Кремљ „целосно се согласува“ со позицијата на САД за Украина - Канал 5

Кремљ „целосно се согласува“ со позицијата на САД за Украина

 Кремљ денеска соопшти дека „целосно се согласува“ со ставот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за потребата брзо да се стави крај на конфликтот во Украина, еден ден откако Киев и Вашингтон разменија остри критики.

Кремљ „целосно се согласува“ со позицијата на САД за Украина

„Тие зборуваат за потребата да се воспостави мир што е можно поскоро, преку преговори. „Ние, исто така, веќе истакнавме дека нашата позиција е подобра од онаа на претходната администрација“ и „целосно се согласуваме со американската администрација“, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кремљ, исто така, порача дека британскиот план за испраќање војници во Украина во рамки на мировната мисија би бил неприфатлив за Русија и дека со загриженост ги следи изјавите на британскиот премиер Кир Стармер.

Британскиот лидер рече дека е подготвен да испрати британски војници во Украина како безбедносна гаранција во случај да биде договорен прекин на огнот.

Стармер планира да му претстави на Доналд Трамп план за испраќање до 30.000 европски војници во Украина во замена за американска заштита за тие сили, објави Телеграф.

Песков рече дека предлогот е неприфатлив бидејќи би ги вклучил силите на државите-членки на НАТО и според тоа, ќе има последици за безбедноста на Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари.

„Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х.

Скопје, 1.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.

Шампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер

Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна.

Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот со 7-6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23.

Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, од шест даде Да Силва, четири Фадуил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва титула за кошаркарите на Голден Стејт во WNBA

Женскиот кошаркарски тим на „Голден Стејт“ ја освои шампионската титула во WNBA за првпат во својата историја, совладувајќи ја „Атланта“ со 68–63 на домашен терен во седмиот натпревар од финалната серија.

Прва титула за кошаркарите на Голден Стејт во WNBA

Женскиот кошаркарски тим на „Голден Стејт“ ја освои шампионската титула во WNBA за првпат во својата историја, совладувајќи ја „Атланта“ со 68–63 на домашен терен во седмиот натпревар од финалната серија, со што обезбедија вкупна победа од 4–3 во серијата.

Геби Вилијамс го предводеше „Голден Стејт“ до историскиот трофеј, постигнувајќи 30 поени. Тифани Хејс додаде 11, додека Вероника Бартон забележа 10 поени и 10 скока.

Во редовите на „Атланта“, Џордин Канада беше најефикасна со 18 поени, а Алиша Греј придонесе со 16. На тој начин, „Голден Стејт“ го освои шампионскиот трофеј уште при својот прв настап во финалето, додека „Атланта“ не успеа да дојде до титулата, иако по четврти пат стигна до финалната серија.

Најуспешните тимови во историјата на WNBA се „Минесота“, „Хјустон“ и „Сиетл“, од кои секој има освоено по четири шампионски титули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер