археолошки добра, поради што, последните години станува се попримамлива дестинација.

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ денеска нагласи дека Хрватска е дното на ЕУ кога се гледаат поранешните социјалистички земји, и дека „единствено Бугарија е полоша од нас“.

„Бугарија е единствено полоша од нас и секое утро му се молиме на Бога ништо не им се случи да има кој да биде последен....Тоа не е она со што треба да се задоволиме. Сега немам ништо со ниту една партија, ниту со ниту еден изборен список. За почеток, Хрватска мора да биде некаде на средина, а потоа да размислува да биде најдобра во конкуренција со Унгарија, Чешка, а не со Данска и Шведска, да биде како Словенија, која имаше менаџерски способности и среќа да се развие малку поинаку отколку Хрватска во изминатите 30 години и можете да го видите тоа“, рече Милановиќ.

„Ни треба децентрализација, вели тој. „

Секогаш е големо прашање до кој степен можете да ја дезинтегрирате државата и да ја оставите власта да оди кај народот, најдиректно кај народните избраници, без да ја разнишате државата и да и го одземете она што и треба, што е еден вид вертикала“.

Нивото на децентрализација во Хрватска, вели тој, е „за жал мизерно и никакво.

Сајкоски: Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра

Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра, затоа битолчани излезете на 8 мај за победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа на Македонија.

И оваа сабота сум во Битола на средба со граѓаните. Сакаме да им укажеме, но и да им гарантираме на битолчани дека Битола е на врвот на агендата на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Сакаме да им гарантираме дека Битола ќе биде културен, образовен, економски и енергетски центар. Ќе вложиме во РЕК Битола , комбинатот ќе биде во полн сјај и ќе бидат реконструирани блоковите.

Сакаме исто така да укажеме дека ќе вложуваме и во општина Битола. Секоја година општината од владата ќе добива 11 милиони евра, ќе се направат влезовите во Битола. Но, владата исто така ќе ја направи обиколницата до Меџитилија, ќе вложи многу средства за градот Битола.

Сакам да ги повикам битолчани во што поголем број на изборите на 8 мај да се приклучат исто како и во првиот круг за да донесеме една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа за Македонија.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер