Ковачевски на средба со граѓанскиот сектор: Владата низ дијалог и консултации носи одлуки

Денеска во рамки на консултативните средби за европскиот предлог за евроинтеграции претседателот на Владата Димитар Ковачевски одржа средба со претставници од граѓанскиот сектор, експерти од различни области, професори и политички аналитичари.

На брифингот се дискутираше за европскиот предлог за просперитет на Македонија.

Премиерот Ковачевски упати благодарност за придонесот што го даваат граѓанскиот сектор и експертската јавност во овие клучни моменти за државата.

При тоа премиерот Ковачевски посочи дека Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека Владата нема дилеми за стратешкиот правец на државата и одлуките што ќе се носат ќе бидат на прогресивната страна со јасна заштита на јазикот и идентитетот на државата да одлучиме дали сме на прогресивната страна, се наведува во соопштението од Владата.

Украинците тврдат: Спречивме руски атентат на нашиот министер за одбрана (ВИДЕО)

Двајца мажи кои работеле за руските разузнавачки агенции се уапсени за планирање на атентат врз украинскиот министер за одбрана и шефот на украинската воена разузнавачка служба.

Ова го соопшти денеска украинската безбедносна служба СБУ, која објави и видео за кое тврди дека го прикажува апсењето на руските атентатори.

СБУ објави дека открила план на руската воена разузнавачка агенција ГРУ, чии саботери планирале да го убијат украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, шефот на украинската воена разузнавачка агенција Кирил Буданов и познат украински активист.

Руските разузнавачи им ветиле на атентаторите од 100 до 150 илјади американски долари за секој од трите атентати, соопшти СБУ.

Детали за несреќата во Хрватска: Возачот на полскиот автобус имал 72 години, не бил пијан

Возачот на полскиот автобус кој изгубил контрола над возилото на А4 кај Брезнички Хум во Хрватска имал 72 години, неофицијално дознава ХРТ од извор близок до државното обвинителство во Вараждин.

„Возачот не бил под дејство на алкохол или наркотични дроги и не боледувал од акутни заболувања.“

Двајцата возачи на полскиот автобус загинаа, а обдукцијата е извршена на сите полски жртви, потврди за Хина Дарко Галиќ, портпарол на жупаниското државно правобранителство во Вараждин.

Во сообраќајната несреќа загинаа вкупно 12 лица, а 32 се повредени, сите полски државјани. Направени се обдукции на жртвите и се собираат податоци за самата автобуска линија и сите настани кои му претходеле на слетувањето на автобусот од автопатот.

Најважна е обдукцијата на починатиот возач, информациите што ќе се добијат за неговата состојба, рече Галиќ и додаде дека неспорно е утврдено кој возач го управувал автобусот во моментот на несреќата. Возачот бил на возачкото седиште и врзан со појас, изјавил Галиќ.

Портпаролот на ЖДО рече и дека Државното обвинителство треба да утврди дали е сторено кривично дело и кој евентуално го сторил, а потоа ќе се донесе одлука, бидејќи против лице кое не е живо не може да се води кривична постапка.

„По собирањето на сите податоци, Државното обвинителство ќе одлучи дали постапката ќе се води овде или во Полска, имајќи предвид дека сите жртви се полски државјани, рече Галиќ.

ТикТокер го сменил воланот во Мазда, гејмерите воодушевени (ВИДЕО)

Mazda MX-5 е најпопуларниот родстер во светот и често е предмет на модификации.

Едно малку чудно редизајнирање е потпишано од тиктокерот Тајлер Аткин кој е очигледно фасциниран од конзолите за игри.

Толку бил занесен од Nintendo Wii што го вградил во автомобилот наместо аудио уред, а некои детали во кабината, како што се менувачот (Nunchuk), рачната сопирачка (Wii бејзбол палка) и тепихот Wii Fit, добиле карактеристична бела завршница.

Верувале или не, тој решил да постави волан како гејмерски конзоли. Непрактичното и многу опасно решение е многу интересно и за неговата публика, па видеото стана вистински хит на социјалните мрежи. А за целосно искуство, воланот доби контролер кој е интегриран во централниот дел. На овој начин може буквално да се игра Марио Карт во автомобилот.

@ttptng #question from @ttptng BIG WIIATA UPDATE COMING TOMORROW!! Meanwhile we’ve made a second series where we literally bolt whatever you want to see to the wheel! A wheely good series. #wiiata #fyp #foryou #foryoupage #mazda #miata #miat #yata #forza #forzahorizon5 #xbox #xboxone #xboxseriesx #xboxcar ♬ Cool Kids (Sped Up) - I Wish That I Could - Hiko

Со дијаметар од само дваесетина сантиметри, јасно е дека овој волан е предизвик за возење автомобил. Единственото добро е што сега возачот конечно има малку повеќе простор за нозете. Авторот на римејкот призна дека е „апсолутно ужасно“ да се вози возилото, дури и со целосно функционален серво волан.

Но, Аткин не застанал тука и се одлучил за уште поопасна модификација. Во следното видео тој покажал како наместо волан го поставил контролерот на истата конзола за игри.

@ttptng Once you start the Wiiata - #wiiata #fyp #foryou #foryoupage #wii #mazda #mariokart #yata #miat #miata #lego #mx5miata #trend #onceyoustarttheresnoturningback #thereisnoleavingthepath #viral #nintendo #gamecar #game #viralwiiata ♬ original sound - Jake Paul

Само да се надеваме дека нема да му падне на памет да се осмели да вози по јавни патишта со вакви модификации. Пластичниот волан се држи само со две завртки и лесно може да се откачи додека вози. Јасно е дека губењето на контролата над автомобилот веројатно би завршило лошо.

притисни ентер