3Јаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревари
ФудбалКристијано Роналдо има закажано лекарски преглед во новиот клуб Ал Наср закажале термин за лекарски преглед на Кристијано Роналдо и резервирале сместување за него и придружниот персонал што ќе пристигне со него, потврдил клупски извор за CBS.Доколку сѐ оди според планот, португалската светска фудбалска ѕвезда после тоа ќе потпише вносен договор со клубот од Саудиска Арабија. Иако претходно се пишуваше дека Роналдо ќе заработува околу 200 милиони долари по сезона во Ал Наср, оваа информација беше демантирана од пишувањата дека тој треба да ја добие споменатата сума за целосниот договор во траење од две и пол години. Тој треба да добива 75 милиони долари по сезона. Роналдо всушност треба да го потпише договорот до 2030 година, а договорот на играчот го обврзува до 2025 година. Покрај улогата на играч, ќе ја добие и улогата на амбасадор за заедничката кандидатура на Саудиска Арабија, Египет и Грција за Светското првенство во 2030 година.. Исто така, му била понудена менаџерска функција во клубот, па ќе може, доколку сака, да избере тренер кој потоа би бил доведен во клубот и ќе ги преземе него и тимот. Уште пред да го напушти Манчестер Јунајтед, Роналдо беше поврзуван со многу европски клубови. Тој беше незадоволен и побара да си замине од „Олд Трафорд“, што на крајот го испровоцира со интервјуто со Пирс Морган. После тоа доби меѓусебен раскин на договорот. Агентите го нудеа на многу клубови низ најсилните европски лиги, но ниту еден од нив не беше подготвен да ја доведе 37-годишната ѕвезда под условите кои беа предложени. Парите не беа проблем за богатиот клуб од Саудиска Арабија и преговорите беа започнати. Роналдо ќе добие повеќе отколку што можеше во кој било европски клуб, а Ал Наср доби место во целиот спортски печат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: 82 години слободно Кавадарци!Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци.„Со почит и гордост одбележуваме 82 години од ослободувањето на нашиот град. Денес се сеќаваме на хероите кои го дадоа својот живот за слободата и иднината на генерациите што доаѓаат. Со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци им оддаваме почит на нивната храброст и жртва. Слободата е наша чест, но и наша обврска – да ја чуваме, почитуваме и пренесуваме на идните генерации. Нека ни е честит 7 Септември! Да живее Кавадарци! Да живее слободата!“- објави Јанчев на фејсбук. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
СветДали е ова можно: Трамп менува друго име на светската мапаАмериканскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека му се допаѓа идејата за промена на името на американската држава Ново Мексико во Нова Америка.„Многу луѓе предложија промена на името на Ново Мексико, една од најголемите држави на сите времиња во однос на изборните измами, во Нова Америка. Тоа е многу попрестижно и поубаво за луѓето од оваа потенцијално неверојатна држава. Многу ми се допаѓа таа идеја“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа „Truth Social“. Trump posts video of renaming NEW MEXICO state to NEW AMERICA pic.twitter.com/8mAeLJS8Ch — Karthik Reddy (@bykarthikreddy) September 7, 2026 Само пред десет дена, на крајот на август, американскиот претседател објави дека го преименувал езерото Онтарио во Езеро Америка. Во тоа време, тој потпиша извршна наредба во Овалната соба со која ѝ наложи на американската канцеларија за имиња на „National Geographic“ да го промени името на ова езеро. Езерото Онтарио, едно од петте Големи езера во Северна Америка, се наоѓа на границата помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревариВо последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици.Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес остварија средба со 100тина талентирани ученици кои преку здруженија на наставници или индивидуално, годинава учествуваа на меѓународни научни олимпијади и престижни ученички натпреварувања. На средбата, им порачаа дека се гордост на државата и дека институционалната грижа кон талентираните, како и кон сите ученици и млади ќе продолжи да се зголемува. „Се радувам што од година во година евидентираме сé поголем талентирани млади со желба за натпревар, кои сакаат да ја претставуваат државата надвор и со гордост го прават тоа. За мене тоа е вистински патриотизам и затоа продолжете да бидете репрезенти на татковината. Ви честитам на сите кои оваа година учествувавте на врвни натпревари, а дел од вас освоија и високи награди и признанија“, рече Јаневска пред учениците. Во последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици. Нивните семејства повеќе немаат грижи како ќе обезбедат средства за учество на меѓународни натпревари, затоа што Министерството за образование и наука во целост ги покрива трошоците за пат и котизација. Минатата година беа исплатени 5, а годинава досега 3 милиони денари за оваа намена. Министерката рече дека сите деца се важни и должност на институциите е да им се посветуваат подеднакво, да имаат поквалитетно образование и еднаков пристап до образовните можности. Но, талентираните ученици бараат посебно внимание за да можат целосно да ги реализираат личните аспирации и потенцијали, па оттука и значителната промена на политиките за нивна поддршка. Потсети дека министерството редовно објавува повици за доделување на парични средства за освоени високи места и медали на меѓународни натпревари, парични средства за освоени први места на државни натпревари, конкурси за доделување стипендии за талентирани средношколци, како и дека во тек е изработка на Концепција за детектирање и работа со талентирани деца.Тагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter