МакедонијаКовачки: Заедно испишавме уште една значајна страница од нашата историја, 36 години ВМРО-ДПМНЕ - посветеност, единство и довербаВчера, по повод одбележувањето на 36 години од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, имавме чест и задоволство да бидеме заедно со десетици илјади граѓани.Вчера, по повод одбележувањето на 36 години од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, имавме чест и задоволство да бидеме заедно со десетици илјади граѓани кои со своето присуство дадоа силна поддршка и испратија порака на единство и заедништво. Искрено им благодариме на сите кои беа дел од овој значаен настан. Вашата доверба и поддршка се нашата најголема сила и мотив уште поодлучно да продолжиме да работиме за напредокот на Македонија. Во изминативе 36 години се соочивме со бројни предизвици, тешки моменти, неправди и разочарувања. Но секогаш кога некој мислеше дека сме ослабени, ние станувавме уште посилни. Токму вие, народот и граѓаните бевте и останувате нашата најголема поддршка и двигател на нашата истрајност. Идејата на ВМРО, поставена пред 133 години, живее и денес, затоа што 36 години ВМРО-ДПМНЕ е политичка организација создадена од народот и за народот. Затоа ниту еден предизвик, ниту еден напад, нема да може да ја поколеба нашата решеност да работиме во интерес на државата и на граѓаните. Вчера ja прославивме истрајноста, вербата, надежта и љубовта кон Македонија. Вредностите и идеалите на ВМРО остануваат автентични, македонски и цврсто втемелени во стремежот за просперитетна и успешна држава. ВМРО-ДПМНЕ за две години власт направи многу. Од историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции, до силен инвестициски циклус во инфраструктурата. Во моментов се реализираат шест нови автопатски решенија кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а се предвидени и 10 милијарди евра капитални инвестиции во наредните десет години за нови автопати, експресни патишта, железничка инфраструктура и обнова на постојните капацитети. Градиме и обновуваме студентски домови, даваме ваучери за електронски уреди, создаваме услови младите да започнат сопствен бизнис и својата иднина да ја градат дома. Ги зголемивме платите и пензиите, работиме на силна економија, а седум квартали по ред бележиме економски раст од над 3 проценти. Градиме нови градинки, училишта, патишта, здравствени установи, спортски сали, а се тоа додека враќаме стари долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема да води политика на попустливост кога станува збор за националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога на граѓаните им беа потребни конкретни решенија, стабилност и надеж. Наместо празни ветувања, неизвесност, разочараност денеска имаме развој, иднина, надеж, проекти и конкретни мерки. Со пораката „Македонија забрзува, наша обврска“, остануваме целосно посветени на иднината на државата и на подобрувањето на квалитетот на животот на секој граѓанин. Продолжуваме да работиме за посилна економија, повисок животен стандард, нови можности за младите и модерна Македонија која достоинствено чекори кон својата европска иднина. Ви благодариме што сте дел од оваа заедничка приказна и што заеднички ја градиме иднината на Македонија. Македонија се исправува чекор по чекор. Сега е време да забрза. Тоа е нашата обврска, рече Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМурињо се појави со модринка на окото: Немаше да се случи акo носев очилаТренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, се појави со модринка под десното око на вчерашниот пријателски натпревар против Шалке, клубот што го води тренерот на Босна и Херцеговина, Мирон Муслиќ. Појавата на Мурињо привлече внимание по средбата во Гелзенкирхен. Победа за Реал и подарок за Мурињо Во натпреварот, Реал Мадрид убедливо го победи Шалке со резултат од 3:0. По средбата, Муслиќ и Мурињо се фотографираа, а португалскиот тренер доби соодветен подарок. Муслиќ му подари дрес на Шалке со натпис „Специјален“, познатиот прекар на Мурињо. Објаснување за повредата По натпреварот, Мурињо откри како ја заработил салото. Тој објасни дека станува збор за несреќа за време на тренинг, каде што топката го удрила во лицето и оставила видлива трага. „На тренинг, топката ме удри во лицето. Да немав очила, веројатно немаше да се случи. Можеше да биде полошо“, рече Мурињо. Последна проверка пред новата сезона Овој натпревар беше последниот подготвителен тест за двата тима пред почетокот на новата сезона. Натпреварот се играше и во чест на 25-годишнината од изградбата на стадионот на Шалке, Велтинс Арена. Хујсен, Мбапе и Еспи постигнаа голови за Реал.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерката на Синди Крафорд тврди дека врз неа бил извршен егзорцизам (ФОТО)Актерката Каја Гербер откри дека нејзината мајка, супермоделот Синди Крофорд, како дете организирала егзорцизам врз неа.Гербер за прв пат јавно проговори за тоа во подкастот „Mitch Churi Chat Show“, каде што беше гостинка со колегата Греам Кембел, пишува Entertainment Weekly. Необично искуство од детството За време на разговорот за соработката со продуцентот Рајан Марфи, Гербер рекла дека нејзината мајка Синди Крафорд ѝ дала света вода за снимањето на серијата „American Horror Story: Double Feature“. „Ми кажаа дека сум била опседната како дете“, објасни таа, додавајќи дека целиот свој живот се чувствувала како да е „прогонувана од духови“. „Се чувствувам како да привлекувам суштества од друга димензија на многу опуштен начин“, објасни таа. Кога директно ја прашале дали навистина е извршен егзорцизам врз неа, Гербер одговорила потврдно. „Дали знаете како го изведоа? Свиреа диџериду над мене, така изгледаше“, откри таа и појасни дека станува збор за традиционален австралиски абориџински дувачки инструмент. Иако не даде повеќе детали, таа ја потврди автентичноста на настанот. „Навистина се случи. Никогаш не зборував за тоа“, заклучи таа. Нова улога во серијата „The Shards“ Гербер моментално глуми во новата серија на Рајан Марфи „The Shards“, базирана на истоимената книга на Брет Истон Елис од 2023 година. Во подкастот, таа истакна дека нејзината улога во серијата била „сон“. „Пораснав со „Glee“, гледав сè што правеше Марфи, дури се вратив и на „Nip/Tuck“. Навистина ја следам целата негова кариера и сè што создава ми изгледа совршено“, рече таа за соработката со познатиот продуцент. Серијата „The Shards“ се одвива во Лос Анџелес во 1980-тите. Таа следи група привилегирани дипломци на елитно приватно училиште кои се соочуваат со прашања за идентитет, пол, љубомора, опсесија и опасностите што се кријат под површината на растењето во Америка. View this post on Instagram A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) За септемвриското издание на списанието „Вог“, Гербер зборуваше за носталгијата за времето пред интернетот, што е евоцирано во серијата. „Гледате „The Shards“ и копнеете по времето кога не сте биле на мобилен телефон, кога можевте да западнете во неволја, а следниот ден да не завршите на интернет“, рече таа. Заедно со Гербер и Кембел, во екипата на серијата се и Хомер Гир, Хејс Ворнер, Еван Рејчел Вуд и Вес Бентли. Тагови: синди крафорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаАнгелов: Пожарот во прилепско Чаниште зафати куќи, нема жртви и повредени Пожарот во близина на прилепското село Чаниште навлегол во населеното место, при што, според првичните информации, се зафатени неколку стари и напуштени куќи, а можно е да е зафатена и една куќа во која живеат луѓе.Пожарот во близина на прилепското село Чаниште навлегол во населеното место, при што, според првичните информации, се зафатени неколку стари и напуштени куќи, а можно е да е зафатена и една куќа во која живеат луѓе, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Ангелов посочи дека пожарот бил пријавен преку системот 112 во 15:58 часот, а прилепските пожарникари добиле повик околу 13:30 часот за пожар на отворен простор во близина на селото, кое се наоѓа околу 35 километри од Прилеп. Поради лошиот и кривулест пат, на пожарникарите им било потребно околу еден час да стигнат до селото. Во моментот кога пристигнале, пожарот веќе почнал да навлегува меѓу првите куќи и се ширел во најмалку три различни правци надвор од селото. „Пожарот навлегол во селото од различни правци, што значи дека најверојатно е подметнат, бидејќи линијата на огнот била доста долга“, изјави Ангелов. Тој информираше дека на терен се наоѓаат и околу 20 доброволци од Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола, кои помагаат во спречувањето на ширењето на огнот. „Добро е тоа што нема повредени жители, нема повредени пожарникари“, рече Ангелов. Тој апелираше до граѓаните да бидат особено внимателни и да пријавуваат секое сомнително однесување, нагласувајќи дека во изминатите денови се регистрирани голем број намерни палења. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29