МакедонијаКовид пациент од ГОБ „8 Септември“ се самоубил со скок од првиот кат на болницатаПациент во Ковид центарот во ГОБ „8 Септември" утрово си го одзел животот скокајќи од првиот кат на болницата. Хоспитализиран бил пред пет дена.70 годишниот пациент со денови бил во тешка здравствена состојба поради ковид вирусот. Неговиот капациетет на дишење бил со 40 сатурација и тоа било една до причината да има и психолоши проблеми. Докторите објаснуваат дека и покрај напорите и дадените лекови неговата психичка состојба се влошувала. Тој успеал да стане од креветот и да скокне од прозорцот од првиот кат. Психолозите објаснуваат дека за психолошкиот дел од панедемијата нема вакцина. Потребно е заминување на психолог или психијатар за да се спречи прогресирање на одредена психичка состојба. На местото на несреќата пристигнале полиција и јавен обвинител, телото е предедано на судска медицина. И екипа на државниот здравствен инспекторат вршат проверка за овој случај. Од судска медицина за Канал 5 објаснуваат дека досега биле направени 15 обдукции на починати со ковид 19. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПоранешна готвачка ја тужи Кајли Џенер: Работев 12 часа на смени, поради тоа имав спонтан абортус Кајли Џенер се соочува со нова тужба од поранешна приватна готвачка која тврди дека била преоптоварена за време на бременоста, што, според неа, довело до спонтан абортус.Во тужбата поднесена против Џенер се тврди дека готвачката имала спонтан абортус во февруари минатата година откако, како што тврди таа, била принудена да работи „прекувремено, физички напорни работи и да учествува во настани под висок притисок“, пишува LADbible. Работела во смени од 12 часа и покрај бременоста со висок ризик Според судските документи што ги видел „Лос Анџелес Тајмс“, жената, чиј идентитет не е објавен, рекла дека редовно работела во смени од 11 до 12 часот, пет дена во неделата. Таа, исто така, тврди дека ја информирала својата работодавачка и нејзиниот менаџерски тим за бременоста со висок ризик и побарала прилагодувања за да го заштити своето здравје. Во февруари 2025 година, додека била бремена пет месеци, работела на настан во Палм Спрингс, Калифорнија. Во тужбата се наведува дека во тоа време не ѝ била обезбедена соодветна поддршка, и покрај тоа што наводно побарала помош и предупредила за исцрпеност. „Поради исцрпеност и прекумерен физички напор, таа емоционално се распаднала во бањата за време на настанот“, се наведува во документите. После тоа, понатаму се тврди во тужбата, таа чувствувала екстремна физичка слабост и тежина низ целото тело. Следниот ден, се разбудила крварејќи и се одвезла во болница, каде што ѝ било кажано дека го изгубила своето неродено дете. По спонтаниот абортус, се вели дека се соочила со депресија. Адвокатот на готвачката се огласи Готвачката дополнително тврди дека била „нелегално отпуштена“ во пролетта истата година и бара отштета од Џенер во сè уште неопределен износ. Нејзината адвокатка Дела Шејкер изјави за „Лос Анџелес Тајмс“ дека „статусот на ѕвезда не ослободува никого од законите за труд во Калифорнија“ и додаде дека ќе презентира докази на суд и ќе дозволи фактите да зборуваат сами за себе. Таа, исто така, истакна за „Индипендент“ дека законите важат подеднакво за сите, без оглед на богатството, влијанието или јавниот профил, нагласувајќи дека нивниот клиент заслужува иста заштита како и секој друг вработен во Калифорнија. Ова е најновата во низата тужби со кои се соочува Џенер, откако две поранешни домаќинки поднесоа посебни тужби против неа претходно оваа година. Кајли Џенер сè уште не проговори јавно за обвинувањата, а нејзините претставници не одговорија на барањата за коментар.Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДоживотен затвор за Саудиецот кој уби шест луѓе на Божиќниот пазар во Германија Високиот покраински суд во Магдебург денеска го осуди Талеб Ал Абдулмосен на доживотен затвор за нападот на божиќниот пазар во Магдебург во 2024 година.„За време на извршувањето на злосторството, осудениот не почувствувал ни најмало сочувство кон жртвите. Тој се грижел само да убие што е можно повеќе луѓе“, рече претседателот на судскиот совет, Дирк Стернберг, за време на изрекувањето на пресудата. Брзал низ панаѓурот, уби шестмина Судот утврди дека на 20 декември 2024 година, осудениот намерно се возел низ божиќниот пазар во Магдебург со изнајмен камион и убил шест лица, вклучувајќи и деветгодишно момче. Во таа прилика, повредени се 200 лица, што судот го класифицираше како обид за убиство. Мотиви од лична природа, а не идеолошки Судот утврди дека постапките на 51-годишниот државјанин на Саудиска Арабија, Талеб Ал Абдулмосен, не биле мотивирани од идеолошки мотиви, туку од лични мотиви. „Сторителот се грижи само за себе“, рече Стернберг. За време на судењето, експертите утврдија дека обвинетиот имал нарцисоидно растројство на личноста и, како што наведоа, огромна потреба за внимание. Постои можност за ослободување Дали Талеб Ал Абдулмохсен ќе биде ослободен по отслужување на најмалку 15 години затвор, кога доживотните казни во Германија можат да аплицираат за условна слобода, останува отворено прашање. Судот, исто така, утврди дека обвинетиот ја пренел својата омраза кон германската држава, со која бил во конфликт околу прашањето за критикување на режимот во Ријад, врз германските граѓани.Тагови: доживотен затвор божиќниот пазар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
СветЖена во Венецуела се породи под урнатините (ВИДЕО)Во Венецуела, опустошена од серија разорни земјотреси, мајка се породи под урнатините на срушена зграда.Стотици луѓе загинаа, а илјадници останаа без своите домови откако два силни земјотреси ја погодија земјата во среда навечер. Се појави и видео на кое се гледа жена како лежи на штица на земја, опкружена со луѓе во темница. Друга жена ѝ помага да се породи и носи на свет плачливо бебе. Жената што се породила потоа клекнала и го завиткала новороденчето, додека другитсе собраа ја покрија мајката со ќебиња. 💔A woman in Venezuela gave birth in the ruins after an earthquake, without electricity or medical assistance The delivery took place in a destroyed building. There were no doctors, no power, and no equipment nearby. Volunteers helped and delivered the baby using flashlight… pic.twitter.com/BZQuE4ieIF — NEXTA (@nexta_tv) June 26, 2026 Два земјотреси за помалку од една минута Повеќе од 250 згради се урнаа по таканаречениот двоен шок - два шока што се случија еден по друг во рок од само 39 секунди. Првиот земјотрес беше со магнитуда од 7,2 степени, а вториот 7,5. Илјадници луѓе беа заробени под урнатините. Според официјалните податоци, 589 лица се потврдени како мртви, 2.980 се повредени, а 57.000 се водат како исчезнати. Сепак, Геолошкиот завод на САД проценува дека во катастрофата би можеле да загинат до 10.000 луѓе.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36