Кристијано Роналдо: На мојот син не му е потребна мајка - Канал 5

Кристијано Роналдо: На мојот син не му е потребна мајка

Еден од најуспешните фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо во новиот документарец зборуваше за својот син Кристијано Јуниор.

Кристијано Роналдо: На мојот син не му е потребна мајка
Познатиот фудбалер во најновиот документарец на своите фанови им откри некои детали од својот приватен живот и за прв пат јавно проговори за својот син.

Во текот на 2010 година, Кристијано преку социјалните мрежи објави дека ќе стане татко, додека идентитетот на мајката остана строго доверлив.

И додека Кристијано често поставува фотографии со својот син на социјалните мрежи, тој никогаш ништо нема прокоментирано за мајката на детето.

Во документарците зборуваше на темата самохран татко и изјави дека на неговиот син „не му е потребна мајка и дека само тој, како татко е сосем доволен“.

„Луѓето шпекулираат околу тоа која е неговата мајка, но јас тоа никогаш нема да го откријам“ – изјави фудбалерот.

„Кога мојот син ќе порасне, ќе му речам што сум направил, што сум чувствувал и начинот на кој сум размислувал. Некогаш децата воопшто не ги запознаваат своите родители, па поради тоа сметам дека да се има само татко е сосем доволно“ – заклучи Роналдо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–Охрид

На автопатот Кичево–Охрид, на потегот меѓу Пресека и Песочан, кај клучката Арбиново, од денеска ќе се применува привремена измена на сообраќајниот режим поради работи за санација на левиот коловоз.

АМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–Охрид

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива без пречки, при претежно суви коловози.

Сообраќајот надвор од населените места е со умерен интензитет, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер