3МФ: Усвоен Ребалансот на Буџетот – Продолжува поддршката на инвестициите, локалниот развој и политиките за економска стабилност
ЗдравјеКовид пандемијата со негативни последици врз менталното здравје на младитеКовид пандемијата ја истакна важноста на менталното здравје особено кај адолесцентите, а социјалната дистанца и недоволната информираност помеѓу институциите како пречки при решавање на проблемот со психичкото здравје кај младите. Ова беше споделено на денешната панел дискусија на која беше презентиран документот кој содржи мерки и предложени пристапи за донесителите на одлуки кои го засегаат менталното здравје на младите, врз претходно споделени ставови од страна на младите, професорите, наставниците, родителите и психолозите. Содржината на документот има за цел да ги спои јавните институции и граѓанскиот сектор во развивање различни системи и програми кои ќе бидат посветени на менталната благосостојба на младите. Документот е изработен од психологот Јасмина Михајлоска, во рамки на проектот „Ментално здравје – сега е моментот" што го спроведува Здружението на граѓани „Младите можат" во партнерство со Y-peer Македонија, како дел од Еразмус плус програмата поддржана од Европската Унија. Михајловска појасни дека пандемијата особено ја истакнала важноста од менталното здравје кај младата популација. -Според најновите проценки, во нашата земја околу петтина од населението се млади. Пандемијата дополнително влијаше на потенцирање на одредени проблеми кои ги имаат младите од аспект на нивната ментална благосостојба. Од друга страна се тргнаа од училиште и учителите го изгубија оној многу важен контакт со младите и ги изгубија сликите за тоа како се чувствуваат учениците во дадени моменти. Тоа влијае кај младите на зголемување на анксиозност до пореметување на биоритамот, но и попуштање во школскиот успех, потоа агресивно однесување кое е доста видливо, изјави Михајлоска. Оцени дека од големо значење е подлабокото системско навлегување при справувањето со оваа проблематика. -Во подготовката на овој документ беше значајно тоа што не постојат официјални статистики во земјата ниту за процент на млади кои користат психолошки услуги, дури ни здравствените установи немаат офцијални бројки колку млади користат психијатарски услуги, колку млади имаат некакви проблеми, постои еден мрак во однос на таа информираност, немаме слика за тоа каква е состојбата, потенцира Михајловска. Според неа, треба да се подобри комуникацијата помеѓу институциите, и околината да научи да ги препознае негативните појави кај адолесцентите. -Околината треба да знае како да го препознае и отако ќе го препознае да знае како да изреагира. Оттука сметам дека е многу важна обуката на наставниците социјалните работници и матичните доктори, заклучи Михајлоска. На панел дискусијата беше истакнато дека според одредени анализи, младите најчесто психологот во училиштето го гледаат како казнена мерка, додека мал е процентот на ученици кои своеволно се одлучуваат на разговор со стручното лице. На настанот присуствуваше и директорот на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски, рече дека овој проект овозможува поголема вклученост на младите и институците. -Она што сите сме свесни еве и денеска со овие маски што ги носиме во ова време на пандемија само уште повеќе можеби ја издигна оваа тема да ја разговаараме. Некои за волја на вистината можат да разговарааат меѓутоа кај некои луѓе остави големи негативни последици, меѓутоа кај оние кои беа свесни овој период се издигна едно прашање што е е тоа што го правиме за нашата состојба и што е она што го правиме за да сме среќни, што е она што како луѓе навистина се грижиме за нашето здравје, а особено во овој период, потенцира Ѓоргиевски. Информира дека во иднина ќе има поголема иницијатива за настани односно семинари со цел ваквите проблематики да бидат истакнати, а младите преку идеи да придонесат во нивно решавање. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРускиот амбасадор е протеран од Романија поради дроновите Романското Министерство за надворешни работи објави дека рускиот амбасадор во земјата, Владимир Липаев, е прогласен за персона нон грата .Романското Министерство за надворешни работи објави дека рускиот амбасадор во земјата, Владимир Липаев, е прогласен за персона нон грата откако романската војска собори три дронови над романска територија, за кои беше утврдено дека се руски. Во соопштението се наведува дека рускиот амбасадор има пет дена да ја напушти Романија и дека романскиот амбасадор во Русија ќе биде повикан во Букурешт на консултации, објавува порталот Digi24. Рускиот амбасадор бил поканет на состанок од романската министерка Оана Којшу, а на состанокот му била врачена вербална нота во која романската страна го информирала за спроведувањето на декларацијата за неприфатлив статус на член на мисијата на Руската Федерација во Букурешт. На рускиот дипломат му биле презентирани фрагменти од дронови што биле уништени на романска територија, за кои истрагата спроведена од обвинителството официјално потврди дека се од руско потекло. Како што беше најавено, за време на состанокот било нагласено дека е неприфатливо Руската Федерација да продолжи да го нарушува романскиот воздушен простор, кој е и воздушен простор на НАТО и Европската Унија. Романската страна нагласи дека Руската Федерација сноси единствена одговорност за сите овие сериозни инциденти и за влошувањето на регионалната безбедносна средина и најави дека ќе продолжи тесно да го координира својот одговор со сојузниците и партнерите во рамките на НАТО и ЕУ и дека останува цврсто посветена на преземање на сите потребни мерки за заштита на националната безбедност и нејзините граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПремиерата на „Три сестри“ со превод на англиски јазик- МНТ се отвора кон меѓународната публикаМакедонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември.Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката - воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот станува уште подостапен за странската публика и сите љубители на уметноста кои не го разбираат македонскиот јазик, овозможувајќи им целосно да ја доживеат сценската изведба. Токму премиерата на „Три сестри“ ќе биде првата претстава изведена со превод на англиски јазик - чекор што ја потврдува определбата на Македонскиот народен театар кон поголема отвореност и доближување на македонската театарска продукција до пошироката меѓународна публика. Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, претставува современо читање на едно од најзначајните дела на светската драмска литература. Во претставата настапуваат: Дарја Ризова - Ирина, Наталија Теодосиева - Маша, Верица Недеска - Олга, Дамјан Цветановски - Андреј, Благој Веселинов - Александар, Емил Рубен - Иван, Ивица Димитријевиќ - Игор, Нина Деан - Наташа и Антонио Ташковски - Никола. Креативниот тим го сочинуваат сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски и извршните продуценти Симона Угриновска и Виктор Рубен. Билетите за премиерата и за првите изведби се веќе во продажба. Ја покануваме публиката навреме да го обезбеди своето место и да биде дел од свеченото отворање на новата театарска сезона. Со оваа нова практика, уметноста на МНТ станува сè подостапна за меѓународните посетители. НУ Македонски Народен ТеатарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕкономијаМФ: Усвоен Ребалансот на Буџетот – Продолжува поддршката на инвестициите, локалниот развој и политиките за економска стабилностСобранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година.Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека тој претставува навремено и одговорно усогласување на буџетските проекции со новите економски околности, како и за обезбедување средства за исполнување на законските обврски кои во меѓувреме се случуваа и реализација на развојните приоритети согласно степенот на нивната реализација. Со Дополнетиот ребаланс вкупните приходи се ревидираат на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари или повеќе за 2,8% од првичните проекции. Буџетскиот дефицит е проектираниот на 46,3 милијарди денари или 4,1% од БДП. „Со овие измени обезбедуваме средства за исплата на зголемените плати во секторите каде што е предвиден раст, дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините. Она што особено го издвојува овој ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус и реализацијата на инфраструктурните проекти“, рече министерката. Таа додаде дека измените се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии и потенцира дека денес со изгласувањето на Ребалансот продолжува инвестицискиот циклус, изградбата на инфраструктурата, поддршката за локалниот развој и се обезбедува сигурност и предвидливост за граѓаните и стопанството. Со ребалансот се обезбедуваат 5,8 милијарди денари повеќе средства за капитални инвестици и се проектирани на ниво од 46 милијарди денари што е 14,3% повеќе во споредба со иницијалниот буџет, а заради забрзаната динамика на реализација на капиталните проекти. Имено, во првата половина од годината реализацијата на капитални расходи достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на ставката за капитални расходи и инвестиции во инфраструктурата е причината за корекцијата на дефицитот од 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција на буџетскиот дефицит. Средствата се насочени кон реализација на проекти коишто директно го подобруваат животот на граѓаните и ќе создадат економски придобивки во наредните години. Планирано е финансирање проекти во патната инфраструктура и железничката инфраструктура, во областа на животната средина и комуналната инфраструктура, енергетика, образованието и детската заштита, земјоделство, правосудството, како и средства за капитални проекти во општините, односно поддршка на локалниот развој. Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за сервисирање на најприоритетните обврски коишто произлегоа од потпишаните колективни договори, односно за повисоки плати, повеќе средства за земјоделството, како и за социјалната заштита. Дополнително, преку вградувањето на амандманите, се обезбедија средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Исто така, дополнителни 6 милиони денари се обезбедија за транспорт на вода за населението во Гостивар поради прогласената епидемија, 1 милион денари за Управата за извршување на санкции; 10 милиони денари во МОН за реконструкција на факултети, 12 милиони денари во Јавното обвинителство за продолжување на лиценца за набавка на софтвер, 170 милиони денари се во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за изградба на дистрибутивни центри во Скопје и Струмица и реновирање и адаптација на зградата на ИПАРД, како и 80 милиони денари во Агенцијата за стокови резерви. Растот на БДП за 2026 година со Ребалансот е проектиран на 3,5%. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook