3ВМРО-ДПМНЕ: Нови улици, училишта, спортски содржини и зголемена поддршка за семејствата, Илинден се развива со дела
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Шоу бизКрај на бракот меѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ?!Сопругот на популарната српска пејачка Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ повлекол потез кој предизвикал шок во јавноста. Јелена не останала должна и веднаш му вратила.Дали Душко и Јелена го најавија крајот на својот брак? Веќе извесно време балканските медиуми шпекулираат дека бракот на Јелена и Душко е на стаклени нозе, а главна причина за тоа е наводната порно афера на Карлеуша со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш. Душко неодамна ја отпрати сопругата Јелена на Инстаграм, а сега од својот профил ги избришал и сите заеднички фотографии со сопругата. Дали овој потег покажува дека нивниот брак е готов, ќе покаже времето. Јелена не останала должна и реагирала со иста мерка, го отпратила сопругот Душко на Инстаграм , но на нејзиниот профил се уште има некој нивни заеднички фотографии на кои се и нивните две ќерки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа. Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието. Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, лишено од слобода едно лицеПри извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.Вчера (12.09.2026) во 22:20 часот, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад-Охрид, во рамки на преземените мерки и активности во врска со недозволена трговија со дрога, кај Автокамп „Љубаништа“ извршиле контрола и преглед над А.Ш.(43) од Прилеп. При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета. Лицето било лишено од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови улици, училишта, спортски содржини и зголемена поддршка за семејствата, Илинден се развива со делаЗа период од една година Општина Илинден со посветена работа и јасна визија продолжува да се сразвива и да создава подобри услови за живот на сите граѓани.Во изминатиот период во Општина Илинден се реализираа бројни проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. Општина Илинден продолжува со силни инвестиции во инфраструктурата. Реконструирани и изградени се повеќе локални улици и патишта во Илинден, Кадино, Мршевци Дељадровци и населбата Јака, а во тек се и нови инфраструктурни проекти. Посебен фокус е ставен на иднината на децата. Започната е изградбата на новата училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“, со 10 училници и современи услови за настава. Во училиштата низ општината продолжуваат реконструкциите, опремувањето и создавањето подобри услови за учениците. Грижата за семејствата останува еден од приоритетите. Еднократната финансиска поддршка за новороденчињата е зголемена на 6.000 денари, а од учебната 2026/2027 година е воведена и поддршка од 3.000 денари за секое прваче, покрај бесплатните ранци и прибор. Се инвестира и во спортот. Се гради нова трибина на фудбалскиот стадион во Илинден со капацитет од околу 1.100 гледачи, додека спортската сала „Гоце Делчев“ се реновира по речиси две децении. Реконструирани се и спортски игралишта во Мралино и Марино. Инвестициите во животната средина и комуналната инфраструктура продолжуваат. Изградени се повеќе километри канализациска мрежа во Кадино, започнат е голем проект за канализација во Миладиновци, продолжува проширувањето на водоводната мрежа, а во рамките на проектот „Зелена Општина Илинден“ засадени се над 1.000 нови садници. Ова се само дел од проектите кои се реализирани. Општина Илинден продолжува со уште посилно темпо, за современа инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе можности за младите и сигурна иднина за секое семејство. Илинден продолжува да се развива и да се менува на подобро. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter