Ковачевски бара опозицијата да биде дел од уставните измени, Мицкоски нема промена на Уставот

Ковачевски бара опозицијата да биде дел од уставните измени, Мицкоски вели дека промена на Уставот нема да има во вакви околности.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера од Охрид повторно ги повика опозициските партии да делегираат свои луѓе во работна група за уставни измени во која што ќе учествуваат експерти по уставно право формирана во Министерството за правда нагласувајќи дека сите треба да учествуваат во носење на одлуките важни за нашиот европски пат. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, исто така од Охрид, рече дека уставни измени во овој пратенички состав и во овие околности нема да има.

Ковачевски во интервју за МИА рече дека тој не е политичар дојден да убедува или да разубедува некого за нешто, бидејќи сите треба да имаат јасна визија и одговорност во однос на одлуките коишто треба да се носат. Тој израи надеж оти и во опозицијата постои демократски капацитет, постојат луѓе коишто веруваат во европската иднина на државата.

- Постојат одлуки коишто се стратешки за државата, коишто сите политички партии треба да ги поддржат. Тоа низ примери на други држави е многу јасно направено во минатото. Еве да го земеме само примерот на Хрватска, или да го земеме примерот на Словенија коишто исто така носеа стратешки одлуки со широк државен консензус којшто не биле дел од дневната политичка дебата којашто се водела во тие општества и затоа брзо и квалитетно пристапиле кон Европската унија, вели премиерот.

Премиерот Ковачевски посочи дека уставните измени се процес којшто е пропишан согласно со Закон и Устав во нашата држава и дека сите треба да учествуваат во носењето на овие одлуки, вклучително и опозицијата.

- Во рамки на Министерството за правда е формирана работна грпа за уставни измени во која што ќе учествуваат експерти по уставно право, меѓутоа во која што ќе бидат повикани и експерти од опозициските партии да земат учество исто како што на првиот ден од отпочнување на преговорите во првата фаза на скринингот беа повикани претставници од опозицијата да учествуваат во сите работни групи, истакна Ковачевски.

Како што рече не е доволно само декларативно да се поддржува одредена цел, туку треба со чекори, со одлуки, со одлучност да се настапи и да се обезбеди европска иднина за сите наши граѓани.

Советот за стабилизација и асоцијација на вчерашниот состанок во Скопје, како што потсети Ковачевски, испрати многу јасни пораки за тоа дека нашата држава напредува во процесот на европските интеграции.

- Секако дека секоја држава која што пристапува кон ЕУ на тој пат има обврски коишто треба да ги исполни. Една од обврските која што е пред нас е секако усвојување на уставните амандмани коишто се дел од преговарачката рамка и коишто се само една од одлуките коишто треба да се носат со две третини во Собранието. Пред нас ќе има и други одлуки коишто се носат со две третини во Собранието, а тоа се однесува на реформи во владеење на правото, реформи во владеењето на демократските институции, реформи на јавната администрација, како и Акцискиот план за унапредување на малцинските права коишто и во моментов кај нас е на највисоко можно ниво споредувано со која било друга држава во Европа, рече Ковачевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој беше исто така во Охрид, изјави дека уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има. Тој ова го кажа во коментар во однос на најавата на Владата за формирање на работни групи за подготовка на текстот на амандманите на Уставот.

- Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има. Тоа што го прави власта е процес кој што на крајот ќе се удри во ѕид, односно ќе заврши неуспешно. Предупредивме дека за тоа што го превземаат како обврска од името на сите нас, не само што немаат кредибилитет, туку и не можат физички да го поминат. Тогаш се сеќавате правеа некакви реминисценции и потсетувања од времето на Преспа, но ги предупредивме дека е друго време дека ова не е времето кога можеа да се договараат со одредени уценети политички поранешни структури кои што за жал функционирале во ВМРО-ДПМНЕ. Такви нема сега повеќе, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека од власта доаѓале најави дека процесот на уставни измени ќе започне во септември-октомври 2022, а кога тоа не се случи потоа како темин најавувале кон крајот на годината во декември, па потоа во февруари, а сега го префрлаат тежиштето на мај-јуни.

- Тоа нема да се случи ниту во мај, ниту во јуни, затоа што ние имаме принципиелен став од самиот почеток. Создадоа проблем кој што не можат да го решат, создадоа проблем кој што сите ние го имаме и ако продолжат дополнително да го комплицираат ќе се треснат сите во една мртва улица, но за жал тоа ќе биде еден огромен проблем за сите граѓани и за Македонија како држава. Но, јас еве ви ветувам дека за сето ова што го прават ќе има и одговорност, веднаш откако новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста во владата, изјави Мицкоски.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер