Славна американска атлетичарка убила таксист „од забава“ и му го фрлила телото (ВИДЕО) - Канал 5

Славна американска атлетичарка убила таксист „од забава“ и му го фрлила телото (ВИДЕО)

Американската атлетичарка Кајла Досон (27) се соочува со сериозни обвиненија и потенцијална затворска казна откако наводно го убила возачот на Убер, Џереми Кемпбел (38).

Славна американска атлетичарка убила таксист „од забава“ и му го фрлила телото (ВИДЕО)

Според полициските извештаи, таа рекла дека се чувствувала нерасположено и резервирала Убер за „забавно возење“. Атлетичарката исто така тврдела дека Кемпбел се обидел да ја нападне пред таа да земе нож и да го избоде до смрт. Потоа го фрлила неговото тело и го возела крвавиот автомобил назад кон нејзиниот стан, објави Дејли Меил.

YouTube video

Кајла Досон е фрлач на ѓуле која се натпреваруваше пред една година за квалификација за Олимписките игри во Париз.

Сега се соочува со обвиненија за убиство од небрежност, кражба на моторно возило и уништување докази.

Сè стана чудно кога семејството на убиениот таксист забележале дека Кемпбел го нема. Со оглед на тоа што бил парализиран од десната страна на телото, тие решиле брзо да реагираат, но не очекувале толку трагичен исход.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетина колапси на јавни места за неполни 40 часа - „вжештена“ линијата на 194

На речиси еден саат по еден колабиран на улица.

Десетина колапси на јавни места за неполни 40 часа - „вжештена“ линијата на 194

Од утрово до пладне Брза помош интервенирала за четири колапси, а исто толку имало и во вчерашната дневна смена. Лекарите од службата велат дека деновиве се повеќе граѓани се јавуваат на 194 барајќи совет како да си помогнат за да можат да „го изгураат денот“ поради вртоглавици, болки во пределот на слепоочниците и омалаксаност. Симптоми на метеоропатија чувствуваат и млади и здрави луѓе, вели Д-р Елена Пиловска која појаснува дека топлото и променливо време, особено пред невреме, знае да направи силни промени во општото здравје.

Метеоролошките улови не влијаат само на физичкото здравје, туку може да доведат до голем пад на концентрацијата, затоа во кога има високи температурни разлики и промени во атмосферскиот притисок се препорачува зголемена внимателност, особено зад воланот.

Освен да се пие голема количина на вода и да се внесува полесна храна, овошје и зеленчук, лекарите препорачуваат да се користи секој слободен миг и да се замине на планина, во природа богата со кислород, односно да се вдише чист и незагаден воздух.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку

Иако во изминатите седум години бројот на ученици е намален за дури 17 илјади, а со тоа е променет и соодносот меѓу наставниците и учениците, министерката за образование и наука Весна Јаневска уверува дека нема да има отпуштања на наставен кадар.

Јаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку

На отчетот за сработеното во првите две години од мандатот, Јаневска оцени дека квалитетот на образованието е унапреден преку низа реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите и научната заедница. Како еден од позначајните процеси ги издвои токму оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето на едносменска настава во повеќе од 200 училишта низ државата.

- На овој начин не само што се заштедуваат средства, тоа е помалку важно, туку децата повеќе се социјализираат, учат во подобри услови и постигнуваат подобри резултати. Свесна сум дека има реакции, но да повторам никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17.000 ученици помалку. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука

Откако обелодени дека само тројца ученици се запишале во земјоделската струка во средното училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола и поради тоа ќе мора да бидат прераспределени во друга паралелка, Јаневска посочи дека поради долгогодишниот недостиг на интерес било предложено оваа струка да се префрли во регионалниот центар, но по реакциите од училиштето и локалната заедница, предлогот не бил реализиран. Според министерката, потребен е поголем ангажман на наставниците во промоцијата на струката и информирањето на деветтоодделенците за можностите што ги нуди таа професија.

- Ние сме имале примери на училишта со многу низок рејтинг кои со тек на време, токму поради ангажманот на наставниците, станале реномирани училишта. Тоа го покажува искуството. Кога велам дека треба да покажат ангажман, јас не ги критикувам, јас само ги замолувам да направат нешто за да ги задржиме нашите деца на соодветните места. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука

Меѓу реализираните активности, Јаневска ги посочи и зголемените плати за наставниците, проширувањето на системот на стипендии, инвестициите во училишната инфраструктура и дигитализацијата на образовните услуги. Според неа, во изминатите две години биле вложени околу 70 милиони евра во образовни проекти, додека буџетот за високото образование и науката бил значително зголемен. Јаневска повтори и дека третa година по ред учебниците ќе бидат доставени до учениците на почетокот на учебната година, додека поддршката за инклузивното образование била зајакната со ангажирање на 1.350 образовни асистенти во основното и 150 во средното образование.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица

„Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ 

Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица

„Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ по одлуката на Вишиот управен суд да ја поништи одлуката со која беше запрено спојувањето на концесиите за експлоатација на рудникот кај Иловица – Штука. Од таму велат дека пресудата не значи „зелено светло“ за работа на концесионерот Еуромакс, туку, судот само утврдил процедурални пропусти во владината одлука од 2023 за поништување на спојувањето на концесиите. Според нив, Вишиот управен суд не се произнел по суштинското прашање, дали концесиите се законски оти одамна се истечени роковите според Законот за минерални суровини. Од еколошкото движење за Канал 5 велат дека втор дом немаат, и дека за единствениот жестоко ќе се борат.

-Ние сме тука, ние ќе се бориме, а тие колку имаат желба да трошат енергија и ресурси за да се борат со нас, треба да им биде јасно. Треба да им биде јасно, ние втор дом немаме, тој е еден, па ако мислат дека туку така лесно ќе поминат преку нас мислам дека се лажат. Нас не ни е нешто ново, ние некогаш на мајтап си велиме ние се дома, тие доаѓаат кај нас, ние друга опција освен да се браниме и да штрајкуваме, и да вршиме притисок на властите бидејќи властите беа тие кои ни ветуваа. Ова што ни се случува од нашиве власти е играње – мачка и глушец- Цветанчо Ѓорѓиев – Еко-движење „Здрава Котлина“

Од „Здрава Котлина“ додаваат дека е симптоматично што државата не ја обжалила одлуката во предвидениот рок и дека Владата и натаму има механизми да го одбие спојувањето на концесиите на Еуромакс. Тие велат дека Струмица и 70тина села од околината ја користат подземната вода која при експлоатација би се загадила со сулфур и цијанид.Од владата пак, по одлуката порачаа дека станува збор за наследен процес од претходната влада и дека судската одлука мора да се почитува, но и еколошките стандарди.

-Приоритет останува создавање на услови за економски раст, нови инвестиции и отварање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почирување на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи. - Влада на Република Македонија

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со концесионерот „Еуромакс“ која го развива проектот Иловица – Штука и доби концесии во 2012 година за став, но до подготовка на прилогот не добивме одговор одговорија. Дел од медиумите пак пренесуваат дека од компанијата пресудата ја толкуваат како целосно враќање во сила на одобрението за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“, а воедно и дека очекуваат комуникација со властите за да го финализираат новиот договор, потребен за натамошен развој на проектот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер