Мајка во Австралија со нож си ги избодела децата, врзани на автомобилски седишта- загина 5 годишниот син
2Мајка во Австралија со нож си ги избодела децата, врзани на автомобилски седишта- загина 5 годишниот син
3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ЖивотКрива Река порибена со сто килограми пастрмкаЗдружението за спортско-рекреативен риболов „Мрена” од Крива Паланка изврши порибување на Крива Река со сто килограми пастрмка.-И оваа година успеавме да ја реализираме предвидената програма, заокружувајќи ја со порибување на три локации во риболовниот ревир „Крива Река 1″ и тоа: Крива Река, Дурачка Река и Киселичка Река. Порибувањето се врши дополнително, а пастрмките се со тежина од по сто и триста и педесет грама. Изразуваме голема благодарност на двете мали хидроцентрани, ПВЦ „НЕВ Хидро ДООЕЛ” и ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани кои обезбедија финансиски средства за набавка на рибите за порибување, изјави Зоран Стоилковски, претседател на ЗСРК „Мрена” Крива Паланка. Програмата на здружението за 2020 година, како што посочи, е реализирана во целост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Асфалтирањето на патниот правец Мрежичко – МајденПродолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион. Проектот го реализираат ЈП за државни патишта и „Македонијапат“, со инвестиција вредна над 50 милиони денари.Со асфалтирањето ќе се подобрат условите за безбедно и квалитетно одвивање на сообраќајот, како и поврзаноста и секојдневното движење на жителите од овој дел на регионот, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
СветМајка во Австралија со нож си ги избодела децата, врзани на автомобилски седишта- загина 5 годишниот син Мајка од Сиднеј е обвинета за убиство на својот петгодишен син и обид за убиство на нејзините две помали деца. Нападот се случи во неделата во регионот на Сините Планини во Австралија. Момчето починало на местото на настанот, а две деца со тешки повреди се пренесени во болница, пишува австралиски 7news. Напад во автомобил Во неделата 42-годишна жена му рекла на сопругот дека ги носи децата на пат. Наместо тоа, таа се упатила кон задната улица во населбата Вали Хајтс, каде ги нападнала децата со нож, а потоа се повредила во автомобилот околу 13 часот. Децата на возраст од пет, три и една година биле врзани за детски седишта во моментот на нападот. Петгодишно момче починало на местото на настанот, додека неговата сестра и брат се здобиле со тешки повреди на вратот. Итната помош на местото на настанот ги згрижила мајката и децата и сите ги пренела во болница во критична состојба. Обвинение и судска постапка Жената доби кривична пријава за убиство во контекст на семејно насилство и за две кривични дела тешка телесна повреда со намера за убиство. Таа се појави во Судот на Пенрит во вторник преку видео врска од нејзиниот болнички кревет. Судијата ја одби нејзината кауција и го одложи рочиштето за 20 ноември. Откривање и истрага Според информациите на порталот 7NEWS, автомобилот со отворена врата прв го забележал велосипедист, кој ја затекнал жената раскрвавена. Останатите минувачи веднаш реагирале и им пружиле прва помош на мајката и децата и повикале брза помош. Полицијата во понеделникот објави дека жената најверојатно сама си ги нанела повредите и дека се смета за осомничена за нападот врз децата. Таткото на децата наводно бил на работа во моментот на нападот. Веднаш штом дознал за настанот отишол во болница за да биде со своите две деца. Нивната состојба во вторникот беше сè уште критична, но стабилна. Реакциите на заедницата и полицијата Порталот 7NEWS дознава и дека членовите на кениската заедница во Сиднеј се собрале да му дадат поддршка на таткото. Кенискиот конзулат потврди дека на семејството му ја дава сета потребна помош. Заменик полицискиот комесар во Нов Јужен Велс Питер Мекена го опиша нападот како варварски. „Употребата на нож или кое било друго ладно оружје...тоа е навистина варварски чин. А кога жртвите се деца, нема ништо полошо од тоа“, рече Мекена.Тагови: Австралија мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамРено ја претстави лимитираната верзија на Рафале- ќе има само 1.500 примероци (ФОТО)Renault го претстави Rafale Hypnotic, ексклузивно ограничено издание на својот врвен модел, ограничено на само 1.500 нумерирани примероци за европскиот пазар. Моделот е базиран на врвниот Rafale Hyper Hybrid E-Tech 4x4 300 КС Atelier Alpine, но има попрепознатлив дизајн, посебен ентериер и поширок спектар на стандардна опрема. Порадикален изглед и ексклузивни детали Rafale Hypnotic се издвојува со својата сатенско црна каросерија „шумско црна“, потемниот преден дел со црна решетка на ладилникот, 21-инчните алуминиумски тркала со сатенска завршница, елементи на покривот со сјајно црна боја, спојлер на багажникот и црно лого на Atelier Alpine. Висококвалитетен ентериер Кабината комбинира „титаниум црна“ алкантара со црн текстилен тапацир, сини, бели и црвени контрастни шевови и лого на Alpine „A“ со позадинско осветлување. Секој примерок носи посебна нумерирана плочка, а детали како што се сјајно црни влошки на вратите и црн под се дополнително истакнати. Стандардната опрема вклучува затемнет шибер Solarbay, греено ветробранско стакло, head-up дисплеј и премиум аудио систем Harman Kardon. Технологија од врвни перформанси Под ексклузивниот дизајн се крие plug-in хибриден погон со три електрични мотори и вкупна моќност од 300 КС, со опсег до 105 км во целосно електричен режим на возење. Спортски подесената шасија, развиена со помош на инженерите на Alpine Cars, вклучува погон на сите четири тркала, систем за управување на сите четири тркала „4Control Advanced“ и паметна суспензија со камера за предвидлива контрола. Цена и достапност Нарачките за Rafale Hypnotic на Рено ќе бидат отворени на 1 октомври 2026 година во 14 европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија и Шпанија. Во Франција, цената е 63.550 евра. Испораките на првите возила се очекуваат кон крајот на 2026 година. Ограниченото издание ќе биде изложено на штандот на Рено на Саемот за автомобили во Париз, кој се одржува од 12 до 18 октомври 2026 година.Тагови: примероци Рено Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook