Кралицата објави нова забрана за Хари и Меган, што ќе им го искомпликува животот - Канал 5

Кралицата објави нова забрана за Хари и Меган, што ќе им го искомпликува животот

Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, мора да ја отфрлат „кралската“ титула, откако се повлекоа од дворецот и решија да бидат финансиски независни.

Кралицата објави нова забрана за Хари и Меган, што ќе им го искомпликува животот

По долги и комплицирани дискусии, се верува дека кралицата Елизабета Втора и високи британски официјални претставници се согласија дека е несоодветно парот да продолжи да го користи зборот „кралски“ во нивното „брендирање“ и повеќе не треба да се претставуваат како дел од кралското семејство, пишува „Дејли мејл“.

Поточно, Хари и Меган потрошија десетици илјади фунти на новата веб-страница ,,Сасекс Ројал”, за да го комплетираат својот многу популарен профил на Инстаграм со истото име.

Во исто време, тие ги направија првите потези за промовирање на добротворната организација Сасекс Ројал - ,,Војводата и војвотката од Фондацијата Сасекс”, но брендот сега ќе мора да се преименува.

Двојката сакала да го регистрира логото како светско лого за бројни активности, како што се модни брендови, книги и социјални услуги, пренесува Дејли Меил.

Хари и Меган, наводно, прифатиле дека, во согласност со своите нови позиции, тие нема да можат да ги користат кралските титули како што се надеваа.

Овој развој е голем удар за нив затоа што треба да започнат се одново и да се пререгистрираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигранти

Мароканската полиција пресретна и уапси околу 150 мигранти кои се обиделе да влезат во шпанската северно-африканска енклава Сеута.

Нов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигранти

За време на операцијата, како што пренесуваат светските бил употребен солзавец, а на безбедносните сили им помагаа хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња.

Според извештаите, најголем дел биле граѓани на земјите од подсахарска Африка, но и десетици марокански државјани.

Најновиот обид за нелегален премин на границата доаѓа две недели откако повеќе од 72.000 мигранти влегоа во Сеута, при што околу 100 луѓе загинаа во обидот да стигнат до европско тло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО

Додека Мицкоски беше на „научнообразовна екскурзија“ во Белгија, Јаневска дома ја спроведува своја „образовна програма“ - ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.

СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО

Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата.

ВМРО ОКГ ја партизираше секоја институција, па сега на ред дојдоа и директорите од училиштата.

Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов спроведуваат хајка кон директори кои не се партиски послушници.

Прашуваме, дали едни исти двајца инспектори, Мирјана Насковска и Тони Илиев во повеќе училишта спроведуваат вонредни инспекциски надзори по претставки со слична или идентична содржина.

Дали врз директори од средни училишта се врши притисок да поднесат оставка или да се откажат од функцијата пред истекот на нивниот мандат.

Дали власта на Мицкоски врши политичка операција за чистење на кадри, неподобни директори и поставување на партиски послушници.

Дали инспекцискиот надзор е претворен во механизам за смена на неподобни директори.

Затоа ли овие двајца инспектори се појавуваат во речиси сите инспекциски надзори, а истовремено се и кадровски унапредувани и или наградувани.

Очигледно Наскова и Илиев се „инспектори од доверба“ на ВМРО, за специјална намена. Инспектори кои се користат за однапред зададена политичка задача.

Ваква постапка за притсок и смена на неподобни директори се одвива и во средното училиште во Скопје „Панче Арсовски“, каде што постапуваат токму овие двајца инспектори.

Истовремено, веќе има директори кои ги оспориле решенијата за разрешување.

Дел од постапките се пред второстепени органи, а има и случаи во кои Управниот суд интервенирал и ја вратил постапката на повторно одлучување, како и случаи со мериторни одлуки во корист на разрешени директори.

СДСМ не е против инспекцискиот надзор, но се противи да биде злоупотребен овој механизам како средство за реваншизам и поставување на партиски подобни директори.

Го повикуваме Државниот просветен инспекторат веднаш да ја запре оваа политичка операција за елиминација на неподобни директори.

Јавно да одговори: зошто едни исти инспектори се појавуваат во повеќе вакви постапки?

Бараме проверка на постапувањето на инспекторите, на критериумите за нивните кадровски унапредувања или дополнителните надоместоци, на начинот на распределба на предметите и наводите за притисоци врз директори.

Партиските интереси и канџи мора да се тргнат од образованието. Тоа требало да го види Мицкоски на научната екскурзија во Бриж.

Училиштата не се партиски штабови. Директорите не се партиски послушници.

Затоа македонското образование со ВМРО-ОКГ тоне.

Државниот просветен инспекторат треба да биде чувар на законите, а не чувар на партиските интереси и политички инструмент на власта на ВМРО.

Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Додека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност.

Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија потребните испитувања и потврдија дека водата е безбедна за пиење. Наместо да ги прифати фактите, СДС продолжува да создава сомнеж кај граѓаните.

Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на СДС. Водата во Гостивар е безбедна, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно.

Додека Филипче е на Паљури со Заев, хаосот во СДС е поголем од кога било. Наместо да измислуваат кризи, во СДС треба да се справат со сопствениот хаос.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер