Костовски ја смета за смешна и нереална истрагата што ја отвори обвинителството за Еуростандард

Костовски тврди дека немал сознанија за криминалите кои се случувале во банката. Не се плаши ниту од затворска казна. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Хари и Меган во интервју кај Опра: Ни беше неверојатно тешко (ВИДЕО)

Вчера вечер на каналот ЦБС е објавен трејлерот за големото интервју во кое принцот Хари и Меган Маркл си ги отворија душите на познатата водителка и нивна заедничка пријателка Опра Винфри.

„Само сакам да им дадам на сите до знаење дека не постои тема што е забранета“, рече Винфри во клипот, а потоа и се обрати на војвотката од Сасекс: „Дали сте молчеле или сте замолчени?“

„Звучи како да имало пресвртница“, продолжува Опра во напнатата најава, а потоа Хари одговара во еден момент: „Мојата најголема грижа беше да не се повтори историјата“.

Со таа реченица Хари алудирал на теророт на англиските медиуми и смртта на неговата мајка.

На крајот од најавата, Винфри, која исто така им е сосетка на Меган и Хари во квартот Монтесито во Калифорнија, му вели на кралскиот пар: 'Овде кажавте прилично шокантни работи'.

Како што може да се види од најавата, во интервјуто закажано за 7 март, Хари и Меган ќе имаат разговор со Опра заедно, но и секој одделно.

Во друга најава, емитувана среде популарната истражувачка емисија на ЦБС „60 минути“, Хари зборува за неговата покојна мајка, принцезата Дајана.

„Знаете, мене ми е навистина олеснето и среќен сум што седам овде и разговарам со вас, додека сопругата е до мене, бидејќи не можам ни да замислам како беше да помине низ ваква ситуација сите овие години “, рече Хари за неподносливиот притисок на јавноста со кој се соочила принцезата Дијана.

„Затоа што ни беше неверојатно тешко на нас двајцата, но барем се имаме“, рече Хари на што Меган се согласила.

Со ова интервју, принцот Хари и Меган Маркл ќе ја прекинат тишината за прв пат откако го напуштија британското кралско семејство.

„Винфри ќе разговара со Меган, војвотката од Сасекс, во долго интервју, опфаќајќи сè, од моментот кога Меган стана член на британското кралско семејство, преку бракот и мајчинството, до филантропската работа и начинот на кој се справува со животот под силен притисок на јавноста… Принцот Хари ќе се приклучи подоцна да разговара за преселбата во Соединетите Држави и идните надежи и соништа за неговото пошироко семејство.

Да потсетиме, Хари и Меган, кои неодамна објавија дека очекуваат второ дете, се откажаа од кралските должности затоа што не се согласија со другите членови на семејството и се соочија со огромно медиумско внимание.

Трајановски: По цели 3,5 години,Шилегов и Заев најавија најобична реконструкција на Универзална

Изградбата на нова Универзална сала беше еден од ударните проекти на Петре Шилегов за време на локалните избори во 2017 година,се наведува на ФБ статусот на Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение..

Како и по обичај, Шилегов брзо ги заборави неговите ветувања кон скопјани и веќе 3,5 години нема никаква реализација на помпезно најавуваниот проект.

Во соработка со Министерството за култура, им оставивме готов проект, со кој покрај реконструкција, беше предвидена и надградба, проширување на капацитетите на салата, нови содржини и изградба на подземен паркинг простор. За жал и толку Шилегов не е способен да реализира. Секоја година излегуваа на помпезни прес-конференции, заедно со тогашниот министер за култура Алаѓозовски, дека кај и да е ќе почнат со реализација. Во нивната неспособност да го сработат ветеното кон скопјани, минатата 2020 година им текна да ја рушат Универзалната сала за да направеле, парк па откако цела јавност скокна се повлекоа од идејата и рекоа дека ќе ја реконструираат.

Значи, чекавме цели 3,5 години, без ама баш ништо да се превземе, за денеска, неколку месеци пред крајот на мандатот, Шилегов и Заев наместо изградба на нов објект или надградба на постоечкиот, да најават најобична реконструкција на Универзалната сала.

Она што е уште поинтересно во целава состојба е што средствата за реконструкцијата, во износ од само 2 милиони евра, не се средства на Градот туку на Владата на Македонија. Единствена причина за ваквиот исход е во тоа што градската каса, поради недомаќинското работење на Шилегов, е целосна празна и тој не е способен да издвои и волку средства за најобична санација на стариот објект.

Драги мои скопјани, ова не е ништо друго освен очајнички обид на Заев да ја спаси политичката кариера на најнеспособниот градоначалник на Скопје во историјата на плурална Македонија.

3,5 години поминаа од мандатот на Шилегов, каде тој наследи полна градска каса, еден куп готови проекти подготвени за реализација, финансиски стабилни јавни претпријатија... за повторно тој да не може да реализира ниту едно од неговите поголеми изборни ветувања. И сега, после цел мандат поминат во неработење и раскрчмување на Градот, Заев се расфрла со ветувања за финансиска поддршка на цел куп проекти, од Универзални сали, преку мостови на Вардар, до автобуси кои глумат трамвај, се со цел да го извади Шилегов од калта во која се заглави.

Почитувани, ова не е ништо друго освен евтин популизам, потценување на интелигенцијата на скопјани и лош обид за нивен поткуп пред локалните избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Србија пред полициски час?

Медицинскиот дел на кризниот штаб во Србија бара воведување полициски час и забрана за контакти, бидејќи, според нив, тоа е најефикасен начин да се намали бројот на заразени за седум до 10 дена.

Денеска Србија продолжи со трендот на голем број заразени, при што од околу 13.000 тестирани во последните 24 часа, скоро 3.500 биле позитивни, а 16 пациенти починале..

притисни ентер