Кристи Бринкли на насловна на „Sport Illustrated“ - има 63 години и не старее!

Прв пат манекенката беше на насловната страна на овој магазин пред точно 28 години.

Сега Кристи Бринкли е повторно на насловната страна на Sport Illustrated, каде позира заедно со своите ќерки - 31 годишната Алекса и 18 годишната Сејлор.

Во интервју за People, Бринкли изјави дека и требало време да се согласи да позира за овој часопис.

- Мојата прва помисла беше - зарем на оваа возраст? Никако! Па кога наполнив 30 години помислив дека тоа е мое последно сликање во костум за капење - вели супер - моделот.

Но вели дека се согласила бидејќи ова и било шанса да позира со ќерките.

Кристи Бринкли прв пат позираше за насловната страна на „Sport Illustrated“ во далечната 1979 година.

Icon: Christie had her first cover in 1979, followed up by a second in 1980 (R)

Вели дека се надева дека со најновата насловна, испраќа порака до повозрасните жени да не се чувствуваат несигурни поради стареењето.

- Жените се чувствуваат лимитирани со бројот на годините. На лично ниво, мислев, ако го спроведам ова, ќе помогнам да се редефинираат тие бројки и да се отстрани стравот од стареењето!

Generations of glamour! On Monday Sport Illustrated revealed shots of veteran model Christie Brinkley posing with her lovely daughters for this year's Swimsuit Issue


Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани

Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани, кај Градско.

Во СВР Велес вчера во 10,30 часот било пријавено дека при извршување земјоделски работи на нива покрај железничката пруга во атар на село Виничани, Општина Градско, била пронајдена една неиспукана артилериска граната калибар 100 мм.

Како што денеска информираат од СВР Велес, граната била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Усвоени реформите на европскиот Пакт за азил и миграција

Белгиската државна секретарка за азил и миграција Никол де Мур оцени дека реформираниот Пакт за азил и миграција ќе обезбеди поправеден и посилен миграциски систем што ќе прави конкретна разлика на теренот.  

Советот на ЕУ усвои 10 законски акти со кои се реформира европската рамка за управување со азилот и миграцијата, со што се воспоставува збир на правила за прием на мигранти, се создаваат ефикасни и усогласени процедури за доделување азил и треба да се обезбеди правична прераспределба меѓу земјите членки на товарот од прифатените мигранти.

Белгиската државна секретарка за азил и миграција Никол де Мур оцени дека реформираниот Пакт за азил и миграција ќе обезбеди поправеден и посилен миграциски систем што ќе прави конкретна разлика на теренот.

- Овие нови правила ќе го направат европскиот систем за азил поефикасен и ќе ја зголемат солидарноста меѓу земјите членки, истакна Де Мур, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Таа најави дека Европската Унија ќе ја продолжи својата соработка со трети земји за справување со, како што нагласи, главните причини за појавата на илегалната миграција.

- Само заеднички можеме да најдеме одговори за глобалниот миграциски предизвик, потенцира Де Мур.

Со измените земјите членки ќе може да ги упатуваат илегалните мигранти и барателите на азил на надворешните граници на ЕУ, каде преку процедурата за скрининг би се извршила нивна идентификација и здравствена проценка и би се провериле нивниот безбедносен ризик и ранливост.

Реформите предвидуваат систем за ажурирање на Европската дактилоскопија (Евродак), базата на податоци за отпечатоци на ЕУ за идентификација на барателите на азил и илегалните мигранти, со цел да се приберат попрецизни и поцелосни податоци, вклучително и биометриски, за сите категории мигранти, вклучувајќи ги лицата кои бараат меѓународна заштита. Унијата очекува да помогне за креирање миграциски политики и да ја подобри контролата на илегалната миграција и неовластеното преминување на границите.

Дополнително се поедноставува европската процедура за доделување азил и се утврдува постапката за враќање на лицата чии барања за азил се одбиени. Новите правила исто така одредуваат која земја е одговорна за проверка на барањата за доделување меѓународна заштита и воспоставува единствен европски систем на критериуми за добивање на статусот „лица под меѓународна заштита“.

Со правилата првпат се воведува систем за правична распределба во прифаќањето на мигрантите меѓу членките на ЕУ и се воспоставуваат стандарди за прием на баратели на азил.

Како еден од начините за справување со илегалните миграциски текови со реформите се предвидува воспоставување заеднички европски правила за преселување и хуманитарен прием, со цел обезбедување легални и сигурни патишта до ЕУ.

Новина во Пактот е воспоставувањето задолжителна гранична процедура за проверка на одредени категории азиланти, како на пример оние што доаѓаат од држави кои имаат ниски стапки на одобрување на барањата за азил, со што уште на самата граница не би им се дозволил влез на територијата на ЕУ.

Во случај на кризни ситуации, како на пример масовни пристигнувања на мигранти, членките имаат право да отстапат од одредени правила од Пактот, како роковите за регистрирање на барателите на азил или времетраењето на граничната процедура, но и да побараат засилена солидарност од другите земји на ЕУ. Тој кризен механизам може да се користи само во исклучителни околности и за строго определено време.

Сега по усвојувањето на реформите, земјите членки имаат рок од две години да ги имплементираат во националните законодавства, за што се очекува Европската комисија да изработи заеднички план за нивна имплементација.

Предлог-законот за амнестија за каталонските сепаратисти вратен во шпанскиот Конгрес

Предлог-законот за амнестија за каталонските сепаратисти, вклучувајќи го и Карлес Пучдемон, поранешниот претседател на шпанската провинција, е вратен во Конгресот откако Народната партија (ПП) стави вето.

Шпански медиуми наведуваат дека укинувањето на ветото се очекува со поддршка на Социјалистичката партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез и нејзините парламентарни партнери, како и дека ќе се гласа за конечно одобрување на законот за амнестија.

Иако рокот за гласање е средината на јули, шпанските медиуми наведуваат дека намерата на социјалистите е гласањето да заврши на пленарната седница на 30 мај. /МИА

притисни ентер