Кристијано и Георгина тајно се венчале?? - Канал 5

Кристијано и Георгина тајно се венчале??

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните десетина години, асот на Јувентус Кристијано Роналдо наводно веќе одамна го изговорил судбинското „ДА“.

Кристијано и Георгина тајно се венчале??

Кристијано и неговата поубава половина, свршеницата Георгина Родригез наводно пред седум месеци се венчале во тајност!!

Оваа информација ја пренел италијанскиот магазин „Новела 2000“, кој тврди дека Роналдо и Георгина тајно се венчале во Мароко на интимна церемонија.

Парот сакал и успеал да ја сокрие оваа церемонија од папараците и од фановите на Кристијано Роналдо.

Дел од медиумите шпекулираат дека венчавката се случила за време на последната посета на Кристијано и Георгина на Северна Африка, посета која се случила пред точно седум месеци.

Капитенот на Португалија во едно неодамнешно интервју изјавил дека планира да се ожени за да и ја исполни желбата на својата мајка.

Инаку, Кристијано и Георгина заедно се грижат за четири деца, нивната заедничка ќеркичка и за трите деца на Роналдо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата

Министерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем.

Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Министерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем.

„За нас како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, секој нов капацитет има пошироко значење. Нашата цел е да изградиме енергетски систем кој ќе биде сигурен, стабилен, модерен и конкурентен – систем кој ќе може да одговори и на потребите на граѓаните и на растечките потреби на индустријата“, истакна Божиновска.

Таа нагласи дека енергетската сигурност денес не е само прашање на производство на електрична енергија.

„Енергетската сигурност е прашање на економска стабилност, конкурентност, инвестиции и квалитет на живот. Секој нов мегават домашно производство значи дополнителен капацитет и поголема отпорност на нашиот систем во услови на променливи цени и неизвесности на европските и светските енергетски пазари“, порача министерката.

Божиновска посочи дека развојот на енергетиката мора да продолжи со инвестиции во нови производни капацитети, но истовремено и со сериозни вложувања во мрежата, инфраструктурата, енергетската ефикасност, обновливите извори и современите технологии.

„Тоа е патот кон енергетски систем кој нема само да произведува повеќе енергија, туку ќе биде подобро управуван, поотпорен и подготвен за предизвиците што ги носи новото време“, нагласи Божиновска.

Министерката испрати јасна порака дека Македонија има потреба од нови инвестиции во енергетиката и дека Министерството ќе продолжи да создава предвидлива и стабилна средина за нивна реализација.

„Енергетските инвестиции можат и мора да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди. Нашата задача како институција е да создадеме услови за развој, но истовремено да го чуваме јавниот интерес и да обезбедиме сигурен и стабилен енергетски систем за државата“, истакна Божиновска.

Таа додаде дека за Министерството е особено важно домашните инвеститори да имаат доверба и сигурност да вложуваат во енергетската иднина на државата.

„Нашата порака е јасна – Македонија треба да продолжи да гради, да инвестира и да создава нови енергетски капацитети. Но секоја инвестиција треба да носи поширока вредност – за економијата, за локалната заедница и за иднината на државата“, порача министерката.

Новата когенеративна постројка на „ТЕССА Енерџи“ е реализирана врз основа на Овластување за изградба на енергетски објект издадено од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, по успешно завршени технички прегледи и функционални испитувања. Тоа покажува дека енергетските инвестиции можат да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди.

Постројката има инсталирана моќност од 2,106 MW за производство на електрична енергија и капацитет од 2,6 MW топлинска енергија. Инвестицијата претставува прва фаза од поширок план за развој и модернизација на поранешната Топлана Скопје Север во современ енергетски центар.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со политики кои значат повеќе домашни капацитети, поголема енергетска сигурност и стабилен систем – затоа што силната енергетика е основа за силна економија и сигурна иднина на државата.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со мирис на ајвар, музика и многубројна публика започна „Taste the South“

Првата вечер од четвртото издание на „Taste the South“ донесе токму она по што е препознатлив југот – добра храна, музика, дружење и забава до доцна во ноќта.

Со мирис на ајвар, музика и многубројна публика започна „Taste the South“

Како што одминуваше вечерта, фестивалскиот простор во Mega Shopping Park собираше сè повеќе посетители. Мирисот на печени пиперки ја најави есента, а подготовката на ајварот привлече големо внимание. Посетителите имаа можност да го проследат целиот процес, да пробаат свежо подготвен ајвар и да уживаат во понудата на локални производи и македонски вина.

На сцената настапија ЗГУД „Негорци“ од Негорци и ЗГУД „Браќа Толеви“ од Прдејци, Филип Стојанов, „Пауза за ракија“, „Куку Леле“ и „Брас Брадарс“. Песната, танцот и добрата забава ја одбележаа првата фестивалска вечер и донесоа вистинско јужно расположение во Гевгелија.

„Taste the South“ продолжува вечерва со нови вкусови и нова музичка програма. Вториот фестивалски ден е посветен на смоквата и производите од смокви, па посетителите ќе можат да ја проследат нивната подготовка и да ги дегустираат специјалитетите по кои е познат гевгелискиот крај.

Вечерашната програма започнува во 18:30 часот со настап на КУД „Танец“ од Миравци. Во 19:15 часот ќе настапи „Леге Артис“, во 20:15 Кико Болеро и „Болеро бенд“, во 21:30 „Нокаут“, а вечерта ќе продолжи со Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ во 23:15 часот.

Фестивалот продолжува и во недела, од 14:00 часот е подготвена програма за сите генерации. Први ќе настапат Школата за гитари и Школата за тапани при Пионерскиот дом, по што следуваат Ансамблот „Бојмија“, танцовото студио „Мистик“ и Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“.

Во вечерниот дел ќе настапат Наталија Данаилова во 19:45 часот, „Два Бона“ во 21:00 часот и Каролина Гочева во 22:30 часот, со чиј концерт ќе биде заокружено четвртото издание на фестивалот.

Неделата ќе биде посветена и на традиционалната ракија. Посетителите ќе можат да ја проследат нејзината подготовка, да дегустираат и да поминат уште еден ден исполнет со вкусовите и обичаите на југот.

„Taste the South“ се одржува во Mega Shopping Park во Гевгелија. Вечерашната програма трае од 18:30 до 01:00 часот, а во недела од 14:00 до полноќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ за Македонија

„Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година.

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ за Македонија

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија.

Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер