Ковачевски: Собранието функционира и покрај блокадата на опозицијата

Собранието функционира и покрај бојкотот на дел од опозицијата. Дневниот ред на пленарната седница е усвоен, а започна и расправата за избор на уставни судии, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Прилеп, Ковачевски уште еднаш повтори дека е несериозно да се бојкотира Собранието во услови на најголема светска енергетска криза и ги повика пратениците да бидат одговорни.

– Во такви услови, секоја политичка партија треба да биде одговорна и да го даде максимумот за да се носат закони кои го олеснуваат секојдневиот живот на граѓаните. Не постојат закони кои не влијаат на општествените процеси во позитивна смисла и не може Собранието да се смета за супермаркет каде некој ќе одлучува кој закон ќе помине, а кој нема да помине, потенцираше Ковачевски.

За тоа дека опозицијата е таа која блокира корисни закони за граѓани, Ковачевски го посочи примерот со Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство со која претседава пратеник од опозицијата, а на која се уште на дневен ред не е ставен законот во кој треба да се направи техничка измена за да може на тутунарите да им се исплатат субвенциите.

– Средствата се обезбедени во Буџетот. Секоја година се прави измена во законот со која производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци. Тоа е техничка измена која Собранието веднаш ја одобрува. Во овој момент, на дневен ред на Комисијата за земјоделство, не се става тој закон. Со оглед на тоа дека Комисијата ја води пратеник од опозцијата, тој закон не се става на седница. И оттука може да се види дека опозицијата нема никаква намера да не блокира закони коишто значат подобар живот на граѓаните, рече Ковачевски. /МИА

Јубилејното 35. издание на Валандовскиот фестивал ќе се одржи на 5 јуни

Во најава на фестивалската програма, на 3 и 4 јуни на градскиот плоштад во Валандово ќе настапуваат Горан и Ленче Куќиќ, Александар и Дац,Љубојна и Владо Јаневски.

Годинешново 35. јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово", ќе се одржи во една натпреварувачка вечер, на 5 јуни, потврдија на денешната прес конференција градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и уметничкиот директор на фестивалот, Живоин Глишиќ.

На единствената натпревувачка вечер ќе бидат претставени 23 новосоздадени фолк композиции, а изборот на победничката песна ќе го одлучува стручното жири и присутната публика во фестивалската сала во Домот на културата „Јанко Узунов", во Валандово.

Во најава на фестивалската програма, на 3 и 4 јуни на градскиот плоштад во Валандово ќе настапуваат Горан и Ленче Куќиќ, Александар и Дац,Љубојна и Владо Јаневски.

Во ревијалниот дел на фестивалот, кој има исклучително културолошко значење за нашата земја, ќе настапи доајенката на македонската фолк песна,Блага Петреска.

Политиките на раст на платата ќе продолжат со засилена динамика, вели Ковачевски

Политиките на раст на платата ќе продолжат. 

Владата и во услови на најголема светска криза продолжува со засилена динамика да работи на зголемувањето на просечната плата, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска во Собранието одговараше на прашање поставено од пратеничката Даниела Колева од СДСМ.

Тука, додаде Ковачевски, удел има и минималната плата којашто е зголемена на 18 илјади денари, а исто така и пензиите доживеаја историски најголем раст, прво преку усогласувањето направено на почетокот на годината преку менувањето на методологијата, а потоа и усогласувањето кое ќе следи во ноември.

– Со тоа, покачувањето на платите, пензиите и општо стандардот на граѓаните е она на што ќе останеме доследни и во продолжението на мандатот, потенцира Ковачевски.

Премиерот додаде оти се надевам дека секогаш во иднина кој и да ги предводи економските политики ќе се труди и минималната и просечната плата да растат соодветно со другите економски параметри во државата.

– Согласно статистиките, зголемувањето на просечната плата се должи на финансиските дејности и дејностите на осигурувањето, уметноста, забавата и рекреацијата и објектите за сместување и сервисни дејности. Ова покажува една поздрава кондиција на македонската економија бидејќи од една типично секундарно индустриска и примарно ориентирана држава веќе се движиме кон терцијарниот сектор да го движи зголемувањето на просечната плата, рече Ковачевски.

Според него значајно е што приходите на граѓаните се зголемени и тоа, како што посочи, „нè прави поподготвени да може да го дочекаме наредниот период кој ќе биде исклучително кризен".

Арсовска: Противпожарно возило обезбедено од Градот Конја за Скопје

При посетата на противпожарната професионална служба во градот Конја, остваривме средба со командантот Џевдет Ишбитриџи на која разговаравме за можностите за соработка во насока на отпочнување заеднички проекти и обуки.

Во рамки на тродневната посета на Република Турција, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари повеќе средби со официјални претставници, меѓу кои и работна средба со градоначалникот на градот Конја г-дин Угур Ибрахим Алтај, на која се потпиша протокол за соработка, а како гест и потврда за воспоставените пријателски билатерални односи и соработка, градоначалникот Алтај за потребите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе обезбеди противпожарно возило.

-На работните средби кои ги остваривме во градот Конја договоривме конкретна соработка со градоначалникот Алтај, при што морам да го потенцирам пријателскиот и пречек и од желбата за интензивирање на билатералната соработка, која резултираше со гест на потврда на овие заложби од страна на Градот Конја, со доделување на противпожарно возило за потребите на Противпожарната бригада на градот Скопје, во интерес на сите скопјани, истакна Арсовска.

Арсовска ја посети противпожарната служба во градот Конја која опслужува територија над 42.000 квадратни метри, ја обезбедуваат 1000 пожарникари и над 2000 волонтери кои се грижат за безбедноста од оваа сфера на околу 3 милиони граѓани во градот.

-При посетата на противпожарната професионална служба во градот Конја, остваривме средба со командантот Џевдет Ишбитриџи на која разговаравме за можностите за соработка во насока на отпочнување заеднички проекти и обуки, како и размена на знаења на противпожарните бригади во делот на противпожарната заштита, но имавме и прилика да ја видиме нивната техничка опременост во функција на заштита на околу три милиони граѓани во градот, вели Арсовска.

Во рамки на посетата на Република Турција, Арсовска и директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје, Зуди Енузи, остварија средби со гувернерот на градот Конја, г-дин Вахдетин Озкан, со претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, г-дин Серкан Кајалар и со претставници на деловната заедница.

-Сакам да се заблагодарам на гостопримството за време на значајни посети со кои отпочнуваме нови чекори за зајакнување на соработката, со која ќе бидат реализирани бројни проекти за развој и просперитет во интерес на граѓаните на Скопје, истакна Арсовска.

Град Скопје

притисни ентер