Мисајловски: Од јануари повисоки плати во армијата и трајно решение за статусот на професионалните војници
2Мисајловски: Од јануари повисоки плати во армијата и трајно решение за статусот на професионалните војници
МакедонијаКостадиновски: Потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон РепубликатаПо повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка:По повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка: Почитувани граѓани, Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред визионерството, храброста и жртвата на генерациите кои ги поставија темелите на македонската државност. Идеалите на илинденците и на асномската генерација нè обврзуваат да создадеме просперитетна, современа и правна држава, во која институциите ќе постапуваат одговорно, а граѓаните ќе имаат доверба дека нивните права и слободи се сигурно заштитени. Чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, почитувањето на Уставот и јакнењето на правната држава. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот.. Само доколку секој од нас ја чувствува таа должност, уставните права и слободи ќе бидат вистински заштитени, а правната држава ќе биде наша заедничка реалност. Денес повеќе од кога било, потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката. Илинденската идеја не завршува со освојувањето на слободата. Таа продолжува со обврската да ја чуваме истата. Мирот и слободата се неразделни, а праведното општество може да постои само таму каде што владее правото и секој ја презема својата одговорност кон државата и кон Уставот. Нека ни е честит и вековит Илинден – Денот на Републиката! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПет награди за македонските филмови на Сараево филм фестивалМакедонската кинематографија забележа значаен успех на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, на кој два македонски филма освоија вкупно пет награди.Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои четири признанија – Митиќ ја доби специјалната награда за промоција на родовата рамноправност, наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Ева Костиќ за одличната изведба на улогата на Сара – нејзина прва улога на филм, а филмот ги доби и наградата на „Синеуропа“ и наградата од публиката. Успех оствари и филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, кој ја освои специјалната награда „Младински перспективи“. Од Агенцијата за филм истакнаа дека петте признанија уште еднаш ги потврдуваат квалитетот, авторската сила и меѓународниот потенцијал на современата македонска кинематографија, како и значењето на континуираната поддршка за развојот и меѓународната видливост на македонскиот филм. Тагови: Сараево филм фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски: Од јануари повисоки плати во армијата и трајно решение за статусот на професионалните војнициМинистерот за одбрана Владо Мисајловски, во гостување на Канал 5 најави покачување на платите во армијата од почетокот на следната година и трајно решение за статусот на професионалните војници. За ова рече дека следната недела ќе се разговара и со сите синдикати во одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија11 пожари горат ширум државата, најсериозен е во струмичко, во опасност е селото ВодочаНајмалку 20 пожари избувнале денеска ширум државата, од кои 11 се активни, инфгормираше пред малку првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов. Најсирозна е состојбата во струмичко, каде што има опасност за неколку села. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter