Кралицата Елизабета го прослави роденденот- Меган и Хари одушевија со честитката - Канал 5

Кралицата Елизабета го прослави роденденот- Меган и Хари одушевија со честитката

Британската кралица Елизабета II денеска го прослави 93. роденден.  

Кралицата Елизабета го прослави роденденот- Меган и Хари одушевија со честитката

Кралицата владее со Британија повеќе од 67 години , а годинава роденденот и се поклопи со Велигден , па го просклави во црквата Св.Џорџ во Виндзор. Кралицата на мисата во кралската црква за Велигден стигна во тиркизен капут и шешир.

Таа дојде со принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Таму веќе ја чекаа трудната војвотка Меган и сопругот , принцот Хари. Бебето , кое треба да се роди до крајот на овој месец , ќе биде осми внук на кралицата.

,,Среќен роденден , Ваше Височество, Мамо, Бабо.” , напишаа Хари и Меган на честитката за кралицата , која ја објавија на Инстаграм.

Роденденот на кралицата во понеделник ќе биде одбележан со плотун на воена парада во 11 часот во Хајд Парк , во близина на Бакингамската Палата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологија

Светот се промени, а проширувањето мора да се промени со него.

Кос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологија

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ги претстави клучните елементи за сеопфатната реформа за проширување, која треба да биде усвоена на 30-ти септември. Планот кој Кос го презентирала на Конференцијата на амбасадори во Загреб, а чија содржина писмено ја објави Европската Комисија предвидува постепена итеграција, построги проверки на земјите кандидати и нова методологија. За Кос за да им се каже добредојде на нови членки, клучно е да се постигне консенсуз за четири столба, внатрешни реформи, демократски заштитни мерки, методологија на проширување и транзициски мерки. Во говорот на Кос доминираат прашањета како Унијата да се заштити од можноста една земја да ги блокира сите други или да отстапи од демократските стандарди, како искуствата со Унгарија, што сугерира на идејата новите земји членки одреден период да немаат право на вето.

-Мора да бараме поамбициозни начини за постепена интеграција. Но, Прво треба да го разбереме влијанието што новодојденците можат да го имаат. А кога влијанието може да биде штетно за нашите земји-членки, мора да дејствуваме за да ги заштитиме нивните интереси. Мора да се осигураме дека нема да дозволиме да влезат тројански коњи. Ниту денес, ниту за 10 или 20 години од сега. , изјавила Кос во Загреб.

Во мисија на која треба да ги чуе ставовите на сите земји членки и за проширувањето, денеска тргна првиот човек на Европскиот Совет, Антонио Кошта на таканаречената „тура низ главните градови“, на која во наредните недели ќе се сретне со лидерите на сите земји членки. Прва дестинација му беше Братислава и средба со словачкиот премиер Фицо.

Поддршката за Западен Балкан, Молдавија и Украина на нивниот пат до членство во ЕУ е инвестиција во Европската, но и словачката безбедност и просперитет. Ние треба да продолжиме да работиме со кандидатите врз основа на процес на заслуги и почитувајќи ги сите подеднакво. , изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет

Во изминатиот период на маса беа ставени неколку нон пејпери, како постепено членство со одредени бенефити, пристап до единствениот европски пазар и статус на привилегиран набљудувач, во кој многумина препознаа членство од втор ред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кружниот тек на Северен булевар во завршна фаза [☑️]

Кружниот тек на Северен булевар во завршна фаза [☑️], објави на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Кружниот тек на Северен булевар во завршна фаза [☑️]

Денес на кружниот тек на Северен Булевар се реализираа завршните активности – се обележуваше хоризонталната сообраќајна сигнализација и се поставуваа сообраќајните знаци. Со асфалтирани 5.300 м², проектот е во својата финална фаза и наскоро кружниот тек ќе биде целосно ставен во функција.

Продолжуваме со работа до целосна реализација! [🏗️], стои во објавата на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата донесе одлука од денеска до 30 септември трговците да ги намалат цените за 10 до 15 проценти за училишниот прибор

Во пресрет на почетокот на учебната година, владата донесе одлука од денеска до 30 септември трговците да ги намалат цените за 10 до 15 проценти за училишниот прибор.

Владата донесе одлука од денеска до 30 септември трговците да ги намалат цените за 10 до 15 проценти за училишниот прибор

Дополнително трговците се задолжуваат покрај новата, на производите да ја прикажат и старата цена

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер